Свет
Опасна најава од Израел: „Ќе видите некои изненадувања што операцијата со пејџерите ќе ви се чини едноставна“
Израел сè уште има некои изненадувања во ракавот во борбата против Иран, изјави израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер. Тој најави операција што ќе го направи нападот со пејџер врз членовите на Хезболах во септември да изгледа едноставен.
„Сè уште имаме многу што можеме да направиме“, изјави Лајтер за „Мерит ТВ“.
Тој рече дека целосниот обем на првичниот израелски напад врз Иран кон крајот на минатата недела сè уште не е познат: „Извршивме серија изненадувања – кога ќе се смири прашината – ќе видите некои изненадувања в четврток навечер и в петок, што ќе ја направи операцијата на пејџерот речиси едноставна“.
Во септември Израел детонира илјадници бипер-уреди и рачни радиостаници на Хезболах ранувајќи илјадници борци во сложена разузнавачка операција, која се подготвуваше со години.
BREAKING 🚨🚨🚨
Suddenly, Hezbollah operatives across the country collapsed as their communication devices were hacked and detonated. pic.twitter.com/UIOH3xpPg5
— Open Source Intel (@Osint613) September 17, 2024
Израел откри дел од операциите на Мосад извршени првата ноќ од нападот врз Иран вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала што ја изгради на иранска територија.
Лајтер ги обвини европските лидери дека ги повторуваат грешките што светот ги направи со одбивањето да се соочи со Адолф Хитлер во 30-тите.
„Ова е војна за ставање крај на војните“, рече Лајтер за бомбардирањето на Иран од страна на Израел. „Ова е војна за донесување мир на Блискиот Исток“.
Американскиот претседател Доналд Трамп не врши притисок врз Израел да ги запре борбите, додаде Лајтер.
Израел е отворен за завршување на конфликтот со Иран преку договор, но тоа мора да вклучува целосно демонтирање на иранските нуклеарни и балистички ракетни програми, заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

