Свет
Обновено снабдувањето со вода и струја во Киев
Снабдувањето со вода и електрична енергија во Киев е целосно обновено, изјави утрово градоначалникот Виталиј Кличко.
Тој на „Телеграм“ им се заблагодари на експертите од водоводните и енергетските компании, кои по вчерашните руски ракетни напади цел ден работеа за да овозможат повторно снабдување со струја и вода на зградите на Киев.
Кличко изјави дека е обновено и снабдувањето со електрична енергија во Киев, но дека се во сила ограничувањата поради значителниот дефицит во енергетскиот систем по руските напади, пренесува „Интерфакс Украина“.

Вчера, руските сили извршија масовни ракетни напади врз инфраструктурни објекти во Украина, главно енергетски објекти, а потоа во Украина беа воведени итни прекини на струја. Околу 80 отсто од потрошувачите во Киев останаа без вода, утрово биле забележани луѓе со празни пластични шишиња и контејнери како чекаат да земат вода од фонтана во паркот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

