Контакт

Свет

(Од минута во минута) Дел Понте: Уапсете го Путин, Папата Франциск сака да оди во Украина

Објавено пред

Нов ден на руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни податоци:

Дел Понте повика да се уапси Путин
Русија бара да се укинат санкциите за да продолжи вселенската соработка
Норвешка ги предупреди граѓаните да се подготват за нуклеарна катастрофа во Украина
Папата размислува да го посети Киев
Москва објави дека уништиле складиштата за нафта во Кременчук
Гранатирани два града во централна Украина, а неколку градови во Донбас, велат Украинците
САД и нивните сојузници испраќаат советски тенкови во Украина, изјави американски претставник
Кина му порача на Западот да не ги саботира намерно санкциите кон Русија
Русите се повлекоа од аеродромот кај Киев
Зеленски се заканува, од Западот бара ракети и авиони

Од минута во минута:

21.55 Русите го срамнија градот Буча – 300 луѓе во масовна гробница, тела лежат на улица

Украинците оваа недела го ослободија Буча, град во близина на Киев, а на социјалните мрежи се појавија снимки од разурнатиот град

21.30 Украина: Владимир Зеленски и Владимир Путин најверојатно ќе се сретнат во Турција

Местото на средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Владимир Зеленски најверојатно ќе биде Турција, изјави денеска украинскиот преговарач Дејвид Арахамија.

20.45 Песков откри детали од првите преговори меѓу Киев и Москва

Украина не сакаше да преговара со Руската Федерација во Белорусија, преговорите таму се водеа со големи тешкотии, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

20.35 Украина: Ја презедовме контролата врз целиот регион на Киев

Украинските сили повторно презедоа контрола врз целата територија на Киевската област, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар.

20.30 Зеленски: Руските сили ги напуштаат минираните области

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските трупи за намерно бомбардирање на области во северна Украина додека украинските сили се повлекуваат или ги потиснуваат

18.50 Украина: Киднапиран заменик – градоначалникот на регионот Суми

Руските војници го киднапираа заменик-градоначалникот на регионот Суми во северна Украина, изјави за Би-Би-Си шефот на регионот Дмитро Живицки.

17.50 Зеленски можеше да избегне војна – не го прифати предлогот на Германија, Украина да биде надвор од НАТО

На 1 април американскиот весник „Волстрит журнал“ објави опширен напис за причините за украинската криза, што покажува дека Владимир Зеленски имал шанса да избегне воен конфликт

17.40 Tурција нуди евакуација од Мариупол со чамци, се чека одговор од Москва

Турција понуди да ги евакуира луѓето со бродови од украинскиот град Мариупол, кој е под блокада на руските сили, соопшти денеска министерот за одбрана Хулуси Акар

17.30 Убиен украинскиот фоторепортер Максим Левин – го убиле руските сили во близина на Киев

Украинскиот фоторепортер Максим Левин, кој работел за голем број големи западни вести, вклучувајќи ги Ројтерс и Би-Би-Си, бил убиен од руските сили во близина на Киев, соопшти денеска украинското обвинителство

17.00 Владимир Путин: Западниот притисок ја зајакнува интеграцијата на Москва и Минск

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата

16.00 Подољак: Русите брзо се повлекуваат од Киев и Чернихив

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека руските сили брзо се повлекуваат од северните украински региони Киев и Чернихив и дека нивната цел е да се консолидираат на истокот и југот на земјата

15:04 Кадиров: Украинските нацисти имаат само два избори

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека украинските нацисти биле заглавени во Мариупол.

Тој додава дека имаат само два очигледни избори – доброволно да го положат оружјето или „да загинат без чест“.

14:59 Медведев: Влезот во ЕУ е само преку НАТО

Нашиот став им е познат на Украинците: ако постои таква желба, придружете се, би било чест да ни биде понудено членство. Се чини дека и Европејците сега навистина ја сакаат Украина“, рече заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација.

„ Има само еден проблем: искуството од последните години со Црна Гора и Северна Македонија покажува дека влезот во ЕУ се случува само преку НАТО“, рече Медведев.

Тој потсети дека станува збор за меѓузависни организации, но „во европски рамки, политички коректни, партнери“.

14:30 Папата Франциск за прв пат го критикуваше Путин

Папата Франциск денеска изјави дека „моќникот поттикнува конфликти на националистички интереси“, со што имплицитно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за првпат од инвазијата на Украина.

Тој ја отфрли руската терминологија дека се работи за специјална воена операција, нарекувајќи ја војна.

14:12 На украинска граница фатен генерал кој со лажни документи сакал да избега во Унгарија

Се испоставило дека се работи за генерал на украинската тајна служба СБУ, кој всушност и покажал на полицијата фалсификувани документи и воопшто не бил изземен од мобилизација. Заради бегство, неименуваниот генерал си го лишил чинот генерал и се преправал дека е обичен војник со потврда за воена неспособност.

14:08 Дел Понте: Уапсете го Путин

Поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.

„ Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства и во Руанда и во поранешна Југославија, во интервју за францускиот дневен весник „Le Temps“.

13:26 Русија бара да се укинат санкциите за да продолжи вселенската соработка

Шефот на руската вселенска агенција изјави дека обновувањето на нормалните односи меѓу партнерите на Меѓународната вселенска станица (МВС) и другите заеднички вселенски проекти ќе биде можно кога Западот ќе ги укине санкциите кон Москва.

Шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, на социјалните мрежи објави дека целта на санкциите е „да се убие руската економија и да се турне рускиот народ во очај и глад, да се фрли Русија на колена“.

13:20 Норвешка ги предупреди граѓаните: Подгответе се за нуклеарна катастрофа во Украина

Норвешкиот министер за одбрана Одд Роџер Еноксен им порача на граѓаните дека во случај на нуклеарна катастрофа во Украина, радиоактивни материјали може да прелетаат над Норвешка поради ветерот, пишува „Тајмс“.

Извори блиски до државната одбрана велат дека министерот им рекол на граѓаните дека ќе добие предупредување 72 часа однапред за да го подготви прифатилиштето.

12:49 (Видео) Ова остана од руската војска по повлекување кај Киев

Објавено е видео кое покажува што останало од руските тенкови, оружје и возила по повлекувањето кај Киев.

Видеото е снимено од репортер на германски „Билд“.

12:29 Украина: Русија би можела да користи војници во Молдавија за акции и провокации долж границата

Русија има стационирани војници на спорната територија, која се отцепи од Молдавија по кратката граѓанска војна во раните 1990-ти и која повеќето земји не ја признаваат. Се проценува дека таму остануваат околу 1.500 руски војници.

12:12 Папата размислува да го посети Киев

Папата Франциск откри дека размислува да го посети украинскиот главен град Киев.

По пристигнувањето на Малта, новинарите го прашале дали ќе ја разгледа поканата на украинските политички и верски власти, на што тој одговорил потврдно.

12:09 Загина сопругот на потпретседателката на украинската Влада

„ Богдан Стефанишин беше убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидуваше да евакуира цивили од Чернихив“, објави „Скај њуз“.

12:05 Москва: Ги уништивме складиштата за нафта во Кременчук

Руската армија со помош на прецизно оружје со долг дострел уништи складишта на бензин и дизел гориво во нафтената рафинерија во Кременчук, од каде се снабдуваше украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

11:19 САД и сојузниците ќе испратат тенкови од советско производство во Украина

САД ќе соработуваат со сојузниците за да и обезбедат на Украина тенкови од советско производство за зајакнување на нејзината одбрана во регионот на Донбас, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи американски официјален претставник.

11:02 За денеска договорени седум хуманитарни коридори во Украина

Црвениот крст соопшти дека неговиот тим утрово се движел од Запорожје кон Мариупол.

10:50 Германија размислува да купи израелски или американски систем за противракетна одбрана

Главниот воен командант на Германија, генерал Еберхард Зорн, изјави за неделникот „Велт ам Зонтаг“ дека ракетите „Искандер“ можат да стигнат до речиси цела Западна Европа и дека нема ракетен штит за заштита од заканата.

10:24 Нов извештај на британското разузнавање: Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел

Руските сили наводно се повлекле од аеродромот Хостомел во близина на Киев, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.

Хостомел е во фокусот на Русија од почетокот на војната, а од првиот ден таму се водат тешки борби, бидејќи заземањето на тој аеродром значеше полесен пристап за Русија до главниот град Киев.

10:20 Руски ракети погодија два града во централна Украина, објави регионалниот лидер

Руски ракети рано утрото погодија два града во централна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради, изјави лидерот на регионот Полтава, пренесува „Ројтерс“.

10:14 Зеленски: Русите додека се повлекуваат минираат се – куќи и тела на загинати

Тие ја минираат целата територија. Минираат куќи, ја минираат опремата, дури и телата на убиените. Поставија многу жици и оставија зад себе многу други опасности“, рече Зеленски.

10:06 САД испраќаат опрема за одбрана од хемиски напад во Украина

САД испраќаат лична заштитна опрема во Украина на барање на Киев, земјата да се подготви за секој потенцијален напад со хемиско оружје за време на војната.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на претседателот Џо Бајден потврди за „Политико“ дека „се распоредени опрема и материјали за спасување животи“.

10:04 Досега во Украина загинале 158 деца, а 254 се ранети

Повеќе од 412 деца се повредени во Украина од почетокот на војната.

Податоците не се конечни, бидејќи се утврдуваат на местата на активни воени дејствија и на териториите привремено окупирани од непријателот. Поточно, во градот Мариупол, во некои области на Киев, Чернихив и Луганск.

09:54 Зеленски: На Путин му расте апетитот се повеќе, дајте ни ракети и авиони

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја војната во Украина, рече дека само победа би била прифатлива за неговата земја.

„ Победата на вистината значи победа на Украина и на Украинците. Прашањето е кога ќе заврши. Тоа е длабоко прашање. Тоа е болно прашање. Освен победа, украинскиот народ нема да прифати никаков исход“ рече Зеленски.

Свет

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Објавено пред

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.

dobivaj vesti na viber

Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Објавено пред

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.

dobivaj vesti na viber

„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.

Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.

Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Објавено пред

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.

Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.

Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.

86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 час

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет4 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет5 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет5 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет6 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет6 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет6 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија7 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет7 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет7 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет10 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија11 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет12 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет16 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет17 часа

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија18 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет18 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет20 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет20 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...