Свет
Бајден: Нема докази дека Мариупол e целосно освоен, руски санкции за Цукерберг и Камала Харис
Ја следиме руската инвазија на Украина.
Клучни настани:
Путин го откажа нападот на фабриката за челик „Азовстал“
Руските сили ги окупираа Рубижне и Кремина во областа Луганск
ЕУ подготвува шести пакет санкции против Русија
САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем кибернапад
На Украина ѝ се испорачани делови за воените авиони, но никој не испраќа МиГ-29 кои Зеленски ги бара
Кадиров: До ручек ќе имаме целосна контрола над „Азовстал“
Русија објави четири услови за прекин на огнот во Украина
Русија лансираше интерконтинентална балистичка ракета, објавија руските прорежимски медиуми
Пентагон соопшти дека Русија „правилно го информирала за лансирањето“
Од минута во минута:
22:20 Бајден: Нема докази дека Мариупол e целосно освоен
Русија денеска објави дека го ослободила Мариупол, иако стотици украински борци и натаму се во фабриката за челик „Азовстал“.
Американскиот претседател Џо Бајден, пак, вели дека е сомнително дали Путин навистина целосно го контролира градот во јужна Украина.
Во оваа линија е и изјавата на еден од командантите и заменик-врховен командант на Азов, Свјатослав Паламар, кој за „Вашингтон пост“ се јавил директно од Мариупол.

Тој вели дека украинските маринци и Азов биле опколени во фабриката за челик „Азовстал“, која е последното упориште на бранителите на Мариупол, но дека тие продолжуваат да пружаат отпор и да се бранат.
22:15 Во два дена пронајдени мртви двајца руски олигарси и нивните сопруги и ќерки
Двајца руски олигарси се пронајдени мртви во два дена, заедно со нивните сопруги и ќерки.
За нив не биле воведени санкции од западните земји.
21:30 Познат британски архитект сака да го обнови Харков
Британскиот архитект Норман Фостер, познат по обновата на германскиот Рајхстаг и по Милениускиот мост во Лондон, понуди да помогне во обновата на Харков, град што беше делумно уништен во руската инвазија.
Фондацијата на 86-годишниот архитект објави дека Фостер во понеделникот преку видеоконференција разговарал со Игор Терехов, градоначалникот на вториот по големина украински град, кој се наоѓа на истокот на земјата.

20:30 Објавени нови сателитски снимки: „Русите прават масовни гробици во Мариупол“
Компанијата „Максар“ објави нови сателитски снимки на кои наведува дека е прикажана голема масовна гробница во близина на опколениот украински град Мариупол.
Американската компанија соопшти дека повеќе од 200 нови гробови се појавиле на местото во последните недели, а руските трупи продолжуваат да го бомбардираат регионот. Во горниот дел на сликите се гледаат ископувањата за кои станува збор.

