Контакт

Европа

Зеленски е подготвен да разговара за Крим и Донбас, крадци во Киев врзани за столб

Објавено пред

Тринаесети ден од руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

Силни експлозии во пристанишниот град Одеса

Цивилните жртви се зголемуваат додека руските гранатирања продолжуваат

Зеленски: Останувам во Киев без криење и не се плашам од никого

Кулеба потврди: Во четврток ќе се сретнам со Лавров

Украина тврди: Убивме битен руски генерал

Од минута во минута:

22:00 Пентагон: Нов руски конвој напредува кон Киев

Соединетите Американски Држави објавија дека нов руски конвој се движи од североисток кон Киев, додека оној кој се приближува до главниот град на Украина од север стои веќе неколку дена.

21:45 Се зголемува стравот за нуклеарната централа: Работниците 13 дена се заробени во Чернобил

Повеќе од 100 работници веќе 13 дена се заробени во Чернобил, односно во нуклеарната централа, која е местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот. Првиот ден беше окупирана од руските сили и оттогаш работниците не можат да си заминат.

21:25 Потпретседателката на украинската влада: Ситуацијата во Мариупол е катастрофална

Украинските власти не успеаја да ги евакуираат цивилите од градот Мариупол во јужна Украина, изјави Ирина Верешчук, потпретседателка на украинската влада, опишувајќи ја хуманитарната ситуација во опколениот град како катастрофална.

20:50 Полска ги преместува aвионите во базата Рамштајн, авијацијата ја ставаат на располагање

Откако се појави веста дека Полска е подготвена да ги пренесе сите свои авиони МиГ-29 во Германија и да ги стави на располагање на САД, се огласи полското Министерство за надворешни работи.

19:40 САД: Русите целосно го опколија Мариупол

Мариупол во јужна Украина сега е изолиран од руската војска, иако руските сили сè уште го бомбардираат градот и не се наоѓаат во него, изјави висок претставник на американската одбрана, пишуваат агенциите.

19:10 Властите во Миколаев: Луѓе, соберете стари гуми, ќе ги запалиме, Русите да не го гледаат патот

Витали Ким, регионалниот гувернер на Миколаев, побара од жителите на градот да собираат гуми, кои ќе бидат запалени за да се спречи движењето на руските војници во градот, пишува Си-Ен-Ен.

18:50 Сите му аплаудираа: Зеленски пред британскиот парламент- „Не сакаме да ја изгубиме нашата земја“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска им се обрати на британските пратеници во Долниот дом на парламентот. Обраќањето беше наречено историско.

17:15 Кличко: Киев се подготвува за одбрана на градот

„Киев продолжува да се засилува и да се подготвува за одбрана на градот. Верувајте им само на официјалните информации. Сега непријателот ќе сее многу лаги, предизвикувајќи паника. Не се откажувајте“, рече тој.

16:31 Борел: Русија лаже за војната и страдањата на Украинците

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ја оправда одлуката за забрана на работата на руските државни медиуми во ЕУ бидејќи тие се составен дел од руската агресија против Украина и напорите за распаѓање на Унијата и поткопување на европската демократија, пишуваат медиумите во светот.

15:00 (Видео) Крадци го користат хаосот во Украина – за казна ги врзуваат за јавен столб

Хаосот на војната во Украина некои го користат за грабежи, но додека вооружените сили се зафатени со одбивање на руските напади, цивилите ги презедоа работите во свои раце.

Човек кој наводно бил фатен како го ограбува Киев за време на руските напади, за казна бил врзан за столб за јавно осветлување.

12.30 Нападнат хуманитарен коридор од Мариупол – Русија држи како заложници 300.000 цивили

Украинскиот министер за надворешни работи на Твитер напиша дека бил нападнат хуманитарен коридор од Мариупол до Запорожје

12:20 (Видео) Русите објавија видео од борбена употреба на јуришни хеликоптери

Руското Министерство за одбрана на Јутјуб објави видео од борбената употреба на јуришните хеликоптери Ка-52.

12.10 Политичарката која танцуваше со Путин на својата свадба тврди дека морала да побегне од Австрија

Поранешната министерка за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел, на чија свадба гостуваше рускиот претседател Владимир Путин, вели дека животот ѝ бил уништен поради блискоста со претседателот на Москва

11.55 ОН: Повеќе од два милиони луѓе ја напуштиле Украина досега

Повеќе од два милиони луѓе ја напуштија Украина од 24 февруари, објави високиот комесаријат на ОН за бегалци

11.45 Москва со реакција до ирскиот амбасадор поради инцидентот со камионот во Даблин

Ирскиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи на Русија во врска со инцидентот со нарушување на безбедноста на руската амбасада во Даблин, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи

11.30 ЕК подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија

Европската комисија подготвува нов пакет санкции против Русија и Белорусија за нападот на Украина, изјавија денеска за „Ројтерс“ неименувани извори во Брисел

11.18 Британски министер: Ова ќе биде крајот на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин е потрошена сила во светот, без разлика како ќе заврши војната во Украина, смета британскиот министер за одбрана Бен Валас, со претпоставка дека инвазијата ќе биде крај на Путин

