Свет
Обединети нации: Бројот на гладни луѓе во Централна Америка рапидно расте
Бројот на гладни луѓе во Салвадор, Гватемала, Хондурас и Никарагва е речиси четири пати поголем во последните две години, соопштија Обединетите нации.
Новите податоци објавени од Светската програма за храна на ООН покажуваат дека речиси осум милиони луѓе во овие четири земји се соочуваат со глад, што е значителен скок од 2018 година, кога 2,2 милиони беа гладни.
„Економската криза предизвикана од Ковид-19 резултираше со тоа храната на полиците во продавниците да не е веќе на дофат на најранливите луѓе, претходно погодени од ураганите Ета и Јота“, рече Мигел Барето, регионален директор за Латинска Америка и Карибите.
Ураганите Ета и Јота ја погодија Централна Америка во ноември минатата година.
Проблемот со гладот, според надлежните, посебно е сериозен во таканаречениот сушен коридор што минува низ Централна Америка. Во оваа област, според последните анализи, климатските промени ги интензивираат сушите во последните години.
Светската програма за храна објави дека 15 проценти од анкетираните во јануари изјавиле дека преземаат конкретни чекори за миграција, речиси двојно поголем од бројот во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајца Хрвати и еден Србин со „бмв“ бегаа од полицијата во Германија и загинаа во несреќа
По тешката сообраќајна несреќа со три смртни случаи во близина на Брауншвајг, идентификувана е третата жртва.
Полицијата претпоставува дека станува збор за возачот на автомобилот кој во саботата, бегајќи од полицијата, паднал од мостот во каналот Мителанд. Сите тројца мртви од автомобилот сега се идентификувани, пишува РТЛ.де, пренесе Индекс.
Сè започна во сабота напладне кога возачот на БМВ со регистарски таблички од Минхен на автопатот А2 го игнорираше полицискиот знак за стоп и избега со голема брзина. Полициските патроли набрзо го изгубија возилото од вид, но десет минути подоцна добија неколку итни повици за сериозна несреќа.
Според првата реконструкција на настанот, истражителите веруваат дека бегалецот возел пребрзо по тесниот федерален пат Б4, престигнувајќи неколку автомобили од десната страна. Потоа возилото удрило во заштитна ограда, отскокнало во спротивна насока и се судрило челно со автомобил што доаѓал од спротивната страна. Поради силата на ударот, БМВ-то во бегство ја пробило оградата на мостот и паднало во Средногерманскиот канал.
Полицијата денес го потврди идентитетот на третата жртва.
„Се работи за 34-годишен државјанин на Србија“, изјави портпаролот на полицијата. Се верува дека тој го управувал возилото. Неговите сопатници, чиј идентитет беше утврден претходно, биле 25-годишен и 31-годишен од Хрватска.
Во второто возило биле 47-годишна жена и 53-годишен маж од Хамбург. Жената е тешко повредена, но нејзиниот живот е надвор од опасност, додека мажот е префрлен со хеликоптер во болница и неговата состојба е сè уште критична.
Автомобилот што ја предизвика несреќата беше извлечен од каналот во текот на викендот и запленет за судско вештачење. Понатамошниот тек на истрагата ќе зависи од наодите на вештакот, а случајот веројатно ќе биде предаден на канцеларијата на државниот обвинител, кој ќе одлучи за обдукција. Точниот тек на несреќата, како и причината зошто возачот бегал од полицијата, засега не се познати.
Свет
Путин со министерката за надворешни работи на Северна Кореја: Се оди според планот
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со севернокорејската министерка за надворешни работи Чо Сон Хуи.
„Големо ми е задоволство да ве видам. Ве молам, пренесете ги моите најдобри желби до претседателот Ким Џонг-ун“, рече Путин, како што објави агенцијата РИА.
За време на средбата, Путин потсети дека неодамна се сретнал со Ким за време на неговата посета на Пекинг.
„Во Пекинг детално разговаравме за нашите односи и нашите развојни перспективи. Сè оди според планот, на најдобар можен начин“, рече Путин.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, разговараше со Чо и нагласи дека односите меѓу двете земји добија силен поттик во последните месеци.
Фото: принтскрин
Свет
Лавров вели дека Трамп „радикално“ го менува својот став за војната во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги напуштил принципите што, според него, биле дискутирани за време на состанокот во Алјаска.
Коментарите на шефот на руската дипломатија доаѓаат откако Трамп во последните денови повика на итен прекин на конфликтот во Украина, според германската новинска агенција dpa.
Во разговор за унгарскиот YouTube канал Ultrahang, Лавров оцени дека новиот пристап на американската администрација означува „радикална промена“ во однос на претходно договорените позиции. Според неговите изјави, за време на самитот во август, американската страна се залагала за постигнување на сеопфатен мировен договор, а не за итен прекин на непријателствата.
Лавров го наведе притисокот од европските земји и Украина како причина за промената на американската политика. Тој додаде дека претседателот Владимир Путин ги прифатил првичните предлози на САД, кои предвидувале траен мир како основа за понатамошни разговори.
– Москва останува доследна на ставот дека прекинот на огнот може да се разгледа само кога ќе се постигне сеопфатен договор за мир – рече Лавров.
Фото: принтскрин

