Свет
„Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан“: израелскиот министер Ганц со предупредување до Хезболах

Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц, ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.
„Знаеме како да се справиме со оние што нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат“, рече Ганц на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој рече дека ниту еден напад врз суверенитетот на Израел нема да остане без одговор.
„Ние сме трпелив народ. Израелците успеаја да изградат држава и армија откако го преживеаја холокаустот и не размислуваме „во денови, туку во вечноста“, рече Ганц.
Медиумите потсетуваат дека, денеска, во 10 часот по локално време, треба да стапи во сила примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас, кое беше договорено со посредство на Катар.
Вчера, израелскиот кабинет официјално ја објави одлуката за прекин на огнот со Хамас наведувајќи дека прекинот на огнот ќе биде ограничен на 10 дена од првото ослободување на заложниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Иранците со кои преговарав се мртви и не умреа од грип или ковид

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за CNN изјави дека САД го поддржуваат Израел и ги нарече нападите врз Иран „многу успешни“.
„Секако дека го поддржуваме Израел, очигледно. Го поддржавме како никој досега“, рече Трамп во краткиот телефонски разговор.
„Иран требаше да послуша кога им кажав… Не знам дали знаете, но им дадов 60-дневно предупредување, а денес е 61-виот ден“, додаде тој.
„Тие треба да седнат на маса сега и да постигнат договор пред да биде предоцна. Ќе биде предоцна за нив. Знаете, луѓето со кои разговарав повеќе не се живи, тврдокорните“, рече Трамп, одбивајќи да прецизира на кого точно мисли.
На прашањето дали ова е последица од синоќешниот израелски напад, Трамп саркастично одговори: „Тие не умреа од грип, не умреа од ковид“.
CNN објави дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека САД не учествувале ниту помагале во нападите.
Свет
Русија ја осудува острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран

„Русија е загрижена и ја осудува острата ескалација на тензиите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руски „Интерфакс“.
Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин добива онлајн-извештаи за настаните што се случуваат меѓу Израел и Иран.
„Претседателот Путин добива извештаи во реално време од руското Министерство за одбрана, Службата за надворешно разузнавање и од Министерството за надворешни работи за настаните во регионот“, рече Песков.
Според него, руското Министерство за надворешни работи, по наредба на претседателот на Русија, набргу ќе издаде детаљно соопштение за ситуацијата меѓу Израел и Иран, „кое потоа ќе биде дистрибуирано до Обединетите нации“.
Свет
Израел ги скри патничките авиони на тајна локација надвор од земјата

Израелските авиокомпании „Ел Ал“, „Аркија“ и „Исраир“ ги преместија своите авиони надвор од земјата на непозната локација како подготовка за можен ирански напад врз аеродромот „Бен Гурион“, јавува дописникот на „Скај њуз“ од Блискиот Исток.
Авионите беа транспортирани без патници како дел од однапред подготвени безбедносни протоколи во случај на понатамошна ескалација и напади врз клучна инфраструктура.
Ноќеска, Израел изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран. Според израелски воени извори, погодени се објекти поврзани со нуклеарната програма на Иран и воени локации, вклучувајќи го и клучниот комплекс за збогатување ураниум во Натанц.