Свет
Операта „Метрополитен“ останува затворена уште една година
Познатата „Метрополитен опера“ во Њујорк ги откажа сите настапи за следната сезона и најави дека ќе остане затворена до септември 2021 година поради пандемијата предизвикана од новиот коронавирус.
Оперската куќа, која може да прими 3.800 гледачи, обично е домаќин на повеќе од 200 претстави годишно, а секоја сезона ја посетуваат речиси 800.000 гледачи, се податоци што ги наведува „Метрополитен“ на својата официјална веб-страница.
„Со жалење ве известуваме дека ‘Метрополитен опера’ донесе исклучително тешка одлука за откажување на целата сезона 2020/2021, врз основа на препораките на здравствените работници кои работат како советници во Мет и Линколн центарот, каде што се наоѓа операта“, се вели во соопштението на оваа институција.
За разлика од познатата оперска куќа, театрите во Бродвеј, кои се едни од главните туристички атракции во Њујорк, планираат да ги отворат вратите за посетителите од јануари 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

