Свет
(Видео) Објавени снимки од земјотресот што ја погоди Турција, има повредени лица, кои скокнале од прозорец

Утринава, во 8.44 часот, Турција ја погоди земјотрес од 5,5 степени во градот Адана и беше почувствуван од соседните градови.
Турските власти информираа дека неколкумина се повредени, но нема загинати и големи материјални штети.
„Во градот Османије две лица скокнале од терасата на својата куќа во моментот на земјотресот, при што се пренесени во болница и не се во животна опасност“, пренесоа властите.
На интернет-платформите се појавија видеа од моментот на земјотресот.
Deprem sonrası heryer toz duman #adana #deprem pic.twitter.com/E4kC7W5vQs
— Birkitapbiralıntı-birinsan (@birkitapbiral) July 25, 2023
Adana Kozan Kabaktepe de meydana gelen deprem 🤦♂️😳 #Adana #deprem pic.twitter.com/bMcZ2sXhbx
— musti (@Rulingmp) July 25, 2023
Adana'da bir markette deprem anı kameralara böyle yansıdı.#deprem pic.twitter.com/HeN5aFu99N
— mühendisyen (@muhendisyenn) July 25, 2023
Sabah saat 08:44'te gerçekleşen #Adana'nın #Kozan ilçesindeki depremin şiddeti amatör kameraya yansıdı.#deprem #salı #SONDAKİKA pic.twitter.com/VRjht0IFMD
— Anadolu Jurnal (@anadolujurnal) July 25, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.
Свет
Поранешен израелски началник: Во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци

Поранешниот началник на израелската армија, Херци Халеви, изјави дека во војната во Газа се убиени или повредени над 200.000 Палестинци – повеќе од 10 отсто од населението.
Оваа проценка е блиска до бројките што редовно ги објавува Министерството за здравство во Газа, кои Израел често ги оспорува, иако меѓународните организации ги сметаат за доверливи. Според официјалните податоци, од 7 октомври 2023 година досега се убиени 64.718 луѓе, а повредени се 163.859.
Халеви нагласи дека „ова не е нежна војна“ и дека армијата делува „без ракавици“ уште од првиот ден, но инсистираше дека Израел постапува во рамки на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека правните советници никогаш не ја ограничувале израелската војска во одлуките за операциите во Газа.