Свет
Путин му се закани на Западот, ЕУ планира нов моќен удар
Продолжува војната во Украина.
Клучни моменти:
Утринава целосно беше прекинат приливот на руски гас во Полска откако Русија најави прекин на испораките бидејќи Варшава одби да плати во рубљи
Советникот на Зеленски даде свое предвидување за тоа колку долго ќе трае војната
Експлозии во близина на рускиот град Белгород. Гори магацин за муниција, соопштија локалните власти. Пожарот во меѓувреме бил изгаснат
Борис Џонсон не верува дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје
Руските вооружени сили погодија четири украински магацини за оружје, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
Бугарија потврди дека Русија од утре ќе ја прекине испораката на гас за земјата
ОН тврдат дека Путин „начелно се согласил“ ОН и Црвениот крст да евакуираат цивили од фабриката за челик Мариупол
Од час во час:
22:10 ЕУ подготвува нов удар за Путин: За следната недела се најавува забрана за увоз на руска нафта
Би-би-си, повикувајќи се на дипломатски извори од ЕУ, наведува дека Унијата следната недела би можела да објави забрана за увоз на руска нафта.
Целта на ЕУ е забраната за увоз на нафта да биде доволно строга за да му нанесе сериозна штета на Путин, но во исто време не толку строга за драматично да ги потресе светските пазари на нафта, посочиле изворите.
21:15 ОН формира тим за евакуација на цивили од Мариупол
Обединетите нации формирале тим за евакуација на цивили од Мариупол, соопшти заменикот официјален претставник на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак.
Како што изјави тој, услови за евакуација од фабриката за челик „Азовстал“ засега не се обезбедени, но контактите со Русија и Украина продолжуваат, пренесе агенцијата „Спутник“.
20:25 Ќе смислиме нови санкции против Русија, вели полскиот премиер
Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, денеска изјави дека Русија досега успеала да им одолее на санкциите и затоа Варшава се обидува да смисли нови ограничувања.
На прашањето дали земјата ќе преземе нешто по прекинот на испораката на гас, Моравјецки рече дека властите на земјата ќе направат сè Русија да биде одговорна според договорот, бидејќи нејзините постапки ги прекршуваат законите и тој договор.
19:15 (Видео) Апел на командантот на маринците во „Азовстал“: Имаме 600 ранети, снемува храна и вода
Серхиј Волина, вршител на должноста командант на маринците во „Азовстал“, рече дека има повеќе од 600 ранети борци и цивили во фабриката за челик во Мариупол. Тој вели дека нема лекови или услови за третман на ранетите, додавајќи дека стотици цивили живеат во ужасни услови и дека им снемува храна и вода.
18:30 Украина: Ги нападнавме Русите на Змискиот остров
Украинската војска соопшти дека ги бомбардирала руските позиции на Змискиот остров во Црното Море, симбол на украинскиот отпор од инвазијата на руските сили на 24 февруари.
„Нашите сили ги нападнаа непријателските позиции на Змискиот остров“, објави јужната команда на украинската армија на „Фејсбук“ во вторникот вечерта, тврдејќи дека погодиле контролен пункт и го уништиле противвоздушниот систем.
„Загубите на Русија се утврдуваат“, се наведува во извештајот.
Русија не потврди напад на островот што го окупираше веднаш по почетокот на инвазијата.

17:00 Путин: Ќе му се одмаздиме на секој што ќе се вклучи во конфликтот
Рускиот претседател Владимир Путин денеска пред Советот на законодавци во Санкт Петербург зборуваше за војната во Украина.
Тој испрати предупредување до западните земји, велејќи дека западните планови за економско уништување на Русија пропаднале.
Путин додаде и дека Русија брзо ќе им се одмазди на сите земји кои ќе се обидат да се вмешаат во конфликтот.
16:50 Кремљ: Го исклучуваме гасот поради невиденото непријателство кон Русија
„Поставените услови се дел од новиот начин на плаќање, разработен по невидените непријателски дејствија на економско и финансиско поле, по руската офанзива во Украина“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по прекинот на испораката на руски гас за Бугарија и Полска.
15:55 Германија предупредува дека ситуацијата во Молдавија е исклучително критична
„Не е јасно кој стои зад нападите што се случија во отцепениот молдавски регион Придњестровје“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Од прорускиот отцепен регион Придњестровје во Молдавија велат дека од Украина било пукано на село во кое се наоѓа складиште за муниција, а најновиот извештај предизвикува загриженост дека конфликтот во Украина може да ескалира.
