Свет
Обвинителката даде рок: Трамп треба да се пријави во затвор во Џорџија до крајот на неделата

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се предаде во затворот во округот Фултон во Џорџија до крајот на неделата, објави телевизијата Ен-би-си, повикувајќи се на три неименувани официјални лица.
Тие изјавија дека предавањето нема да се случи пред четврток и дека плановите се финализираат, но дека се уште ништо не е официјално.
Окружната обвинителка Фани Вилис им даде рок на Трамп и на неговите наводни соработници до следниот петок да се предадат.
Покренато е обвинение против поранешниот претседател и соработници во врска со заговорот поврзан со наводниот обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, во кои Трамп загуби од Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски генерал: „Русија нема шанси во директен конфликт со НАТО“

Пензионираниот генерал Бен Хоџис, поранешен командант на американските сили во Европа, предупреди дека ако Русија започне војна против членка на НАТО, воениот одговор би бил моментален и разорен.
Тој истакна дека НАТО ќе ги уништи клучните руски воени објекти, вклучувајќи ги и оние во Калининград и Севастопол, за само неколку часа.
Хоџис зборуваше за ова во интервју за проектот „Вот Так“, нагласувајќи дека таквото сценарио не може да се спореди со војната што Русија ја води против Украина.
„Русија нема шанси во директен конфликт со НАТО. Замислете ако Русија ја нападне Полска во 2025 година по истиот образец како што ја нападна Украина. НАТО би реагирал веднаш. Воздухопловните сили и копнените сили на Алијансата би ги уништиле нејзините трупи. Калининград би бил елиминиран во првите часови од конфликтот – нема да остане ништо. Сите руски воени објекти во таа енклава би биле уништени“, рече Хоџис.
Како што додаде, истото важи и за Севастопол.
„Руските воени бази таму исто така нема да ги преживеат првите часови од непријателствата“, додаде тој.
Хоџис тврди дека Русија нема шанси во отворен конфликт со НАТО и дека затоа е погрешно да се споредува такво сценарио со војната во Украина.
Според него, на самиот почеток на големата инвазија во 2022 година, НАТО требало да заземе поцврст став, односно отворено да изјави дека целта на Западот е целосно враќање на украинската контрола врз меѓународно признатите територии и дека на украинската армија треба да ѝ се обезбедат сите потребни ресурси за ова.
„Доколку тоа беше прогласено за заедничка стратешка цел од самиот почеток, ситуацијата денес би изгледала сосема поинаку. Украина би била во подобра позиција“, вели Хоџис.
Фото: принтскрин
Свет
Либерман: Ќе го затвориме клучниот премин за помош за Газа додека Хамас не ги врати телата

Израелскиот опозициски лидер Авигдор Либерман рече дека сите премини за доставување хуманитарна помош во Газа треба да бидат затворени бидејќи Хамас не ги предал преостанатите тела на израелските заложници.
На платформата X, Либерман напиша дека Хамас одлучил да ги „тестира своите граници“ со кршење на договорот за прекин на огнот, кој предвидуваше сите заложници, мртви или живи, да бидат вратени до пладне вчера.
„Израел не смее да се двоуми или да губи време“, рече Либерман. „Потребен е итен и решителен одговор, вклучително и затворање на сите премини кон Газа додека нашите заложници и мртви не бидат вратени во Израел“.
Претходно, израелските власти објавија дека преминот Рафах ќе остане затворен, а протокот на помош кон Појасот Газа ќе биде дополнително намален, бидејќи Хамас сè уште не ги предал сите тела, пренесуваат светските медиуми.
Фото: принтскрин
Свет
Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

Инстаграм повеќе нема да прикажува содржина на тинејџери што се смета за несоодветна за лица под 13 години, моделирана според филмската оценка PG-13. Оваа промена ги проширува заштитите што беа воведени минатата година, објави Блумберг.
Платформата, во сопственост на компанијата „Мета“, користи вештачка интелигенција за да препознае дали содржината е соодветна за тинејџери. Веќе е забрането да се препорачува експлицитна и сексуално сугестивна содржина на млади луѓе, а новите правила дополнително ќе ги сокријат објавите со вулгарности, опасни предизвици и предмети поврзани со марихуана.
„Одлучивме поблиску да се усогласиме со стандардот со кој родителите се запознаени. Целта е тинејџерите да наидуваат на вакви објави што е можно поретко“, велат од компанијата.
Сметките на корисници под 18 години автоматски ќе ги имаат овие поставки, кои не можат да се менуваат без дозвола од родителите. Покрај тоа, воведена е нова опција „Ограничена содржина“ за родителите кои сакаат уште построга контрола. Исто така, на корисниците под 16 години им е забрането емитување во живо.
Друга новина е што тинејџерите повеќе нема да можат да следат адреси кои често споделуваат содржина несоодветна за нивната возраст – како што се профилите поврзани со платформата OnlyFans или оние кои отворено објавуваат содржина „18+“. Доколку веќе ги следат, повеќе нема да можат да ја видат или да реагираат на нивната содржина, според медиумот.
Фото: принтскрин