Европа
Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради коронавирусот

Од 1 август стапува во сила новата регулатива за влез во Австрија од земји со зголемен епидемиолошки ризик.
Според новата регулатива, потврдата за вакцинација на лица помлади од 18 години нема да има рок на важност. За возрасните правилото не се менува и потврдата за целосна имунизација важи 270 дена.
Дополнително, австриските власти прифатија уште една кинеска вакцина „конвидеција“, произведена од „Кансино биологикс“. Станува збор за векторска вакцина, која се дава само во една доза.
Засилена доза се препорачува од четири до шест месеци по вакцинацијата.
Инаку, правилата за влез во земјата важат за земји со висок епидемиолошки ризик, но во моментот ниту една земја не е вклучена на таа листа од австриските власти, пренесе „Блиц.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Во Турција притворени јутјубер и рапер поради шега за исламот

Турските власти во вторникот вечерта им одредија притвор на двајца мажи до судењето откога обвинителите изјавија дека нивната онлајн-емисија содржи шега што се однесува на хадисот, или учењата на пророкот Мухамед, а за која веруваат дека може да поттикне верска омраза, објави „Ројтерс“.
🔴 Trend Topic: #SoğukSavaş
“Soğuk Savaş” adlı YouTube programında bir Hadis-i Şerif üzerinden Hz. Muhammed ile alay edildiği iddia edildi.
Ayrıca Şeyh Said hakkında yapılan esprilerin Kürtlere hakaret içerdiği öne sürüldü.
Tepkiler sonrası programcı Boğaç Soydemir özür… pic.twitter.com/lrsfoNjLVn
— Irya Intelligence (@iryatr) September 22, 2025
Истанбулскиот суд нареди притвор на јутјуберот Богач Сојдемир, водител на програмата „Согук Савас“, и за неговиот гостин, раперот Енес Акгундуз, откога властите изјавија дека емисијата содржи шега за хадисот; „виното е мајка на секое зло“.
Обвинителите тврдат дека забелешката би можела да поттикне религиозно непријателство, а двајцата мажи се извинија по емитувањето и вчера пред судот се изјаснија за невини.
Сојдемир рече дека немал намера да поттикне омраза додавајќи дека го отстранил видеото веднаш штом бил известен за проблемот и се извинил на своите профили на социјалните мрежи. Тој рече дека станува збор за коментар од гледач што го прочитал во програмата и погрешно го сфатил како игра на зборови.
Акгундуз исто така отфрли секаква сугестија за намерна навреда велејќи дека нивниот разговор бил погрешно протолкуван. Тој додаде дека шегата, всушност, била коментар од гледач што го прочитал во програмата и го сфатил како шега и призна дека требало да размисли повнимателно.
Европа
Нов напад со беспилотни летала: Украинците запреа со работа голем руски гасен објект

Фабриката за преработка на гас во Астрахан, јужна Русија, го запре производството кога избувна пожар во напад со беспилотни летала, објави „Ројтерс“ утрово повикувајќи се на три независни индустриски извори.
Овој напад е дел од поширока стратегија на Киев, која редовно ја таргетира воената и индустриската инфраструктура длабоко на руска територија. Целта на ваквите операции е да се намали борбената моќ на Москва, која продолжува со својата агресија против Украина.
Се очекува фабриката да продолжи со работа за неколку недели или месеци, според изворите. Пожарот ја зафати единицата за производство на гас и дизел-кондензат, чиј годишен капацитет беше три милиони метрички тони. Поради нападот, продажбата на големопродажни пакети гориво од оваа фабрика на стоковната берза во Санкт Петербург веќе беше откажана завчера.
Фабриката е во сопственост на рускиот државен енергетски гигант „Газпром“. Градот Астрахан се наоѓа на приближно 650 километри од руско-украинската граница и на речиси 815 километри од најблиската територија под контрола на Украина во близина на Костјантинивка во регионот Донецк.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Зеленски: Подготвен сум да се сретнам со Путин речиси каде било, но не во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина и други земји ѝ понудиле на Русија разговори на лидерско ниво, вклучително и во Казахстан, објави „Фокс њуз“.
Во интервју за „Фокс њуз“, украинскиот претседател рече дека е подготвен да се сретне со лидерот на Кремљ, Владимир Путин, каде било – но не во Москва, како што претходно предложи рускиот претседател.
🚨Zelensky says he’s ‘ready’ to meet Putin DIRECTLY
Mentions Saudi Arabia, Turkey, Austria, Kazakhstan as venues
But this man has 0 desire for peace:
> REJECTS Russian truces
>Bombs civilians dailySo what’s the REAL goal — negotiations, or a photo op? pic.twitter.com/YXMqxCtBr1
— Naren Mukherjee (@NMukherjee6) September 24, 2025
„И тимот на Трамп, мојот тим, Европејците, вклучувајќи го Макрон и другите лидери, и претседателот на Турција, сите понудивме да се сретнеме во Турција, Саудиска Арабија, Катар, во Европа, во неутрални земји како Австрија или Швајцарија. Рековме: „Дури и ако сакате некаде како Казахстан. Ние сме подготвени“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сега му верува повеќе отколку на Путин, откако Трамп рече дека рускиот лидер „го изневери“.
Трамп, исто така, рече дека Украина, со поддршка на Европската Унија, може да ја добие војната и да ја врати целата окупирана територија.
фото: принтскрин