14:00 Сепаратистите во Молдавија тврдат дека повторно биле нападнати од Украина
Министерството за внатрешни работи на молдавскиот отцепен регион утринава излезе со соопштение во кое тврди дека самопрогласената република била нападната од Украина.
13:00 Русија: Погодивме складиште за оружје од САД и европските земји со ракети „калибар“
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски ракети „калибар“ погодиле складиште за оружје во областа Запорожје во Украина. Русите тврдат дека е уништено оружје од САД и западните земји.
Шефот на рускиот парламент изјави дека рускиот гигант „Газпром“ донел правилна одлука со целосно прекинување на испораката на гас за Бугарија и Полска.
Вјачеслав Володин, шефот на долниот дом на рускиот парламент, на својот канал Телеграм напиша дека Русија „треба да го стори истото со другите непријателски земји“.
11:40 Петков за одлуката на „Гаспром“: Ова е еднострана уцена на Москва
Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека одлуката на Русија за прекин на испораката на гас за Бугарија е уцена и дека Софија ги разгледува сите договори со „Гаспром“, вклучително и транзитот на руски гас за Србија и Унгарија.
„ Предупредувањето на Русија да ја прекине испораката на гас за Бугарија поради барање за промена на шемата за плаќање е сериозно кршење на постоечкиот договор и претставува уцена“, рече Петков.
11:30 Нови напади на руските сили на „Азовстал“ – повторно без договор за евакуација на цивили од Мариупол
Руските сили денеска ја нападнаа фабриката за челик „Азовстал“, во која се сместени украински борци и голем број цивили во градот Мариупол, изјави помошник-градоначалник на градот, Петро Андриушченко.
11:28 Бугарија лута на „Газпром“: Плативме, а испораката на гас ни е прекината
Бугарија вели дека веќе целосно ги платила испораките на гас во април и го обвини „Газпром“ за прекршување на договорот.
„Во моментот гасот повеќе се користи како политичко и економско оружје во актуелната војна“, изјави бугарскиот министер за енергетика Александар Николов.
11:20 Лајен за прекин на испораката на рускиот гас: Ова е уцена
Одлуката да се запре снабдувањето со руски гас за клиентите во Европа е инструмент за уцена, вели претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„ Потегот е неоправдан и неприфатлив и ја покажува несигурноста на Русија како снабдувач со гас“, рече Фон дер Лајен.
09:15 (Видео) Изгаснат пожарот во складиштето за муниција кај рускиот град Белгород
Пожарот во складиштето за муниција во близина на рускиот град Белгород е изгаснат.
„ Пожарот кај селото Стараја Нелидовка е изгаснат“, напиша регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович оцени дека војната со Русија би можела да трае до крајот на оваа година.
„ Оружјето што неодамна го набавија украинските сили може, сепак, „сериозно да влијае“ на борбите кон крајот на мај или почетокот на јуни. Војната најверојатно ќе продолжи уште многу месеци, „мора да бидеме подготвени за долга приказна“ рече Арестович во интервјуто објавено на „Јутјуб“.
09:10 Советникот на Зеленски даде свое предвидување за тоа колку долго ќе трае војната
Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович оцени дека војната со Русија би можела да трае до крајот на оваа година.
„ Оружјето што неодамна го набавија украинските сили може, сепак, „сериозно да влијае“ на борбите кон крајот на мај или почетокот на јуни. Војната најверојатно ќе продолжи уште многу месеци, „мора да бидеме подготвени за долга приказна“ рече Арестович во интервјуто објавено на „Јутјуб“.
09:05 Шефицата на британската дипломатија: Ако Путин успее, страдањето во Европа ќе биде незамисливо
Земјите кои се противат на руската инвазија на Украина мора да ја удвојат поддршката за Киев, вклучително и снабдувањето со тешко оружје, тенкови и авиони, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
„ Илјадници луѓе беа убиени во најголемиот напад на европска земја од Втората светска војна и направи хаос низ Украина, принудувајќи го Западот да го преиспита својот пристап кон заштитата и глобалната стабилност“ порача таа.
08:57 Серија експлозии околу рускиот град Белгород, запалено складиште за муниција
Серија експлозии одекнале утрово во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков и додаде дека гори складиште за муниција.
08:53 Зеленски: Зад експлозиите во прорускиот регион Молдавија стојат руски специјални служби
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските специјални служби стојат зад серијата експлозии во прорускиот отцепен регион Молдавија.
