Европа
Одговорот oд Европскиот совет Тереза Меј ќе го добие в среда
Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, кажа дека одговор на барањето на британската премиерка, Тереза Меј, за одложување нa брегзит до 30 јуни може да дадат единствено европските лидери, кои во рамки на Европскиот совет ќе се состанат в среда, 10 април, во Брисел.
„Ние сме свесни за писмото што премиерката Mej го испрати утрово до претседателот Доналд Туск. Ова е нешто на што одговорот мора да го даде само Европскиот совет“, рече Шинас.
Главниот портпарол на Европската комисија вели дека не сака да ги „прејудицира, предвидува или интерпретира” можните исходи и веќе пристигнаа коментари и видувања „на разни ЕУ-извори” во врска со можниот европски одговор на барањето на британската премиерка, Тереза Меј, која повторно побара одлагање на брегзит до 30 јуни, но, овој пат, со ветување за подготовки за европски избори ако британскиот парламент не го усвои договорот за брегзит.
Некои европски претставници најавија дека претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, од земјите членки на ЕУ ќе побара „флексибилно“ одлагање на брегзит до 12 месеци, со цел да се избегне сценарио на хаотичен брегзит, односно излегување на Обединетото Кралство од ЕУ без договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Италијански студенти го обесија наопаку ликот на Маск на плоштад во Милано
Лево-ориентираните италијански студенти вчера го обесија наопаку ликот на Илон Маск на Пјацале Лорето, познатиот плоштад во Милано каде што телото на Бенито Мусолини беше обесено и осквернавено во 1945 година. Овој чин беше реакција на наводниот фашистички поздрав што најбогатиот човек на светот го изведе за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
Маск, шефот на Тесла, Икс и Спејс Икс, кој треба да раководи со новата владина канцеларија за ефикасност под Трамп, изврши два поздрави со испружена рака по говорот на Трамп за инаугурација за вториот мандат.
Одговарајќи на бранот критики за овие гестови, Маск изјави: „Искрено, им требаат подобри валкани трикови. Нападите од типот ‘сите се Хитлер’ се веќе толку истрошени“.
Студентите од колективот Cambiare rotta (Да го промениме правецот), кои се нарекуваат организација на млади комунисти, реагираа со поставување на кукла со лицето на Маск, направена од вреќа, која ја закачија наопаку на ограда во Пјацале Лорето.
Тие порачаа на социјалните мрежи: „Секогаш има место во Пјацале Лорето, Илон…“
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.