Свет
ОН: Речиси 70 проценти од убиените во Појасот Газа се жени и деца
Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека речиси 70 отсто од жртвите што ги потврдиле во војната во Газа се жени и деца, велејќи дека го осудува систематското кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право. Наодите на ОН ги опфаќаат првите седум месеци од војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, која започна пред повеќе од една година.
Канцеларијата на ОН потврди 8.119 жртви во текот на првите седум месеци од војната. Но, оваа бројка е исклучително ниска во споредба со вкупниот број на загинати луѓе, над 43.000, во текот на 13-те месеци од војната, според палестинското Министерство за здравство.
Сепак, верификацијата на ОН за возраста и полот на жртвите ги поддржува палестинските тврдења дека повеќето од убиените во војната се жени и деца. Овие наоди укажуваат на „систематско кршење на основните принципи на меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на канцеларијата на ОН. Израел се уште не ги коментирал наодите од извештајот на ОН од 32 страници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Прекинато е судењето на Трамп, нема да биде кривично гонет
Федерална судијка денеска го одобри барањето на специјалниот обвинител Џек Смит за суспендирање на роковите во случајот за мешање во изборите против Доналд Трамп.
Тоа е веројатно првиот чекор за ставање крај на гонењето на новоизбраниот претседател на САД, кој е првиот осуден криминалец кој победил на изборите, објави CNN.
Смит во предлогот за поништување на судењето рече дека поради изборите, владата „бара судот да ги ослободи преостанатите датуми во распоредот за претходна постапка за да ѝ дозволи на владата време да ја процени оваа невидена околност“.
Судијката на Окружниот суд на САД, Тања Чуткан, го прифати барањето и ги откажа сите преостанати датуми на распоредот на предистражната постапка, покажуваат документите од судот, објавија медиумите.
Смит претходно разговараше со претставници на Министерството за правда за тоа како да се затворат два федерални кривични случаи против Трамп.
Ако Трамп губеше од Харис, тој ќе се соочеше со можност за затворска казна.
Министерството за правда на САД има долготрајна политика дека актуелниот претседател не може да биде кривично гонет, така што победата на Трамп веројатно значи дека тој нема да се соочи со правни последици во кривичните случаи во кои е обвинет.
Свет
Лос Анџелес: Во пожар изгореа 8.100 хектари земја и околу 100 згради
Во шумски пожар северозападно од Лос Анџелес изгоре околу 8.100 хектари земјиште во округот Вентура и околу 100 објекти, соопштија пожарникарите во Калифорнија.
Како што се додава, се проценува дека досега е запрен околу седум отсто од пожарот, пренесува Ројтерс.
„Пожарот гори на стрмен, нерамен терен. Пожарната активност е умерена поради намалувањето на ветерот над пожарот“, велат надлежните.
Свет
78 лица сè уште се водат како исчезнати во поплавите во Шпанија
Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс.
Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93. Додека според официјалните бројки на загинати е 219 луѓе. Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области Кастилија-Ла Манча и во Андалузија.
Невремето продолжува, синоќа обилниот дожд предизвика поплави во Каталонија и на островот Мајорка.