Свет
Облакодер со четири амбасади во Мадрид евакуиран поради закана со бомба
Полицијата го евакуира четвртиот највисок облакодер на Шпанија, „Торе еспасио“, во кој се сместени амбасадите на Обединетото Кралство, Канада, Австралија и на Холандија, поради закана од бомба, пренесува Еј-би-си цитирајќи ги шпанските медиуми.
Службите за вонредни состојби, вклучувајќи ги и пожарникарите, националната и општинската полиција, наводно, пристигнале на местото на настанот.
Националната полиција побара од секој кој сè уште е во или во близина на зградата да ги следи упатствата на персоналот за обезбедување.
Облакодерот висок 235 метри, кој се наоѓа во Пасео де ла Кастелана во Мадрид, има 57 ката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Земјотрес ја погоди Русија
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник на 24 декември 2024 година во 22:33 часот на територијата на Русија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 41,5764 и географска должина 48,0357.
Хипоцентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од приближно 56,6 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
Склучен договор во Сирија: Бунтовниците се приклучуваат на Министерството за одбрана
Новиот сириски лидер Ахмед ал Шар денеска постигна договор со водачите на бунтовничките фракции за нивно распуштање и инкорпорирање во Министерството за одбрана, се вели во соопштението на новата администрација во Дамаск
Премиерот Мохамед ал-Башир минатата недела изјави дека Министерството за одбрана ќе биде реструктуирано и ќе биде составено од поранешни бунтовнички фракции и офицери кои пребегнале од армијата на Башар ал Асад.
Според Ројтерс, главната задача на Ал Шар ќе биде да се обиде да избегне конфликти меѓу овие групи.
Новата сириска администрација го назначи Мурхаф Абу Касра, водечка фигура во бунтот со кој беше соборен претседателот Башар ал Асад, за министер за одбрана во преодната влада.
Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на повеќе од 13 години граѓанска војна, а Ал Асад побегна во Русија со своето семејство.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Кипар
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Кипар, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар западно од градот Пафос или 88 километри западно од Лимасол.