Европа
Објавен договорот меѓу „Астра зенека“ и Европската Унија, голем дел е замаглен
Британската компанија „Астра зенека“ се согласи да го објави редактираниот договор што Европската Унија и фармацевтската компанија го потпишаа на 27 август 2020 година.
Комисијата наведува дека договорот претставува цврста обврска на компанијата да ги достави дозите според планот, без оглед на статусот на дозволата за употреба на вакцината за време на потпишувањето на договорот.
„За нас, воопшто не е доведено во прашање она што е прецизирано со договорот“, велат од Комисијата.
Портпаролот на ЕК, Ерик Мамер, повтори дека договорот бил потпишан однапред, пред да се даде зелено светло за вакцините на „Астра зенека“ и оти документот прецизира дека нема да има испораки доколку не се добие одобрение од Европската агенција за лекови.
„Постои клаузула што имплицира дека компанијата произведува дози пред авторизацијата за да може да го почитува планот за испорака веднаш кога ќе го добие потребното зелено светло“, вели Мамар.
Објавениот договор содржи преработени делови што се однесуваат на доверливи информации, како што се детали за фактурата, а ЕК наведува дека во договорот се споменуваат и фабриките на „Астра зенека“ во Велика Британија за кои било договорено да придонесат за испорака на дози до ЕУ.
Голем дел од договорот е замаглен
На компанијата ѝ е дозволено да ги прикрива клучните делови во јавно достапната верзија на договорот. Дури 95 проценти од затскриените делови на објавениот договор биле замаглени од „Астра зенека“, а само 5 проценти од ЕУ.
„Сè што беше замаглено, односно 95 проценти од замагленото беше направено од компанијата. ЕУ го затскри само делот што се однесува на она што ќе се случува понатаму во разговорите. Не сакавме да го одложиме објавувањето на договорот расправајќи се со нив за толкувањето за тоа што е тајна, а што не е“, вели извор од Унијата.
Проблемот е, се разбира, во толкувањето на клучните клаузули, како онаа за потребата од „вложување најдобри разумни напори“, како и толкувањето на делот за производствените капацитети од кои вакцините на „Астра зенека“ ќе одат во земјите на ЕУ.
За ЕУ, според европскиот извор кој им го објасни споменатиот договор на новинарите, не е прифатливо компанијата да биде таа што може да процени сама дека сторила сè што е во нејзина моќ.
„Интерпретацијата на ‘Астра зенека’ е субјективна. Нивното толкување е: ‘Мислиме дека сторивме сè што е во наша моќ. Никој не смее да го доведува во прашање тоа’“, рече изворот додавајќи дека компанија со таков капацитет не може само да каже дека не е во можност да ги исполни обврските од договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дронови во воздушниот простор на Романија во екот на рускиот напад, подигнати борбени авиони
За време на масивниот руски напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во вторник наутро, наводно беспилотно летало влегло во воздушниот простор на членката на НАТО, Романија, соопштија украинските воздухопловни сили. Романското Министерство за одбрана потврди дека регистрирало два упади на беспилотни летала во нејзиниот воздушен простор во текот на утрото, објавува „The Kyiv Independent“.
Романското Министерство за национална одбрана објави дека околу 6:30 часот по локално време, два германски авиони „Еурофајтер Тајфун“ биле испратени да ги пресретнат беспилотните летала во округот Тулча. Еден час подоцна, два американски борбени авиони Ф-16 полетале во друга погранична област, во округот Галаци.
Министерството додаде дека Ф-16 воспоставиле радарски контакт со дронот околу 7:50 часот наутро. За среќа, немало извештаи за повредени или материјална штета во Романија. Романските власти сè уште официјално не потврдиле дали беспилотните летала биле руски.
Ова не е прв пат беспилотни летала да го нарушат воздушниот простор на НАТО. Најновиот инцидент се случува во време на зголемени тензии, при што земјите во близина на Украина, вклучувајќи ги Полска, балтичките држави и Романија, ги засилуваат безбедносните мерки од страв од прелевање на конфликтот. Честите руски напади врз украинската пристанишна инфраструктура на Дунав, веднаш надвор од Романија, го држат Букурешт во состојба на висока готовност.
Сличен инцидент се случи во септември, кога руски дрон, исто така, влезе во романскиот воздушен простор, но не беше соборен и на крајот се врати во Украина, потврди тогаш министерот за одбрана Јонут Мостеану. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека дронот навлегол околу 10 километри во романска територија и останал во воздушниот простор на НАТО речиси 50 минути.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски бара притисок врз Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските напади врз Киев во текот на ноќта предизвикале „огромна штета“, додека посебен напад предизвикал „уништување“ во јужното пристаниште Одеса.
Според него, Русија испалила 22 ракети и повеќе од 460 дронови во текот на ноќта. Четири дронови влегле во воздушниот простор на Молдавија и Романија.
„Затоа сите партнери мора да запомнат дека животите мора да се спасуваат секој ден“, рече Зеленски.
„Не смее да има стагнација во помошта. Најважно е сите партнери да се движат кон дипломатија преку заеднички напори. Притисокот врз Русија мора да донесе резултати.“
Европа
(Видео) Потресни снимки од Киев: луѓе врзувале ќебиња за да избегаат од запален стан
Шокантно видео кружи на социјалните мрежи утрово по синоќешниот насилен руски напад врз Киев, главниот град на Украина. Најмалку шест лица беа убиени, а 14 беа повредени во нападот извршен со дронови и ракети.
Иако беа соборени голем број руски дронови и ракети, две станбени згради во Киев беа погодени, што предизвика пожар.
People of Kyiv improvised "ropes" out of blankets and sheets as they tried to escape from a burning apartment building hit by a Russian attack last night. https://t.co/cbInLgvY8l pic.twitter.com/WsfLuHSAQ2
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 25, 2025
Поранешен советник на украинското Министерство за украински работи објави видео на Икс за кое тврди дека покажува импровизирано „јаже“ од ќебиња и чаршафи спуштено низ прозорец од страна на жителите на Киев во обид да избегаат од една од погодените згради, која се запали по рускиот напад.