Во Приднестровје, кое се граничи со Украина, последните денови имаше голем број напади. Уништени се две радиокули, нападната е воена единица, имаше експлозии и во Министерството за државна безбедност, кое наводно било погодено од фрлач на гранати.
08:44 „Гаспром“: Ги прекинавме сите испораки на гас за Полска и Бугарија
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ тврди дека ги прекинал сите испораки на гас и за Бугарија и за Полска, откако двете земји одбија да почнат да плаќаат за испораките во рубли.
Претходно, и полските и бугарските добавувачи на гас соопштија дека добиле официјални известувања од „Гаспром“ дека испораките ќе бидат прекинати.
08:38 Џонсон: Не верувам дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека не очекува рускиот претседател Владимир Путин да употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина.
08:30 Конашенков: Погодени четири украински складишта со оружје
Руските вооружени сили со прецизни ракети погодија четири украински магацини за оружје во областа Славјанск и Дружковка (фронтот Донбас), соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.
„ Ракетните сили и артилерија завршија 100 задачи во текот на денот. Погодени се пет командни центри на украинските сили, 81 позиција на војниците, како и осум артилериски батерии“ изјави Конашенков, пренесува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто: Ќе се спротивставиме на украинската уцена до крај
Унгарија и Словачка ќе се спротивстават на украинската уцена до крај, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Според соопштението од министерството, Сијарто во својата изјава нагласи дека Украина врши „политичка уцена“ против Унгарија и Словачка и дека раководството во Киев лаже дека транспортот на сурова нафта не може да се рестартира поради оштетување на нафтоводот „Дружба“.
„Вистината, сепак, е дека нема проблеми со нафтоводот“, додаде тој.
„Украинците сакаат да ни предизвикаат криза во снабдувањето со нафта… но ние не сме родени вчера. Ќе се браниме заедно со словачката влада. Донесовме потребни одлуки за ослободување на резервите, а Мол ги нарача потребните количини по море“, рече тој.
„Потврдивме дека ќе стоиме еден покрај друг до самиот крај, а исто така ја уверив словачката министерка за економија Дениса Сакова дека, сè додека Украинците нè влечат, ќе ја блокираме секоја одлука во Брисел што би била од корист за интересите на Украинците“, додаде тој.
Свет
Роберт Де Ниро ги повика Американците да му се спротивстават на Трамп: „Тој е непријател на нашата земја“
Роберт Де Ниро неодамна се појави во подкастот „Најдобрите луѓе со Никол Волас“, каде што ги повика Американците да му се спротивстават на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација за да ја „спасат земјата“.
„Нашата земја е во прашање, а Трамп ја уништува. Којзнае кои се неговите причини, но тоа е лошо, сè е за*бано. Мораме да ја спасиме земјата“, рече Де Ниро.
Потоа актерот го нарече Трамп „непријател на оваа земја“ и додаде: „Да не се лажеме. Едноставно е. Сите мора да се здружиме за да ги отстраниме и да се вратиме на вистинскиот пат“.
Во текот на интервјуто, Де Ниро постојано ги повикуваше Американците да се спротивстават на администрацијата на Трамп.
„Луѓето мора да се спротивставуваат, да се спротивставуваат, да се спротивставуваат, да се спротивставуваат и да се спротивставуваат. Тоа е единствениот начин. Нема магија, ништо – овие луѓе нема да исчезнат, дури и ако Трамп почине од болест или нешто слично“, рече тој. „Делови од тоа движење се уште се таму и тоа е страшно. Луѓето мора да го неутрализираат.“
Роберт Де Ниро е еден од најгласните критичари на Доналд Трамп во Холивуд. Минатиот октомври, актерот се појави во видео објавено на TikTok од политичката активистичка група Indivisible, повикувајќи ги граѓаните да протестираат под името „Без кралеви“.
„Оригиналниот протест „Без кралеви“ се случи пред 250 години“, рече Де Ниро во видеото. „Американците тогаш одлучија дека не сакаат да живеат под власта на кралот Џорџ III. Тие прогласија независност и водеа крвава војна за демократија. Оттогаш, имавме два и пол века демократија – честопати предизвикувачки, понекогаш хаотични, но секогаш неопходни“.
„Сега имаме некој кој сака да биде крал кој сака да ни го одземе тоа: Кралот Доналд I. Повторно се креваме, овој пат ненасилно, кревајќи го нашиот глас да кажеме: Без кралеви“, заклучи тој.