20:00 Украина: Русите се обидоа да ја нападнат фабриката „Азовстал“
Украинските вооружени сили тврдат дека руски војници денеска се обиделе да упаднат во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.
Претходно денеска, претседателот Владимир Путин рече дека наредил руската војска да ги откаже плановите за упад во комплексот „Азовстал“, во кој се сместени преостанатите украински војници во Мариупол.
Наместо да нападне, Путин наредил челичарницата да се блокира на тој начин што „ни мува не може да излезе“.
Не е јасно дали наводниот обид за пробив се случил пред или по наредбата на Путин.
19:50 Естонија е првата земја што официјално ја нарече руската инвазија геноцид
Естонија е една од првите земји во ЕУ што ја означи руската инвазија на Украина како геноцид, пишува Euro News.
Естонскиот парламент гласаше за означување на рускиот напад како „геноцид врз украинскиот народ“ и ги повика другите влади и меѓународните организации да го сторат истото.
Маријана Беца, естонската амбасадорка во Украина, го опиша потегот на нејзината земја на како навистина историска одлука.
„Русија мора да сноси целосна одговорност за своите ужасни злосторства“, напиша Беца на „Твитер“.
19:40 Премиерите на Данска и Шпанија ветија повеќе оружје за Украина
Премиерите на Шпанија и на Данска, Педро Санчез и Мете Фредериксен денеска ветија дека ќе испратат повеќе оружје во Украина при посетата на Киев, каде во знак на поддршка се сретнаа со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Шпанија испрати нова пратка од 200 тони муниција и воени залихи во Украина, што го зголеми повеќе од двојно износот на воената помош што земјата го испрати досега, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез за новинарите во Киев, а пренесе „Ројтерс“.
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека нејзината земја ќе го зголеми својот придонес во оружје за Украина за 600 милиони дански круни (87,60 милиони долари).
19:00 Русија забрани влез во земјата за Марк Цукерберг и Камала Харис
Москва денеска го прошири списокот на лица на кои им е забранет влез во Русија. Тоа е одговор на санкциите воведени од Западот, кои им забрануваат на многу руски функционери и олигарси да влезат во западните земји.
Последната мерка на Русија вклучува забрана за американската потпретседателка Камала Харис и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг. На портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, исто така му е забранет влез во Русија.
18:45 Украина ја продолжи воената состојба за уште 30 дена
Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска ја продолжи воената состојба во земјата, која истекува на 25 април, за уште 30 дена, изјави пратеникот Алексеј Гончаренко.
„Парламентот ја продолжи воената состојба во Украина за уште 30 дена, од 25 април“, објави Гончаренко на „Телеграм“, а пренесува ТАСС.
Воената состојба во Украина беше воведена на 24 .февруари, а парламентот ја продолжи за уште 30 дена на 15 март.
Велика Британија воведе нови санкции за руски воени челници и компании поврзани со воени активности.
Британските власти истакнаа дека санкциите се насочени против руските генерали што вршеле злосторства на првите линии на фронтот, како и поединци и компании што ја поддржуваат армијата на Владимир Путин.
17:50 (Видео) Бајден: Во Украина ќе испратиме оружје во вредност од 800 милиони долари
Соединетите Американски Држави ќе испратат уште оружје во Украина во вредност од 800 милиони долари, изјави американскиот претседател, Џо Бајден.
Бајден рече дека безбедносниот пакет за Украина вклучува тешка артилерија, десетици хаубици и 144.000 парчиња муниција за тие хаубици, пренесе Си-ен-би-си.
17:00 Русија го обвини ОБСЕ: Шпионираат за Киев и ги прикриваат украинските злосторства
Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) соработува со украинската влада и се обидува да ги прикрие злосторствата на украинските екстремистички сили, изјави рускиот заменик-претставник во ОН на состанокот на Советот за безбедност.
Дмитриј Полјански ги критикува западните сили велејќи дека се лицемерни во врска со безбедносната криза во Украина.
13.40 Русија: Операцијата во Украина ќе биде завршена кога ќе се отстрани заканата од НАТО
Специјалната воена операција на Русија во Украина ќе заврши кога ќе бидат отстранети заканите дека НАТО ќе ја освои таа земја, изјави денеска за агенцијата ТАСС високиот руски дипломат Алексеј Полчук.
13.20 Русија ги затвора конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија
Русија нареди затворање на конзулатите на Летонија, Литванија и Естонија и побара од нивните вработени да ја напуштат земјата како реципрочна мерка, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.
13.50 Подољак: Во наредната недела многу работи ќе станат појасни
Советникот на Зеленски, Михаил Подољак, рече дека војната во Украина може да заврши со директни преговори меѓу украинскиот и рускиот претседател.
12.45 Градоначалникот на Харков: Градот е под силно руско бомбардирање
Вториот по големина украински град Харков, на североистокот на земјата, денеска е под интензивно руско гранатирање, изјави градоначалникот Игор Терехов, пренесува „Ројтерс“.
⚡️Людмила Денісова: Російська загарбницька армія продовжує масовані удари по мирних містах та цивільній інфраструктурі.
20 квітня обстрілювали Донецьку, Луганську, Дніпропетровську, Харківську області і місто Харків.
Про наслідки ➡️https://t.co/P3DSvCSAty pic.twitter.com/h4dYqomBYZ— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) April 21, 2022
12.40 Зеленски: Русија мора да биде прогласена за држава која го спонзорира тероризмот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Руската Федерација мора да биде прогласена за држава која го спонзорира тероризмот, а нејзините вооружени сили за терористичка организација.
9:54 Путин го откажа нападот на индустриската зона во Мариупол
Рускиот претседател Владимир Путин нападот на индустриската зона во Мариупол го нарече несоодветен и нареди да се откаже.
9:20 ЕУ подготвува шести пакет санкции против Русија, Зеленски: Ќе биде многу болно
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европската Унија планира шести пакет санкции против Русија.
„Работиме на тоа да го направиме ова навистина болно за руската воена машина и за руската држава како целина“, рече Зеленски, додавајќи дека имал „многу темелни разговори“ со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за одбранбените и финансиските прашања, како и санкции.
9:12 (Видео) Чеченците и руската војска го окупираа Рубижне, градот е претворен во урнатини
Чеченските борци предводени од Рамзан Кадиров, заедно со другите руски и проруски сили, го зазедоа градот Рубижне и блиската Кремина во украинскиот регион Луганск, според снимките што кружат на социјалните мрежи.
9:05 САД и сојузниците испратија предупредување: Русија планира голем кибернапад
Пет сојузници, вклучително и САД, предупредија дека новите разузнавачки информации покажуваат дека Русија е подготвена да изврши силни кибернапади врз ривалите кои ја поддржуваат Украина.
9:00 На Украина ѝ се испорачани делови за воените авиони, но никој не испраќа МиГ-29 кои Зеленски ги бара
Украинското воено воздухопловство приспособило уште 20-тина борбени авиони благодарение на приливот на резервни делови, изјави висок припадник на американската одбрана.
Иако офицерот не сакаше да прецизира која земја ги испорачала деловите за авионите, тој рече дека САД и другите земји работат на набавка на деловите потребни за украинската авијација.
8:45 Кадиров: До ручек ќе имаме целосна контрола над „Азовстал“
Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.
8:30 Русија објави четири услови за прекин на огнот во Украина
Висок функционер на руското Министерство за надворешни работи објави четири услови за завршување на војната.
„Руската специјална воена операција ќе заврши кога НАТО ќе престане да ја користи украинската територија за да ѝ се заканува на Русија“, изјави Алексеј Полшчук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

