Свет
Објавен список од 7 европски земји во кои можат да патуваат Американците

Седум европски земји се отворени за туристички посети на Американци, а меѓу нив е и Хрватска.
Грција, Исланд, Црна Гора, Србија, Кипар, Грузија и Хрватска се на списокот на земји за кои „Вашингтон пост“ вели дека американските граѓани можат да патуваат во моментот.
За да влезат во Хрватска, американските туристи мораат да покажат негативен тест за Ковид-19 не постар од 48 часа, доказ за завршена вакцинација или дека го прележале коронавирусот, како и доказ за платено сместување во хотел, стан или камп. Од американската амбасада велат дека резервацијата за сместување не е доволна и потребен е доказ за плаќање.
Посетителите можат да платат за тест и да го направат по пристигнувањето, но мора да бидат во самоизолација додека не пристигнат резултатите. Режимот е сличен и во другите шест земји отворени за странски туристи, пишува „Вашингтон пост“.
Исто така, се наведува дека поголемиот дел од Европа сè уште е затворен за американските туристи и дека планирањето се одвива отежнато, а Американците мора да покажат негативен резултат од ПЦР тест не постар од три дена пред да се качат во авион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Германски министер: Г7 повеќе нема да ја прифати Русија

Германскиот министер за надворешни работи Јорг Кукис денеска изјави дека Русија нема да биде повторно примена во групата Г7, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Русија да се врати во Г7.
„Г7 јасно ја осуди агресивната војна на Русија, особено на третата годишнина од бруталниот напад на Русија“, рече Кукис во интервју за Ројтерс.
Според него, предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7 нема да биде едногласно усвоен.
Американскиот претседател кон средината на февруари изјави дека би сакал Русија повторно да биде дел од Г7, велејќи дека исфрлањето на Москва од групата било грешка.
– Би сакал да се вратат. Не е важно дали ви се допаѓа Русија или не. За нив постојано се зборува, а и тие треба да седат на нашата маса. Мислам дека Путин би сакал да се врати“, рече тогаш Трамп.
Групата Г7 ја сочинуваат САД, Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Германија и Јапонија.
До 2014 година и Русија беше членка на Г7, а тогаш групата беше наречена Г8.
Европа
Зеленски ја предупреди Европа: „Ако Украина падне, овие земји се следните цели на Москва“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, честитајќи ѝ го Денот на независноста на Естонија, предупреди дека земјите со поголемо население од руско потекло би можеле да станат следна цел на Москва.
Како што наведува, најопасниот момент се случува кога источноевропските земји имаат население со „руски корени“ – не затоа што тие луѓе претставуваат закана, туку затоа што Кремљ би можел да ја искористи нивната безбедност како изговор за инвазија.
Тој ги наведе Полска, Словачка, Латвија, Молдавија и Естонија меѓу потенцијално загрозените земји, потсетувајќи на слично сценарио од 2014 година кога Русија го анектираше Крим и започна инвазија на Донбас, пишува „Скај Њуз“.
„На почетокот тврдеа дека не ги окупираат нашите територии, туку го бранат рускиот народ“, рече Зеленски, нагласувајќи дека во случај на пораз на Украина, сите горенаведени земји би можеле да бидат изложени на ризик поради руската политика и концептот на „рускиот свет“.
Зборувајќи за иднината по три години војна, украинскиот претседател изрази надеж дека конфликтот ќе заврши оваа година, а не за три. Тој ја истакна важноста на безбедносните гаранции за да се спречи враќањето на руските сили.
„Ако ги притискаме, ги вратиме на нивната територија и ако Украина стане членка на ЕУ и НАТО, тоа многу ќе ни помогне. Мислам дека тогаш нема да се вратат – ќе имаме силна армија, силни сојузници и силно единство“, заклучи Зеленски.
Свет
СЗО: Непозната болест уби повеќе од 50 луѓе во Конго

Непозната болест во северозападниот дел на Конго уби повеќе од 50 луѓе, соопштија лекарите на терен и Светската здравствена организација (СЗО).
Интервалот помеѓу појавата на симптомите и смртта во повеќето случаи е 48 часа, што е сериозна загриженост, рече Серж Нгалебато, директор на болницата Бикоро, регионален центар за следење на болести, пренесе АП.
Избувнувањето на болеста во Конго започна на 21 јануари, а пријавени се 419 случаи, вклучувајќи 53 смртни случаи.
Според информациите од африканскиот оддел на СЗО, првиот случај во населбата Болоко започнал откако три деца изеле лилјак и починале 48 часа по појавата на симптомите на треска.
Постои долгогодишен страв од пренос на болести од животните на луѓето во регионите каде дивечот е популарен извор на храна. СЗО соопшти дека бројот на вакви епидемии во Африка е зголемен за повеќе од 60 отсто во последната деценија.
По втората појава на болеста во населбата Бомате на 9 февруари, примероци од 13 случаи беа испратени на тестирање во Националниот институт за биомедицински истражувања во Киншаса.
Сите примероци беа негативни за ебола и други вообичаени хеморагични трески како Марбург.
Некои примероци биле позитивни на маларија. Минатата година, беше регистрирана мистериозна болест слична на грип, која уби десетици луѓе во друг дел на Конго, која најверојатно била маларија, јави Танјуг.