Свет
Братот на Џефри Епстин: Нов извештај ќе докаже дека тој бил убиен
Братот на Џефри Епстин тврди дека нов извештај ќе докаже дека озлогласениот финансиер бил убиен. Марк Епстин го кажа ова во емисијата „Нецензурирано“ на Пирс Морган, по што луто го прекина интервјуто кога водителот го праша за жртвите на неговиот брат, објавува „Дејли Меил“.
Разговарајќи со Пирс Морган, Марк Епстин рече дека сега верува уште повеќе дека неговиот брат бил убиен, додавајќи дека тим патолози моментално ги проучува наодите од обдукцијата што требало да се направат на почетокот.
„Тие го финализираат и составуваат извештајот што наскоро ќе биде објавен и е рецензиран од колеги. Во него се наведени голем број причини што покажуваат дека не можело да биде самоубиство, како што се тврди“, додаде тој.
Марк, кој е агент за недвижности, заклучи: „Ќе се покаже без сомнение дека не станува збор за самоубиство… а потоа прашањето станува кој го убил и кој го нарачал убиството“.
Осврнувајќи се на исчезнувањето на снимките од надзорните камери од затворот „Метрополитен“ во Њујорк, каде што Епстин беше пронајден мртов во 2019 година, како и на наводното прикривање и цензура на официјални документи, Марк праша: „Зошто сите овие игри? Зошто сето ова замаглување? Едноставно нема смисла“.
Сепак, кога Морган го праша за жртвите на неговиот брат и дали знаел што правел пред да умре, тој агресивно ги отфрли прашањата.
„Искрено, за жал, навистина не ме интересира. Се што ме интересира е дека мојот брат, кој и да бил и што и да бил, е убиен. Тоа е мојата загриженост“, рече Марк.
Кога беше притиснат за понатамошен коментар за жртвите, Марк рече: „Тоа се работи во кои не се впуштам. Имајте убав ден“, пред нагло да го прекине повикот.
Марк, исто така, рече дека немал поим за злосторствата што ги извршил неговиот брат пред неговата смрт: „Многу од она што излезе на виделина ме изненади. Не бев свесен за тие работи.“
Уште во 2005 година, полицијата во Флорида отвори кривична истрага против Епстин во Палм Бич откако родителите на 14-годишно девојче пријавиле дека тој ѝ платил за масажа. Полицијата разговарала со неколку малолетни девојчиња кои тврделе дека Епстин сексуално ги злоставувал во неговата вила, во средби што започнале како масажи.
Федералните обвинители подоцна утврдиле дека циклусот на злоупотреба започнал уште во 2002 година. Во 2006 година, тој беше обвинет по едно државно обвинение за наведување проституција. Сепак, локалната полиција го упати случајот до ФБИ, велејќи дека обвинението не го одразува „целосниот обем на однесувањето на Епштајн“.
Две години подоцна, Епстин се изјасни за виновен по државните обвиненија за наведување проституција и наведување малолетно лице под 18 години. За ова добил само 18 месеци затвор со минимално обезбедување и му било дозволено да го напушта затворот 12 часа на ден за работа. Тој бил ослободен по само 13 месеци.
Откако беше уапсен од федералните агенти во 2019 година, Епстин беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Њујорк. Иако главниот медицински испитувач на градот ја прогласи неговата смрт за самоубиство, има сè повеќе докази дека можеби е убиен.
Според документите објавени од Министерството за правда на САД, истражителите користеле снимки од надзорните камери од ноќта на смртта на Епстин за да видат нејасна, портокалова фигура како се движи по скалите кон крилото на затворот каде што се наоѓала неговата ќелија. На затворениците им биле дадени портокалови униформи и постелнина, но фигурата била забележана во 22:39 часот, кога затворениците требало да бидат заклучени. Помалку од осум часа подоцна, телото на 66-годишниот Епстин било пронајдено во неговата ќелија.
Сомнежи за официјалната верзија на настаните се покренати и од федералното соопштение за неговата смрт, кое датира од денот пред неговата смрт. Документот, издаден од Канцеларијата на американскиот обвинител за Јужниот округ на Њујорк, е датиран во петок, 9 август 2019 година, и во него се наведува дека Епстин веќе бил пронајден во несвест и прогласен за мртов. Сепак, затворските записи и официјалните извештаи покажуваат дека не бил пронајден до утрото на 10 август 2019 година.
фото/Depositphotos

