Европа
Од игралишта до полигони за обука: руските училишта стануваат сè повеќе милитаризирани
Руските детски игралишта се претвораат во воени полигони за обука, пишува Си-ен-ен. Од Пацификот до Црното Море, децата во градинките и училиштата облекуваат униформи и учествуваат во марширачки вежби. Постарите деца се учат како да копаат ровови, да фрлаат гранати и да пукаат со вистинска муниција. Во училиштата низ Русија се велича службата во вооружените сили, се формираат доброволни чети на тинејџери, а се менува националната наставна програма за да се нагласи одбраната на татковината. Накратко, руските деца се подготвуваат за војна.
Russia’s playgrounds are becoming parade grounds. At schools from the Pacific to the Black Sea, children in nursery grade don uniforms and take part in marching practice. Older kids are being taught how to dig trenches, throw grenades and shoot with real ammunition. pic.twitter.com/zngaqyIwfP
— Apurbo Das (@ApurboD69903535) September 25, 2023
Милитаризацијата на руските јавни училишта се засили по руската инвазија на Украина, поттикната не од спонтан бран на патриотско чувство, туку од владата во Москва. Инвестицијата е огромна. Министерот за образование Сергеј Кравцов неодамна изјави дека сега има околу 10.000 таканаречени воено-патриотски клубови во руските училишта и колеџи, а во нивната работа учествуваат четвртина милион деца и возрасни.
Овие клубови се дел од повеќеслојниот напор, кој вклучува радикална ревизија на наставната програма на училиштето. Учењето за воено-патриотските вредности е задолжително; ажурираните историски книги ги нагласуваат руските воени триумфи.
Во август рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведува нов задолжителен предмет во училиштата: „Основи на домашната безбедност и одбрана“. Како дел од оваа иницијатива, Министерството за образование потоа промовира курсеви, кои вклучуваат патувања до воени единици, воени спортски игри состаноци со воен персонал и ветерани и часови на беспилотни летала.

Средношколците исто така ќе се учат на употреба на бојна муниција „под водство на искусни офицери или инструктори на воената единица исклучиво на линијата за стрелање“, според Министерството. Програмата, која се тестира оваа година и ќе биде воведена во 2024 година, е дизајнирана да всади кај учениците „разбирање и прифаќање на естетиката на воените униформи, воените ритуали и борбените традиции“, се вели во документот на Министерството за образование откриен од Руски независен медиум.
Се препишува и модерната историја. Стандардниот учебник „Историја на Русија“ сега го има мостот на Крим на корицата и ново поглавје посветено на поновата историја на Украина. Има делови под насловите „Фалсификување на историјата“, „Оживување на нацизмот“, „Украинскиот неонацизам“ и „Русија е земја на хероите“. Путин постојано лажно ја претставуваше руската инвазија на Украина како специјална мисија за заштита на руските говорители од геноцид на неонацистите.
Новото поглавје лажно тврди дека Украина „отворено ја изразила својата желба да добие нуклеарно оружје“ и „наметнати се невидени санкции против Русија бидејќи Западот на секој начин се обидува да ја урне руската економија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

