Свет
(Видео) Возила и објекти потонати под вода, од поплавите во Италија eвакуирани околу 900 луѓе

Околу 900 луѓе се евакуирани од своите домови поради поплавите во Италија предизвикани од новиот бран дождови.
Над 500 луѓе се евакуирани во областа Равена, а 200 во Болоња, јавува АНСА.
На социјалните мрежи се појавија снимки од големите поплави каде се гледаат возила и објекти потонати под вода.
Massive floods and landslides after heavy rains in Emilia-Romagna region, Italy 🇮🇹
TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/yGt3fY7gqR
— Disaster News (@Top_Disaster) May 16, 2023
Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат во итни случаи, вклучително и многу кои пристигнале од соседните региони.
Железничкиот оператор РФИ соопшти дека поради екстремни временски услови мора да бидат прекинати услугите на линиите Болоња-Римини, Форли-Римини, Ферара-Римини и Равена-Римини.
Во регионот Марке, силни поплави беа пријавени во градот Пезаро, додека властите на Сенигалија апелираа до граѓаните околу реката Миса да се префрлат на горните катови на зградите.
Нов бран на екстремни временски услови се појави откако Емилија Ромања беше погодена од невреме на почетокот на месецот во кое две лица загинаа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.