Европа
(Од час во час) Русија протера 40 германски дипломати, Кулеба: Доста е од изговори и полумерки
Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 61. ден
Клуни настани:
Нова испорака на тешко оружје од Лондон пристигнува во Украина
Голем пожар избувна во руско складиште за нафта
Американскиот државен секретар и секретарот за одбрана го посетија Киев и разговараа со Зеленский
Руските сили продолжуваат со нападите врз Азовстал
Од час во час:
21:00 Експлозии во Молдавија – нападнатa зградата на државната безбедност
Серија експлозии ја потресоа зградата на државната безбедност во Тираспол во Придњестровје, одметната проруска територија во Молдавија.
Неколку часа откако руското Министерство за одбрана денеска објави дека една од целите е „да се воспостави копнен контакт со Придњестровје“, руско ориентиран, отцепен регион на Молдавија на границата со Украина, молдавските власти известија за експлозии во Тираспол, главниот град на Придњестровје.
20:16 Русија ѝ се закани на Хрватска: Ова нема да помине без одговор
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го нападна официјален Загреб.
Таа ја обвини хрватската влада дека „систематски, со упорност која подобро би се искористила за нешто покорисно, развива антируска линија, упорно и систематски ги уништува билатералните односи, буквално се спушта на ниво на интрига“.
16:13 Кулеба со критики до светските лидери: Доста е од изговори и полумерки
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба ги критикуваше светските лидери за, како што рече, нивните „изговори и радиуси“ и ја повика Европската унија да воведе ембарго на руската нафта.
„ Ако светските лидери и компании се сериозни за ставање крај на руските воени злосторства, тие прво мора да му ги одземат приходите од нафтата на Путин. Имаше многу изговори и полумерки додека Украинците се бомбардирани, убивани, мачени и силувани“, објави Кулеба на Твитер.
16:00 Русија прогласи 40 германски дипломати за персона нон грата
Како одмаздничка мерка Москва прогласи за персона нон грата 40 вработени во германските дипломатски претставништва во Русија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Русија има богата воена техника. Ударните игли се самоодната хаубица 2S35 Coalition-SV, МИГ-31 која носи хиперсонична балистичка ракета воздух-земја, системот Красуха за електронско војување, неодамна потонатиот воен брод Москва, а предводник на руската армија, пред се на воздухопловните сили, е разузнавачкиот и јуришен хеликоптер алигатор Ка-52.
Според украинските медиуми, Командата на воздухопловните сили на Украина соопштила дека пред неколку дена собориле руски хеликоптер Ка-52.
A Russian Ka-52 helicopter was reportedly shot down in Zaporizhzhia Oblast by Ukrainian National Guard troops with a MANPADS. https://t.co/hErVK61yjC pic.twitter.com/MpNxxvzMI8
— Rob Lee (@RALee85) April 21, 2022
15:17 Захарова: Киев да престане да ги користи цивилите како жив штит
Цивилите ќе можат да ја напуштат индустриската зона Азовстал во Мариупол, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
14.35 Во гранатирањето на Доњецк загинаа пет лица, меѓу кои и две деца
Пет лица, меѓу кои две деца, загинаа вчера при руското гранатирање на Доњецк, потврди денеска гувернерот Павло Кириленко
Вашингтон би сакал Русија да биде ослабена до тој степен што повеќе не може да го прави она што го направи со напад на Украина, изјави шефот на Пентагон, Лојд Остин.
Рускиот претседател Владимир Путин упати сериозни обвинувања против Украина и САД, велејќи дека западното разузнавање им дава инструкции на украинските неонацисти.
12.40 Русија објави прекин на огнот за цивилите во фабриката Азовстал во Мариупол
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните војници ќе ги прекинат воените дејствија за да им дозволат на цивилите да ја напуштат фабриката за челик Азовстал во опколениот украински град Мариупол.
11.50 Германија се подготвува да испорача воени возила на Украина
Германската компанија за наменска индустрија „Реинметал“ побара одобрение за извоз на 100 стари борбени пешадиски возила „Мардер“ во Украина.
