Контакт

Европа

(Од минута во минута) Одржан важeн состанок меѓу Кина и ЕУ. Кремљ: Нема веднаш да го исклучиме гасот за Европа

Објавено пред

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 37. ден

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Денеска продолжуваат преговорите

Ултиматумот на Путин за рускиот гас стапува на сила

Русите тврдат дека Украинците го нападнале нивното складиште за нафта

Украинците ослободија две села во близина на Чернихив

Од минута во минута

21:05 Шефицата на Европскиот парламент го посети Киев: Ќе помогнеме во обновата кога војната ќе заврши

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола во Киев изјави дека Европејците стојат покрај Украина и ќе и помогнат да ги обнови нејзините градови по завршувањето на војната со Русија.


20:50 Размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија

Вицепремиерката и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии Ирина Верешчук соопшти дека е извршена втората размена на воени заробеници меѓу украинската и руската страна.

19:55 Украински функционер: Не го ракетиравме Белгород

Во говорот на националната телевизија, секретарот на Советот за безбедност Олексеј Данилов ги негираше руските обвинувања, пренесува „Ројтерс“.

„Поради некоја причина тврдат дека сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не соодветствува со фактите“, кажал Данилов.

19:25 Кинескиот претседател до меѓународната заедница: Не додавајте масло на огнот

Кинескиот претседател Кси Џинпинг ја повика меѓународната заедница да го поддржи преговарачкиот процес меѓу Русија и Украина наместо да долева масло на огнот.

19:00 Германија: Поранешен офицер шпионирал за Русија

Германија поднела обвинение против поранешниот резервен офицер Ралф Г. за шпионажа за Русија, соопшти денеска Федералното јавно обвинителство.

Осомничениот Ралф Г. на руските агенти им дал бројни документи и информации за германската армија во периодот од 2014 до март 2020 година, истакна обвинителката Инес Петерсон во изјавата, пренесува „Ројтерс“.

18:30 ЕУ почнува да набавува опрема за деконтаминација во случај на нуклеарна опасност

Европската Унија започна операција за складирање залихи за да ја зајакне својата одбрана од хемиски, нуклеарни и биолошки инциденти поради загриженоста за конфликтот во Украина, објавил Ројтерс, повикувајќи се на официјални записи и документи на ЕУ и извори запознаени со ситуацијата.

17:30 ЕУ ја предупреди Кина: Не ѝ помагајте на Русија во војната, тоа ќе го наруши вашиот углед

Лидерите на ЕУ ја предупредија Кина да не ѝ помага на Русија во нејзината агресија против Украина, бидејќи тоа ќе им наштети на нејзините економски интереси и углед.

„Постојат репутациски ризици за Кина ако ѝ помогне на Русија. Ниту еден европски граѓанин не би ја сфатил поддршката на Кина за способноста на Русија да води војна“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на прес-конференција по виртуелниот самит ЕУ-Кина.

16:45 Директорот на Чернобил: Можно е честички од радијација да влегле во белите дробови на руските војници

Директорот на нуклеарната централа во Чернобил изјави дека е невозможно да се одреди степенот на радијација на кој биле изложени руските војници додека ја окупирале територијата.

15:50 Одржана средба меѓу Кина и ЕУ – Пекинг одбива да заземе страна во војната во Украина

Пекинг се противи на заземање страна во руската инвазија на Украина, им рекол кинескиот премиер Ли Кечијанг на претставниците на Европската Унија.

Ли на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, преку видеоврска им порачал дека Кина се противи на поделбата на блокови и заземање страни, изјавил кинески дипломат.

14:25 Украина не потврдува, но не ни одрекува дека нападнала руска територија

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, изјави дека не може да ја потврди или негира наводната вмешаност на Украина во нападот на складиштето за гориво во рускиот град Белгород, бидејќи не знаел за сите воени информации, пренесува „Ројтерс“.

13.05 „Ројтерс“: Нова експлозија во рускиот град Белгород

Новата експлозија одекнала околу 13 часот по московско време во рускиот град Белгород, каде што рано денеска, според локалните власти, украинските сили погодиле складиште за нафта, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на очевидци

13.00 Анкета: 79 отсто од Русите ги одобруваат активностите на Путин

Огромно мнозинство Руси, 79 отсто, ги одобруваат активностите на претседателот Владимир Путин, а речиси 81 отсто му веруваат, покажуваат резултатите од анкетата спроведена денеска од Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

12.50 Лавров: Напредок во преговорите, Москва го подготвува својот одговор на украинските предлози

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори со Украина и дека Москва го подготвува својот одговор на предлозите на Украина претставени на последната рунда преговори.

12:35 Пристигна првата реакција на Кремљ за нападот на складиште за гориво во Русија

Според „Ројтерс“, од Кремљ изјавиле дека нападот на складиштето за гориво не создава добри услови за продолжување на мировните преговори.

Портпаролот на Владимир Путин изјавил дека рускиот претседател бил информиран за инцидентот и дека Русија прави сѐ што е можно за да го реорганизира синџирот на снабдување и да избегне нарушување на снабдувањето со гориво во градот, објави „Ројтерс“.

12.30 Русија засега нема да ја прекине испораката на гас за Европа

Русија од денеска нема да ја откаже испораката на гас за Европа, бидејќи плаќањата за испорачаниот гас по 1 април ќе пристигнуваат во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

12.25 Лавров и се заблагодари на Индија за „објективниот став кон Украина“

Русија ја цени објективната позиција на Индија за ситуацијата со Украина, изјави денеска во Њу Делхи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

11.50 Зеленски: Благодарни сме ѝ на Турција што е подготвена да биде гарант за безбедноста на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на Турција за нејзината подготвеност да биде гарант за безбедноста на неговата земја, јавува Анадолија.

