Свет
ОН: Кокаин се произведува во најголеми количини досега
Производството на кокаин во периодот од 2017 година до денес достигнало највисоко ниво досега, а хероин во Западна и Централна Европа се шверцува првенствено од Авганистан преку Балканот, се наведува во годишниот извештај за наркотици на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и организиран криминал (УНОДЦ).
Во светот во 2017 година околу 271 милион луѓе користеле наркотици, а речиси 35 милиони, што е повеќе од очекуваното, биле зависни од наркотици и биле под медицински третман.
Бројот на лица што користат дрога останува на стабилно ниво во споредба со претходниот извештај, но во споредба со 2009 година е зголемен 30 проценти.
Канабисот е најшироко распространета дрога во светот, се наведува во извештајот, според кој 188 милиони луѓе ја користеле оваа дрога во 2017 година.
Околу 53,4 милиони луѓе или 56 проценти повеќе отколку во 2016 година користеле опиоиди како хероин и опиум.
Што се однесува до производството на кокаин, во 2017 година биле прозиведени 1.976 тони, што е повеќе од кога било.
Во извештајот се истакнува дека Колумбија е најголем производител на кокаин (со произведени 70 отсто од вкупната количина).
Вкупно 18 милиони луѓе ја користеле оваа дрога, а најголем број зависници се лоцирани во Северна Америка и Океанија.
Кокаинот, кој влегува на европскиот пазар, потекнува од Перу, Боливија и од Колумбија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Арктикот е наш регион, ние сме арктичка држава
Русија е арктичка земја, за разлика од повеќето земји на Европската Унија, и е отворена за соработка на Арктикот, изјави портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.
„Ова е наш регион. Ние сме арктичка држава, за разлика од огромното мнозинство земји од Европската Унија. Ние сме отворени за соработка и заедничко дејствување“, изјави Песков пред новинарите.
Ако политиката на Европската Унија е фокусирана на соработка на Арктикот, Русија ќе ја поздрави.
„Ако претставниците на Европската Унија имаат на ум нова политика насочена кон меѓународна соработка, тоа може да се поздрави. Ако, од друга страна, мислат на конфронтација, што во моментов е многу модерно во Брисел, тогаш, секако, тешко дека можеме да го поздравиме тоа и тешко дека ќе има некаков позитивен ефект“, рече Песков.
Според него, Русија има големи интереси на Арктикот и ќе ги брани, користејќи го целиот арсенал на меѓународното право.
Порано, Каја Калас, шефица на европската дипломатија, на конференција во Норвешка изјави дека на Европската Унија ѝ е потребна нова безбедносна политика на Арктикот.
Свет
Нигериец кој се претставувал како принц од Дубаи измамил бизнисменка за 2,5 милиони долари
Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам во Романија (DIICOT) отвори кривична постапка во случај во кој романска бизнисменка била измамена за 2,5 милиони долари од Нигериец кој се претставувал како „престолонаследник на Дубаи“, објавија „Агерпрес“ и „БТА“.
Од Дирекцијата денеска издадоа официјално соопштение за случајот, поради зголемениот интерес на медиумите. Во тек е истрага за кривичните дела „организирање криминална група“ и „измама со особено сериозни последици“.
Според медиумските извештаи, романската бизнисменка изгубила над 2,5 милиони долари откако била убедена да инвестира заедно со „престолонаследникот на Дубаи“ во хуманитарна фондација.
Всушност, станува збор за нигериски измамник по име Хенри Еке, кој користел сложена шема за да ги измами своите жртви, вклучувајќи лажни идентитети, фиктивни банки, наводни „финансиски советници“, како и романтични ветувања и предлози за брак.
Жената во Романија била убедена дека разговара со принц од Дубаи и префрлила над 2,5 милиони долари на лажна сметка на „фондација“. Парите доаѓале од различни банкарски кредити, за кои го хипотекирала својот дом, како и од финансиските ресурси на нејзината компанија.
Таа открила дека станува збор за измама откако ја контактирале двајца соучесници на Нигериецот, кои биле незадоволни што не го добиле својот дел од парите. Тие ѝ признале дека целата операција била измама.
Свет
Путин и Џјинпинг во телефонски разговор: Односите меѓу Русија и Кина постојано се развиваат
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг разговараа за соработката меѓу нивните земји.
Повикот доаѓа неколку дена откако високи дипломати од двете земји го изразија својот став дека билатералните односи би можеле да „достигнат нови височини“ оваа година, бидејќи Пекинг и Москва се стремат да ја зајакнат економската соработка.
Нивното стратешко партнерство дополнително се зајакна по руската инвазија на Украина на почетокот на 2022 година, анализираат медиумите.
Двајцата лидери, кои се во редовен контакт, разменија новогодишни честитки на 31 декември, при што Шји изрази „подготвеност да продолжи да одржува блиски контакти“ со Путин, според кинеското министерство за надворешни работи.
Шји и Путин последен пат се сретнаа лично во септември, кога рускиот лидер присуствуваше на голема воена парада во Пекинг.
За време на посетата, Путин му рече на Џјинпинг дека односите меѓу нивните земји се на „невидено ниво“.

