Свет
Одреден притвор за украинскиот морнар
Судот во Крим му одреди двомесечен притвор на украинскиот морнар Владимир Варимез, објави ТАСС. Тоа е прва мерка што е одредена кон еден од 24-те украински морнари, кои се наоѓаа на бродовите запленети во теснината Керч. Федералната служба за безбедност на Русија претходно објави видеоснимка во која украинските морнари признаваат дека ја нарушиле руската граница.
Руските сили пред два дена запленија три брода на украинската морнарица во преминот Керч, меѓу Црното и Азовското Море наведувајќи дека нелегално влегле во руските територијални води. Врховната Рада на Украина изгласа воведување воена состојба, која утре стапува во сила.
Украинскиот министер за надворешни работи, Павло Климкин, побара од Црвениот крст да организира посета на морнарите. Чека одговор од Русија дали ќе биде овозможено тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот
Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен.
„Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен и има цврста команда на терен“, изјави извор на иранските државни медиуми близок до канцеларијата на Хамнеи.
„Непријателот посегнува по ментална војна, сите треба да бидат свесни“, рече раководителот на односите со јавноста во канцеларијата на иранскиот врховен лидер.
Ајатолахот не се огласил ниту бил виден во јавноста откако започнал нападот.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Свет
ИДФ: Неколку врвни ирански лидери убиени во нападите
Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврди дека врвни ирански функционери биле цел на денешните напади.
Според него, „голем број врвни ирански лидери“, вклучувајќи го и командантот на Револуционерната гарда, биле „мета“ во заедничките американско-израелски напади.
Непотврдена вест за смртта на Хамнеи, прослави на улиците на Техеран
Прославите започнаа во некои населби на Техеран вечерва откако се прошири веста за смртта на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи. Според извори од терен, низ улиците одекнувале автомобилски сирени и радосни извици.
Порано во текот на денот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека има „сè поголеми индикации“ дека иранскиот врховен лидер „веќе го нема“, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена, пишува BBC Persian.

