Свет
ОН ги повикуваат сите земји да ја признаат Палестина
Група експерти на Обединетите нации денеска ги повикаа сите земји да ја признаат палестинската држава за да се постигне мир на Блискиот Исток.
Повикот доаѓа по една недела во која Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ја признаа палестинската држава, што го налути Израел, кој стана се повеќе изолиран на меѓународно ниво поради војната во Газа.
Експертите, вклучително и специјалниот известувач на ОН за човекови права на палестинските територии, рекоа дека признавањето на палестинската државност е важно за правата на палестинскиот народ и неговите напори за слобода и независност.
„Тоа е предуслов за траен мир во Палестина и на целиот Блиски Исток и започнува со итно објавување на прекин на огнот во Газа и запирање на натамошните воени упади во Рафа“, нагласија тие.
„Решението за две држави останува единствениот меѓународно договорен пат кон мир и безбедност и за Палестина и за Израел и е излез од генерациските циклуси на насилство и гнев“.
Со нивното признавање, Шпанија, Ирска и Норвешка сакаат да го забрзаат постигнувањето мир во Газа. Трите земји изразија надеж дека тоа ќе го забрза признавањето на другите западни земји. Данскиот парламент подоцна одби да го стори тоа, а Словенија ќе го разгледа во вторник. Израел се противи на признавањето на Палестина, тврдејќи дека тоа го зајакнува Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан
Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, откако била активирана експлозивна направа во близина на локалниот спортски центар, соопшти црногорската полиција.
Експлозијата се случила во 9:10 часот, а од силната експлозија испукале стаклата на зградата на Спортскиот центар. Според неофицијалните информации, убиени се припадници на озлогласениот криминален шкаљарски клан Петар Калуѓеровиќ и Драган Рогановиќ. Еден од нив починал на лице место. Според извор од полицијата, вториот подоцна им подлегнал на повредите.
Според црногорскиот медиуми, еден од убиените неодамна излегол од затвор.
Како што пишуваат медиумите, двајца повредени се припадници на организираната криминална група шкаљарски клан.
Третото повредено лице е постара жителка на Цетиње, која во моментот на експлозијата минувала по таа улица. Таа била транспортирана во Клиничкиот центар во Подгорица.
Свет
САД планираат да ја пренасочат испораката на системот „Патриот“ во Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден планира да ги суспендира сите тековни нарачки за системи за противвоздушна одбрана и ракети пресретнувачи „Патриот“ и да ја пренасочи нивната испорака во Украина додека не се задоволат одбранбените потреби на земјата, пишува денеска „Фајненшл тајмс“.
Овој потег би можел да биде објавен подоцна во текот на денот, се вели во извештајот на ФТ цитирајќи три добро информирани луѓе запознаени со потегот.
Како што пренесува „Ројтерс“, Украина бара американски ракетни системи „Патриот“, кои се покажаа како витални за способноста на Киев да соборува руски балистички и хиперсонични ракети.
Регион
БиХ: Поради високите температури, работата на отворено е прекината од 12 до 17 часот
Министерството за труд и социјална политика на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска им препорача на работодавците дека поради високата температура на воздухот, да ја разгледаат можноста за прекин на работата на отворено од 12 до 17 часот.
„Доколку работата на работодавецот е организирана така што не може да се примени оваа мерка, се препорачува работниците што работат на отворено да почнат со работа од 6 часот наутро“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Срна“.
Во соопштението се посочува дека работодавците треба да им обезбедат на работниците посоодветна облека, приспособена на високата температура, како и користење годишен одмор за вработените со дијагностицирани хронични заболувања.