Свет
ООН: Повеќе од 117 милиони деца останаа без вакцина против сипаници поради коронавирусот
Повеќе од 117 милиони деца би можеле да пропуштаат вакцинирање против сипаници бидејќи пандемијата на Ковид-19 принуди голем број луѓе во светот физички да се дистанцираат, а истовремено голем е притисокот врз здравствените служби, предупредуваат здравствените агенции на Обединетите нации.
Кампањите за вакцинирање против сипаници веќе се одложени во 24 држави, а ќе ги има и повеќе, така што децата во 37 земји од целиот свет ќе бидат изложени на опасност од зараза со вирус на сипаници, според Иницијативата за борба против сипаници поддржана од Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ.
„Поради ширењето на Ковид-19, можеби ќе треба да направиме тежок избор и да ја одложиме вакцинацијата против сипаници. Затоа, ги повикуваме здравствените лидери со засилени напори да водат сметка за невакцинираните деца во светот за да добијат вакцина против сипаници што е можно побргу“, се вели во соопштението на групата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е преместен на безбедна локација, изјави денеска официјален претставник.
Медиумите објавија дека и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан е исто така безбеден.
Веста дојде откако Израел соопшти дека започнал превентивен напад врз Иран, а во Техеран беа пријавени експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Израел ја нарече својата воена операција против Иран „Рикот на лавот“, а одлуката за името ја донесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански официјален претставник.
Свет
Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“.
Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран.
Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.
Тој нагласи дека заканувачките активности на Иран директно ги загрозуваат САД, нивните трупи, бази во странство и сојузниците низ целиот свет.
„Иранскиот режим скандира „Смрт за Америка“ веќе 47 години и води немилосрдна кампања на крвопролевање и масовни убиства, насочени кон САД, нашите трупи и невини луѓе во многу земји“, рече Трамп.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка операција на САД и Израел.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информации од иранската опозиција.
Свет
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран
САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.
Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.
Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.