11.10 Украинска армија: Убиени 12.000 руски војници

Од ден на ден пристигнуваат нови информации за загубите и жртвите во бруталната војна што Русија ја води во Украина

11.05 Предупредување на Зеленски до остатокот од Европа: Ние ќе бидеме први, вие ќе бидете втори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија нема да престане со сегашната акција и дека ќе продолжи да им се заканува на другите европски земји

11.00 Фон дер Лајен: На ​​овој Меѓународен ден на жената моето срце е со сите Украинки

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се огласи на Твитер на 8 Mарт, Меѓународниот ден на жената

10.55 Руско Министерство за одбрана: Нашата армија уништи 258 воени објекти во Украина

Руската армија вчера уништи 258 воени објекти во Украина“, соопшти денеска руското Министерство за одбран

10.50 (Видео) Автобусите заминуваат од Суми: Почна евакуацијата на цивилите

Започна тринаесеттиот ден од инвазијата на руската армија на Украина, а Русија го прекина огнот со примирје за да може да се евакуираат цивилите

10.40 Театарот во Лавов стана засолниште за украинските цивили

Театарот Лес Курбас во Лавов е претворен во привремен прифатен центар за Украинците кои побегнаа во овој историски град во западна Украина за да ги избегнат руските напади.

10:30 Нехамер: Австрија останува неутрална

Австрискиот канцелар Карл Нехамер ја прекина дискусијата за укинувањето на австриската неутралност со пораката „Австрија останува неутрална“.

„ Австрија беше неутрална, неутрална е и ќе остане неутрална“ подвлече Нехамер и рече дека за него со тоа завршила дискусијата.

10:10 Зеленски е подготвен да разговара за Крим и Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски дава шанса за решавање на конфликтот во Украина.

„ Можеме да разговараме за тоа и да најдеме компромис за тоа како луѓето ќе продолжат да живеат таму“, рече Зеленски на прашањето за можноста за признавање на Крим, Народните републики Доњецк и Луганск.

09.20 Бела куќа: Бајден се уште нема донесено одлука за забрана за увоз на руска нафта

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, се уште нема донесено конечна одлука за забраната за увоз на руска нафта, соопшти Белата куќа.

09.10 Украински медиуми: Руси пукале во автомобил, во него имало цивили кои загинале

Украински портал на англиски јазик пишува дека руски војници во близина на Киев убиваат доброволци кои им помагаат на прегладнетите животни

09.05 Путин: Нема да ги мобилизираме Русите да се борат во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да испраќа регрути и резервисти да се борат во Украина и дека офанзивата ја воделе „професионалци“ кои извршуваат „зададени задачи

09.00 Во Украина започна привремен прекин на огнот за евакуација на цивили

Русија прогласи примирје во 10 часот по московско време за евакуација на цивилите од пет украински градови, вклучувајќи го и главниот град Киев

08.55 За покажаната храброст – Претседателот на Чешка ќе му додели највисоки државни почести на Зеленски

Чешкиот претседател Милош Земан изјави дека ќе му додели највисоки државни почести на украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата храброст во соочувањето со руската инвазија, пренесува Хина

08.50 Украина тврди: Убивме битен руски генерал

Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина соопшти дека во Харков е убиен генерал-мајор на руската армија.

08.45 Пентагон: Имаме индиции кои ја потврдуваат приказната дека Путин регрутира странски борци за војната во Украина

Пентагон верува дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да регрутира странски борци за војната против Украина, изјави портпаролот Џон Кирби за Си-Ен-Ен

08.35 Украина: Руската инвазија е многу бавна, па тие прибегнуваат кон психолошка војна и ги кршат правилата на војната

Окупаторите се деморализирани и се повеќе прибегнуваат кон грабежи и ги прекршуваат правилата на меѓународното хуманитарно право за воени конфликти – соопшти украинската армија.

08.25 (Видео)Зеленски: Останувам во Киев без криење и не се плашам од никого

Останувам во Киев. Кај Банкова. Нема криење. И не се плашам од никого. Колку што е потребно за да се победи оваа војна

08.15 Кулеба потврди: Во четврток ќе се сретнам со Лавров

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба потврди дека во четврток планира да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

08.10 Цивилните жртви се зголемуваат додека руските гранатирања продолжуваат

Бројот на цивилни жртви продолжува да расте бидејќи руските воени сили гранатираа различни градови во Украина во текот на ноќта и раните утрински часови, соопшти украинската Државна служба за вонредни состојби (СЕС)

08.00 Силни експлозии во пристанишниот град Одеса

Растат тензиите во Одеса, која е клучна стратешка руска цел

 

 

 

 

 

Европа

(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери

Објавено пред

Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.

dobivaj vesti na viber

Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.

Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.

Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.

Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки

Објавено пред

Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.

dobivaj vesti na viber

Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.

Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.

Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.

Прикажи повеќе...

Европа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Објавено пред

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.

Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборува за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија1 час

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија3 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ4 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет5 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија6 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија7 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ7 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа8 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет8 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет10 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет10 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа10 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија10 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија10 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија22 часа

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...