11.40 Зеленски: Русија ѝ го „честита“ Велигден на Украина со ракетни напади
Русија и го честиташе Велигден на Украина со „ракетни напади“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски
11.30 Блинкен: Украина ќе постои многу подолго од Путин на политичката сцена
Се разбира, го гледаме токму спротивното. Не знаеме како ќе продолжи оваа војна, но знаеме дека суверена и независна Украина ќе трае многу подолго од Путин на политичката сцена
First pictures of Anthony Blinken’s meeting with Zelensky appear on Telegram in Ukraine pic.twitter.com/gtWCypSSRK
— ?????? (@0419R7264968959) April 25, 2022
10.15 Блинкен: Вашингтон ќе му помогне на Киев во преговорите со Москва
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го посети Киев каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Szef Pentagonu ??@SecDef złożył w niedzielę wizytę w Kijowie wraz z sekretarzem stanu USA ??@SecBlinken. Amerykańscy ministrowie rozmawiali z prezydentem Ukrainy ??@ZelenskyyUa m. in. o dalszym wsparciu USA i ich sojuszników dla walczącego z Rosją kraju#wieszwięcej pic.twitter.com/fw8bV3cecn
— tvp.info ?? (@tvp_info) April 25, 2022
10.10 Руските војници убиле 215 украински деца
Руските војници убиле 215 деца и раниле уште 391 во Украина од почетокот на инвазијата.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин одржа прес-конференција откако го посети Киев заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Szef Pentagonu ??@SecDef złożył w niedzielę wizytę w Kijowie wraz z sekretarzem stanu USA ??@SecBlinken. Amerykańscy ministrowie rozmawiali z prezydentem Ukrainy ??@ZelenskyyUa m. in. o dalszym wsparciu USA i ich sojuszników dla walczącego z Rosją kraju#wieszwięcej pic.twitter.com/fw8bV3cecn
— tvp.info ?? (@tvp_info) April 25, 2022
09.50 Русија бара од САД да ја прекине испораката на оружје за Киев
Русија испрати порака до САД со барање за прекин на испораката на оружје за Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.
09.40 Киев: Гутереш нема овластување да разговара со Путин во име на Украина
Советникот на претседателот на Украина го критикуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за претстојната средба во Москва со претседателот на Русија и министерот за надворешни работи, нагласувајќи дека Гутереш „нема овластување да зборува во име на Украина“.
09.30 Напад на пет железнички станици во Украина
Шефот на украинските железници утринава потврди дека пет железнички станици во централна и западна Украина биле под оган.
5 railway stations shelled during one hour today in the morning. 16+ passenger trains delayed. Casualties reported, details later. #russians keep destroying #ukrainian railway infrastructure.
— Alexander Kamyshin (@AKamyshin) April 25, 2022
Бараат 5.000 и се закануваат дека следното видео што ќе го добијат ќе биде егзекуција на нивните синови. Руските војници се повеќе потсетуваат на милитантите на ИСИС. Русија мора да биде признаена како терористичка држава
This video was sent by ?? soldiers to a mother of ?? captive. They demand €5000 and threat that the next video she gets will be her son’s execution. ?? soldiers are increasingly similar to ISIS militants. ?? must be recognized as a terrorist-state. pic.twitter.com/YBieljCe6V
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) April 25, 2022
09.15 Руските сили продолжуваат со нападите врз Азовстал
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили продолжиле со ракетни и артилериски напади врз украинските позиции во областа на фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
08.50 Велика Британија: Русите имаат помал успех, Украинците ги исцрпија во Мариупол
Русија постигна мал напредок во некои области откако го префрли својот фокус на целосна окупација на Донбас. Без доволна логистичка и борбена поддршка, Русија допрва треба да направи значителен напредок.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 25 April 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/7NVrOfB161
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/OfcnHgGfR3
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) April 25, 2022
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му кажа на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивниот вчерашен состанок во Киев дека американските дипломати ќе се вратат во Украина.
Zelensky meets with Blinken, Austin in Kyiv: reports https://t.co/5otZm3aMH7 pic.twitter.com/mgoZN0VJPi
— The Hill (@thehill) April 24, 2022
08.25 Голем пожар избувна во руско складиште за нафта
Голем пожар избувна во складиште за нафта во Брјанск, Русија, јавуваат руските новински агенции, повикувајќи се на тамошното Министерство за вонредни ситуации.
08.15 Украина предлага преговори до фабриката за челик Азовстал
Украина и предложи на Русија преговори во близина на огромниот металуршки комплекс Азовстал во Мариупол, последното упориште на украинските ветерани и цивили во пристанишниот град под контрола на Русија.
08.00 Нова испорака на тешко оружје од Лондон пристигнува во Украина
Обединетото Кралство ќе и испорача на Украина 20 хаубици АС-90 со калибар 155 милиметри и 45.000 гранати, пренесуваат британските медиуми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев
Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.
I was glad to welcome our Croatian friends to Kyiv, Prime Minister @AndrejPlenkovic and my colleague @grlicradman. We are grateful to friendly Croatia for its support and solidarity. Thank you for being with us on this symbolic date. pic.twitter.com/yeaZXPSRCn
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.
„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четири години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на ‘пред’ и ‘после’. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.
Welcome to Kyiv, dear allies, and thank you for standing with Ukraine today and throughout four years of Russia’s brutal full-scale war.
I was glad to welcome @EU_Commission President @vonderleyen and @eucopresident Antonio Costa at the Kyiv Central.
February 24th, 2022, has… pic.twitter.com/p9v1YJMxOc
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев.
„Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичките Г8, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.