11.40 Украински амбасадор во ОН: Откажувањето од Крим и Донбас е политичко самоубиство

Украина нема да отстапи ниту една своја територија во замена за мировен договор со Русија, изјави украинскиот амбасадор во Обединетите нации, Сергиј Кислица, пренесува „Анадолија“.

11:35 (Вознемирувачко видео) Би-си-си објави докази за воени злосторства кај Киев

Изброивме 13 тела на дел од патот не подолг од 200 метри меѓу села недалеку од Киев, тврди новинарот на Би-би-си. Потврдено е дека две тела се украински цивили убиени од руски војници. Другите и натаму не биле идентификувани и лежеле на местата каде што биле убиени. Двајца oд убиените носеле препознатливи униформи на украинската армија.

10:56 Го доведе ли Путин во заблуда Западот за неговата вистинска цел во Украина?

Тезата за лошите информации на Путин, врз основа на кои тој потоа носи лоши одлуки, стана официјален став на американскиот разузнавачки систем. Исто така, беше поставена јавна дијагноза за влошеното ментално и физичко здравје на рускиот претседател.

Но, што ако доминантното гледиште за ужасните грешки на Путин е всушност длабоко погрешно? Што ако не е слабо информиран, со психички проблеми, но на свој начин ги реализира целите, а Западот не разбира кои се точно целите на Путин?

10.50 Кина во пресрет на самитот со ЕУ: Остануваме независни за украинската криза

Кина одржува независен став за украинската криза, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, коментирајќи ги извештаите за планираниот притисок од политичарите на ЕУ врз Кина за време на денешниот самит ЕУ – Кина.

10.45 Русите го напуштија Чернобил – Украинците ја презедоа контролата над нуклеарната централа
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Украина потврдила дека руските војници го напуштиле Чернобил.

10.40 Британскиот министер за надворешни работи: Путин сам се затвори во кафез
Русија сега е „помала земја“ по инвазијата на Украина, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас

10:32 Медведев: Имаме тивко, но опасно оружје

Поранешниот претседател на Русија, Дмитри Медведев, има нов предлог.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија предложи да се прошири списокот на производи од непријателски земји на кои им е забранет увоз во Русија велејќи дека Русија нема да купува ништо од таквите земји. Тој објасни и кое е тоа тивко, но застрашувачко оружје што го има Русија.

09.50 Украинскиот амбасадор во Јапонија: Очекуваме најсовремена воена опрема од Америка и Британија

Украина наскоро ќе може подобро да го заштити своето небо и градови од руските напади, бидејќи очекува да добие најсовремена воена опрема од САД и Велика Британија, изјави денеска украинскиот амбасадор во Јапонија Серхиј Корсунски

09.45 Русија денеска отвора коридор од Мариупол до Запорожје

На барање на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц до рускиот претседател Владимир Путин, Русија денеска ќе отвори хуманитарен коридор од Мариупол до Запорожје, пренесува ТАС С.

09.35 Русите со нова порака од ЕУ: Ќе одговориме на вашите санкции

Русија соопшти дека нема да бара од Европската унија укинување на санкциите, туку ќе одговори на нив, пренесе руската агенција РИА Новости

08.55 Украинците ослободија две села во близина на Чернихив
Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот извештај за настаните во Украина, во кој се наведува дека украинската војска ги ослободила селата Лукашивка и Слобода, недалеку од Чернихив.

08.45 ЕУ ќе ја охрабри Кина да не и помага на Русија во инвазијата

Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој одби да го осуди рускиот напад врз Украина, утре ќе одржи тричасовен виртуелен самит со официјални претставници, на кој ќе присуствува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен. На почетокот на февруари, Кина и Русија објавија долга заедничка декларација во која се вели дека нивниот однос е „без граници“.

08.40 Русите тврдат дека Украинците го нападнале нивното складиште за нафта, а се појави и видео од пожарот

Нападнато складиште за нафта во рускиот град Белгород, а регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков за тоа ја обвини Украина, велејќи дека големиот пожар бил предизвикан од воздушни напади на два украински хеликоптери

08.35 Кличко: Бројот на луѓе во градот драстично се намали, половина од жените и децата го напуштија Киев

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко во интервју за „Скај њуз“ изјави дека бројот на луѓе во главниот град на Украина е драстично намален од почетокот на инвазијата

08.30 Денеска продолжуваат преговорите – Русија отфрли важен украински предлог

Мировните преговори меѓу Русија и Украина треба да продолжат денеска. Предвидено е тие да се одржат онлајн

08.20 Ултиматумот на Путин за рускиот гас стапува на сила

Ултиматумот за гас на рускиот претседател Владимир Путин денеска стапи на сила. Според овој ултиматум, сите клиенти ќе треба да го платат рускиот гас во рубли, од посебни сметки во банка посредник. Во спротивно нивното снабдување со гас ќе биде прекинато

08.10 Бела куќа: Руската инвазија е стратешка катастрофа за Русија

Директорката за комуникации на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, рече дека САД имаат докази дека руската инвазија на Украина е „стратешка катастрофа“ за Русија.

08.00 Зеленски на двајцата генерали им ги одзеде чиновите нарекувајќи ги антихерои

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајца генерали поради прекршување на воената заклетва за верност кон украинскиот народ, истакнувајќи дека нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

dobivaj vesti na viber

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.

Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал

Објавено пред

Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.

dobivaj vesti na viber

Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.

Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Објавено пред

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.

dobivaj vesti na viber

„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.

Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.

Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.

Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија5 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија11 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија11 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија12 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија12 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија12 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија12 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија13 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија14 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија15 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија15 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет17 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет17 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет17 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет18 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет18 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет18 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет18 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...