Свет
Објавено е видео на кое се гледа дека руските војници влегле во Керсон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/h550-3.jpg)
Русија тврди дека нејзините војници ја презеле контролата врз пристанишниот град Керсон на Црното Море.
Окупирањето на градот би било многу значајно, вели воениот експерт Џек Ватлинг од Кралскиот институт за обединети услуги, затоа што има стратешка позиција на реката Днепар што ја дели Украина.
„Кога Русите ќе почнат да ги окупираат овие клучни градови по должината на Днепар, тие ќе може да го спречат движењето на резервите од запад кон исток за снабдување на украинските воени единици, кои се борат во областите на операциите на заедничките сили околу Донбас“, објасни Ватлинг.
Додека Русите упорно тврдат дека го зазеле Керсон, Украинците тоа го демантираат, но на видео објавено на „Јутјуб“, а кое го објави и Би-би-си, се гледа руската војска е во центарот на градот.
Снимен е и тенк во центарот на Керсон, а војниците носеле бели ленти на рацете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Бајден откри дали ќе се повлече од кампањата: „Не си одам, никој не ме брка, во трка сум до крај и ќе победиме“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1719542513-12331937-1024x683.jpg)
Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од својата кандидатура за претстојните избори и истакна дека е подготвен да победи во ноември.
„Да го кажам ова најјасно што можам: се кандидирав, никој не ме брка. Јас не си одам. Во оваа трка сум до крај и ќе победиме“, рекол претседателот, пренесува АП.
Како што беше најавено претходно денеска, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во Соединетите Американски Држави.
„Претседателот отсекогаш ни го чувал грбот. Ние ќе се грижиме и за неговиот“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур за новинарите по средбата со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на која присуствуваа 24 демократски гувернери.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул рече дека сите гувернери му ветиле поддршка на Бајден.
„Претседателот учествува во трката за да победи“, истакна таа.
Свет
Соборен 21 руски дрон, соопшти Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tr.jpg)
Украина во текот на ноќта собори 21 руски дрон Шахед, додека руските сили тврдат дека контролираат дел од градот Часов Јар.
Украинската воздушна одбрана собори беспилотни летала во шест региони во северна и централна Украина, соопшти денеска Военото воздухопловство, пренесува Ројтерс.
Гувернерот на северниот регион Чернихив изјави дека повеќе од 5.000 домаќинства во регионот се без струја.
Свет
Кинеските метеоролози предупредуваат на екстремни горештини втора година по ред
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/гггг.jpg)
Кинеската метеоролошка управа денеска соопшти дека очекува температурите да бидат релативно високи во повеќето области низ земјата во текот на следните неколку месеци.
Земјата има невообичаено топло време во поголемиот дел од годината, со просечни температури од март до мај на највисоките нивоа од почетокот на евиденцијата во 1961 година, пренесува Ројтерс.
Метеоролозите предупредија дека ова ќе биде второ лето по ред на екстремни горештини, кои, според нив, се предизвикани од климатските промени.