Претходно беше објавено дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така пристигнаа во Киев. Советот на Европа, исто така, ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.
Европа
(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина, потсетувајќи се на првите денови од војната, жртвите на руската агресија и силата на украинските војници и целиот народ.
Во видеото, тој ја покажа и внатрешноста на бункерот на улицата Банкова во Киев, од каде што им се јавил на светските лидери и побарал оружје во раните денови од војната.
„Денес се навршуваат точно четири години откако Путин го започна својот тридневен поход врз Киев. Самото ова многу кажува за нашиот отпор, за тоа како Украина се бореше цело време. Зад овие зборови стојат милиони наши луѓе. Зад овие зборови стои огромна храброст, неверојатно напорна работа, издржливост и долгиот пат по кој се движи Украина од 24 февруари“, рече Зеленски.
Во видеото, Зеленски ги покажа долгите ходници и канцеларии на бункерот каде што тој и стотици соработници одржуваа дневни воени брифинзи, телефонски повици и бараа решенија.
„Нашите луѓе не го кренаа белото знаме, туку го бранеа сино-жолтото. А окупаторите, кои мислеа дека тука ќе бидат пречекани од масите со цвеќиња, наместо тоа видоа редици пред регрутните центри. Нашиот народ избра отпор“, рече Зеленски.
„Нашите воини останаа непоколебливи, а цивилите ги бранеа градовите и селата, улиците и дворовите. Обичните луѓе буквално формираа човечки ѕидови, запираа колони од воени возила и заедно го покажаа единствениот правилен пат кон залутаната Русија“, се присети тој на првите денови од војната.
Тој, исто така, се потсети на првите жртви на руската агресија во Буча, Ирпин, Бородјанка, Мариупол и други градови, масовните гробници и нападите врз станбени згради и породилишта.
„Мажите не се борат вака. Луѓето не се однесуваат вака. Украинците нема да го заборават ова. Нека овие видеа ги видат сите што немаат грижа на совест, сите што сè уште му подаваат рака на руското зло и сè уште купуваат нафта од Путин“, рече претседателот.
Зеленски нагласи дека Украина поминала долг пат, од потпирање на донирани панцири до напредни системи како што се борбени авиони „Патриот“, „Ирис-Т“, „НАСАМС“ и „Ф-16“, како и сопствено оружје со долг дострел.
Украина денес произведува повеќе од 3 милиони беспилотни летала годишно, соборува стотици беспилотни летала „Шахед“ за една ноќ и е способна да спроведува големи операции.
Претседателот, исто така, им оддаде почит на паднатите украински бранители.
„Драги луѓе, силата што нè одржуваше сите овие години сте вие. Нашиот народ. Нашиот отпор сте вие. Украински мажи. Украински жени. Сите што не се откажуваат. Нашите очи можеби се уморни, но грбот не ни е скршен. Сакам да им се заблагодарам на сите што ја носат независноста на своите рамена. На секој воин за вашата сила. На вашите родители, вашите деца, вашите сопруги и сопрузи за нивната издржливост“, рече тој.
„Им се заблагодарувам на сите чија работа ја прави Украина посилна. На оние што враќаат светлина и топлина во нашите домови. На оние што лекуваат. На оние што волонтираат. На оние што предаваат. На оние што учат, на универзитети или во училишта, и кои го учат најважното нешто: да се биде човек, да бидат Украинци. Горд сум на вас. Верувам во секој од вас. Во сите вас на кои, без никакво претерување, имам чест да им кажам: Големи луѓе на голема Украина“, рече тој.
Тој додаде дека Украина се соочува со „најсуровата зима во историјата“, но дека „пролетта е за помалку од една недела“. „Путин не ги постигна своите цели. Тој не ги уништи Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да обезбедиме мир и правда“, заклучи Зеленски.
Европа
Фон дер Лајен и Коста пристигнуваат во Киев на годишнината од инвазијата
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот, Антонио Коста, денес треба да пристигнат во Киев, каде што Украина ја одбележува четвртата годишнина од руската инвазија. Се очекува двајцата лидери на ЕУ да присуствуваат на комеморација со неколку европски лидери и да изразат солидарност со Украина.
Тие, исто така, планираат да посетат места оштетени од руските воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура. Сепак, посетата е во сенка на Унгарија и Словачка, кои ги блокираат новите санкции против Русија.
Унгарија, исто така, вчера стави вето на пакетот помош на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина, од кои 60 милијарди евра се наменети специјално за нејзина одбрана од руска агресија. Се смета дека двете земји имаат најблиски односи со Москва меѓу земјите-членки на ЕУ.
На меѓународно ниво, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер организираат видеоконференција на таканаречената Коалиција на волните, во која е вклучена и Германија, за да ја одбележат годишнината. Високи политичари од ЕУ собрани во Киев, исто така, ќе учествуваат на конференцијата.

