Свет
Одложено отворањето на преминот Рафах
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/gaza-egipet-premin.jpg)
Отворањето на граничниот премин Рафах, преку кој од Египет треба да пристигне хуманитарна помош за Газа, е одложено, јави Си-ен-ен.
Во Египет дојде и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„Во оваа хуманитарна катастрофа, повикувам на две итни акции. Го повикувам Хамас за итно и безусловно ослободување на заложниците, Израел веднаш да дозволи неограничен пристап до хуманитарна помош за да ги обезбеди најосновните потреби на луѓето во Газа. Тамошните цивили имаат очајна потреба од услуги и материјали, а за тоа е потребен брз, непречен хуманитарен пристап. Сега ни треба храна, вода, лекови и гориво“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Пикап удрил во група луѓе на Денот на независноста во Њујорк
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot_6.jpg)
Две лица загинаа, а девет се повредени кога пикап удри во група луѓе кои го славеа Денот на независноста во Њујорк, соопштија локалните власти.
Началникот на њујоршката полиција Џефри Медри изјави дека Форд Ф-150 се движел со голема брзина, поминал на раскрсница и на знак за стоп пред несреќата во паркот Корлирс Хук на Менхетен.
Тој додаде дека две лица загинале на лице место, пренесува АП.
Меѓу повредените, четири лица се во критична состојба, три се тешко повредени, а двајца се полесно повредени, изјави помошник началникот на Њујоршката противпожарна служба, Мајкл Мејерс.
Инспекторите не веруваат дека несреќата е терористички чин, изјавија на брифинг со новинарите Мадри и градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.
Мадри додаде дека на возачот му било извршено алкотестирање и дека се претпоставува дека употребата на алкохол е причина за несреќата.
Свет
Поранешниот американски државен секретар Кери: Украина не може да победи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/677z381_15-66878eaa16380.jpg)
Украина нема да може да го добие конфликтот со Русија, страните ќе мора да го решат дипломатски, изјави поранешниот американски државен секретар и поранешен претставник на американскиот претседател за климатски прашања, Џон Кери, во интервју за британскиот весник Тајмс.
„Верувам дека Украина некако ќе ја реши оваа ситуација. Не можам да кажам дека ќе победат. Мислам дека некому му е загарантирана целосна победа. Според мене, мора да има дипломатско решение во кое секоја страна ќе соопшти она што мора, за да биде овој процес биде возможен. Или ќе има замрзнување на конфликтот или катастрофа, кога едната страна ќе победи“, рече тој.
Кери, исто така, изрази мислење дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да му наштети на угледот на САД во светот ако престане да дава помош за Украина, ако се врати во Белата куќа по изборите во ноември. Според поранешниот државен секретар на САД, ваквата одлука би можела да предизвика појава на нови безбедносни закани во Источна Европа, пренесува Спутник.
Свет
Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, гласините не можат да бидат точни или можат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/туск.jpg)
Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да ја посети Москва само неколку дена по неговото патување во Киев.
„Гласините за вашата посета на Москва не можат да бидат точни, Виктор, или можат? напиша Туск, означувајќи го официјалниот профил на унгарскиот премиер во објавата. Информацијата за патувањето на Орбан во Русија ја објавил унгарскиот новинар Шаболч Пањи, а ја потврдиле и извори на „Радио Слободна Европа“.
Унгарската влада се уште не се изјаснила за да ја потврди или негира посетата. Официјален претставник на Европската унија, кој сакал да остане анонимен, изјавил за Радио Слободна Европа дека Орбан не го информирал Брисел за неговото заминување во Москва.
„Да прашаше Орбан, Шарл Мишел силно ќе го советуваше да не ја оствари посетата“, кажал функционерот.
Во вторникот Орбан беше во Киев, каде што им предложи на Украинците да се согласат на прекин на огнот. Претседателот Володимир Зеленски ја отфрли споменатата идеја.
Во понеделникот Унгарија го презеде своето шестмесечно претседавање со Советот на Европската унија.