Свет
Ограничувања за влез на патници од Кина поради коронавирусот
Неколку земји воведоа ограничувања за патниците од Кина поради порастот на случаите на коронавирус во земјата откако Пекинг ги олесни строгите мерки и ја напушти својата политика на нулта толеранција Ковид-19.
Во објаснувањето за причините за воведувањето на ограничувањата се „недостигот на информации од Кина за варијантите на вирусот, бројот на заболени, како и степенот на епидемијата“, пренесува „Ројтерс“.
САД ќе воведат задолжителни тестови на коронавирус за сите патници што пристигнуваат од Кина почнувајќи од 5 јануари.
На сите патници со авион над две години ќе им треба негативен резултат од тестот не постар од два дена пред поаѓањето од Кина, Хонг Конг или Макао.
Индија воведува негативни сертификати на коронавирус за патници што доаѓаат од Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Хонг Конг и од Тајланд.
Патниците од тие земји ќе мора да поминат време во карантин доколку имаат симптоми на инфекција со коронавирус или ако се утврди дека се позитивни.
Јапонија воведува негативни сертификати на коронавирус за патници што доаѓаат од Кина. Оние што ќе бидат позитивни ќе бидат ставени во карантин седум дена.
Централниот команден центар за епидемија на Тајван соопшти дека сите патници што пристигнуваат со директни летови од Кина, како и со чамци до двата крајбрежни острови, ќе треба да поминат ПЦР-тестови по пристигнувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.