Свет
Од Триполи евакуирани 3.000 камили поради ракетни напади
Од главниот град на Либија, Триполи, беа евакуирани 3.000 камили, по ракетен напад врз градското пристаниште кој беше спроведен минатиот вторник.
Камилите биле изнесени од Триполи кратко по полноќ во средата и пеш по автопат дошле до градот Завија, на околу 45 километри западно од Триполи во четвртокот наутро, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на изјава од локален трговец.
Тој додал дека локална вооружена група украла 125 камили додека минувале во предградие на Триполи.
Репортер на „Ројтерс“ видел околу 20 камшикари кои се обидувале да ги скротат камилите кои сакале да дојдат до храна околу патот кога го напуштале центарот на Триполи.
Безбедносните сили привремено го затвориле патот за да можат камилите да поминат.
Трговецот рекол дека камилите ги купил друг бизнисмен од Завија.
Пристаништето во Триполи, во близина на центарот на градот, беше бомбардирано во вторникот од силите лојални на генералот Калифа Хафтар, кои почнаа офанзива за заземање на главниот град пред 10 месеци. Триполи инаку се смета за седиште на меѓународно признатата либиска влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

