Свет
Околу 170 лица загинаа во нападн на три села на северот на Буркина Фасо

Околу 170 луѓе беа убиени во напад на непознати напаѓачи врз три села во северниот дел на Буркина Фасо пред една недела, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на регионалниот обвинител.
Покрената е истрага за нападот на непознати напаѓачи врз селата Комсилга, Нодин и Соро во провинцијата Јатенга, објави обвинителот на 1 март.
Буркина Фасо се бори да ги совлада насилните исламистички бунтови поврзани со Ал Каеда и Исламската држава кои се проширија од соседно Мали во изминатата деценија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж се разнесе со бомба пред продавница во Хрватска

Денес, нешто пред 18 часот, маж се разнел со бомба пред локална продавница во Дарда.
Порталот „СиБ“ пишува дека на случката сведочеле минувачите и вработените во продавницата. Во близина немало деца кои го посетуваат училиштето, кое е оддалечено помалку од еден километар од местото на настанот.
Жител на Дарда за „СиБ“ изјавил дека станува збор за маж кој заедно со друго лице често поминувал време пред продавницата.
„И двајцата постојано седеа пред продавница и пиеја. Тие се во тешка социјална ситуација, очигледно се психички нестабилни и би рекла дека тоа е негрижа за овие луѓе“, вели жителка на ова место и додава дека наставниците ги чувале децата во училиштето.
Според СиБ, работничките во продавницата не се повредени.
Во тек е полициска истрага.
Свет
Британски милијардер: Трамп има неколку часа да ја исправи огромната грешка со царините

Ричард Бренсон, британскиот милијардер и сопственик на авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“, остро ја критикуваше американската влада за ненадејното воведување нови царини, истакнувајќи дека пазарната реакција на тој потег била „и предвидлива и можела да се спречи“.
Во низа објави на социјалната мрежа Икс тој предупреди на сериозните последици за американската и светската економија.
„Дури и да се согласувате со основната идеја на овие царини, требаше да се направи се за да им се овозможи на американските компании да имаат доволно време да се приспособат“, напиша Бренсон.
Тој вели дека пазарите реагирале панично, а последиците се веќе видливи.
„Финансиските пазари ширум светот сега се во слободен пад, со катастрофални последици за обичните Американци и остатокот од светот. Пензионерските заштеди на Американците масовно ќе исчезнат“, рече Бренсон.
Како што доларот слабее, додава тој, се очекува зголемување на цените за американските потрошувачи. Во исто време, многу мали и средни компании веќе банкротираат или се на тој пат.
„Ова не е победничка стратегија на долг рок. Владата на САД сè уште може да ги промени работите, но мора да дејствува во следните неколку часа“, нагласи Бренсон.
Свет
Три млади момчиња починаа во Германија: правеле скара

Голема трагедија се случи во неделата навечер во Вупертал. Починаа тројца млади луѓе.
Портпаролот на противпожарната служба во Вупертал потврди дека тројца млади мажи загинале за време на скарата.
Според соопштението на полицијата, младите мажи, кои биле на возраст од 18, 25 и 26 години, во неделата биле во градината на Хајнштрасе во Вупертал (Северна Рајна-Вестфалија). Кога доцна навечер не се вратиле дома, родителите се загрижиле.
Според првите информации, тие наводно направиле скара во градината во нивната куќичка, што се покажало како фатална грешка, пренесува магазинот „Феникс“. Имено, градината очигледно не била доволно проветрена, па гасовите настанати при печењето не можеле да испарат. „Пожарникарите добија пријава за сомнителен гас и предупредување за присуство на јаглерод моноксид“, изјави портпаролот на пожарникарите. Обдукцијата ќе утврди дали навистина починале од труење со јаглерод моноксид, пренесуваат локалните медиуми.