Свет
ООН: Половина од жените во земјите во развој не одлучуваат за своето тело
Само половина од жените во земјите во развој имаат контрола над нивните тела – одлуки за секс, здравствена заштита и контрацепција, покажа извештајот на Обединетите нации.
Во документот се наведува дека на жените и девојките им е забрането да имаат пристап до контрацепција или абортус, им се врши обрезување или се тестираат за невиност и мора да се омажат како деца, известува Фондацијата „Томсон Ројтерс“.
„Правото на автономија над своето тело значи право на избор без страв од насилство или некој друг да одлучува за нас“, рече Наталија Канем, шеф на Агенцијата на ООН за сексуално и репродуктивно здравје (УНФПА).
Жените во супсахарска Африка, јужна и централна Азија имаат најмала контрола над своите тела, на пример, во одлуките за сексуален однос или пристап до сексуални здравствени услуги, без одобрение од машки роднини или партнери, пишува УНФПА.
Во земји како Мали, Нигер и Сенегал, само 10 проценти од жените имаат телесна автономија, се вели во извештајот во кој се анализирани повеќе групи податоци за родова еднаквост, сексуално здравје и пристап до контрацепција во 57 земји.
Канем истакна дека социјалните табуа за сексот и патријархатот ги спречуваат жените и девојчињата да го изразат своето мислење затоа што мажите имаат предност во одлуките.
„Родовата нееднаквост е најподмолната и најраспространета пречка за телесната автономија. Таа почнува од колепката“, рече Канем, педијатар и епидемиолог, која додаде дека ситуацијата е влошена поради пандемијата на коронавирусот.
„Она што порано беше тешко, сега е уште полошо поради пандемијата на Ковид-19, што резултира со зголемено сексуално насилство, зголемен број несакана бременост и нови бариери за пристап до здравствени услуги, со загуби на работното место и образование“.
УНФПА во април минатата година објави дека глобалните мерки за општо затворање може да доведат до 20 проценти повеќе семејно насилство бидејќи жртвите ќе бидат затворени со нивните насилници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

