Контакт

Европа

Орбан: Ако Турција пушти бегалци, ќе употребиме сила на границата со Србија

Објавено пред

Унгарија ќе мора да примени сила на својата јужна граница со Србија за да ја заштити границата со Европската Унија доколку Турција го оствари заканувањето дека ќе ја отвори вратата за бегалците кон Европа, изјави денеска унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

dobivaj vesti na viber

Орбан рече дека 90.000 луѓе во моментот се обидувале да стигнат до ЕУ преку балканската рута додавајќи дека нивниот број набргу ќе се зголеми на 100.000.

„Ако Турција ослободи уште стотици илјади мигранти, ќе мораме да употребиме сила за да ги заштитиме унгарската и српско-унгарската граница“, рече Орбан.

Орбан предупреди дека сегашната состојба во Сирија набргу може да има последици и за Унгарија, чии граници се воедно и граници на ЕУ.

Европа

Украина: Соборивме руски борбен авион

Објавено пред

Украинската 110-та посебна механизирана бригада собори уште еден руски борбен авион Су-25, соопшти единицата.

dobivaj vesti na viber

47-та механизирана бригада претходно во текот на денот извести дека соборила руски јуришен хеликоптер Ка-52 Алигатор, пишува Киев Индепенден. 110-та посебна механизирана бригада собори три руски авиони во последните две недели. Бригадата погоди уште два Су-25 на 4 и 11 мај.

Единицата не прецизираше каде е соборен авионот, но познато е дека бригадата оперира кон Авдиивка во регионот на Доњецк.

Су-25 се користи за обезбедување блиска воздушна поддршка на руските трупи на теренот, помагајќи им да извршат интензивни напади на повеќе делови од источниот фронт, кој го покрива најголемиот дел од регионот на Доњецк.

Прикажи повеќе...

Европа

Три недели од исчезнувањето на аутистично момче во Германија: дали Аријан бил жртва на несреќа при лов

Објавено пред

Поминаа три недели откако шестгодишното момче Аријан Арнолд исчезна во германскиот град Бремерворде. „За нас е необјасниво што сè уште никаде не го најдовме момчето“, изјави портпаролот на полицијата Хајнер ван дер Верп.

dobivaj vesti na viber

„Ништо не можеме да исклучиме. Никогаш не сме ја отфрлиле можноста тој да е киднапиран“, додаде Ван дер Верп во интервју за магазинот „Шпигел“. Според информации на Билд, полицијата ја истражува можноста дека се работи за скриена несреќа при лов.

Билд пишува дека полицијата истражува дојава дека момчето може да биде повредено и моментално се наоѓа во непозната куќа. Полицајците имаат намера да разговараат со локалните жители за да добијат нови информации и да видат дали забележале нешто.

„Тоа ќе биде еден вид чистење од врата до врата“, објасни Ван дер Верп. Досега, официјалните лица главно претпоставуваа дека станува збор за несреќа, стравувајќи дека детето со аутизам можело да падне во блиската река Осте.

Беа ангажирани нуркачи и чамци, но тоа не даде резултат. На брегот е откриен детски отпечаток, што е интересно бидејќи Аријан не носел чевли во моментот на неговото исчезнување. Предвидено е и ново пребарување на реката. Изминатиот викенд беше топло време, кое многумина го искористија за да се прошетаат покрај реката, но никој не забележа ништо корисно.

Аријан исчезна од куќата на неговите родители на 22 април. Полицијата има снимка од блиската надзорна камера. Според информациите на Билд, на снимката се гледа како Аријан брзо се движи по улицата околу 19:15 часот. Додаваат дека Аријан во тој момент држел предмет кој личи на играчка меч или стап и дека изгледал безгрижно.

Прикажи повеќе...

Европа

Шолц со колегите од нордиските земји: „Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно“

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговите колеги од нордиските земји повикаа денеска на состанок во Шведска за итно зголемување на помошта за Украина, која се соочува со нови руски напади во близина на Харков.

dobivaj vesti na viber

„Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, рече канцеларот на прес-конференција во Стокхолм.

Германија, која во април објави дека испраќа дополнителен систем за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, ги повика своите европски сојузници да го следат примерот.

„Берлин се надева дека ќе следат и други европски земји, бидејќи на крајот ни треба многу муниција и артилериски тенкови и системи за противвоздушна одбрана“, нагласи Шолц.

„Мораме да направиме повеќе. Многу е важно дискусијата да не запре тука, туку да се носат реални одлуки низ цела Европа“, додаде тој.

Триесетина села во североисточна Украина денеска беа под оган од руската армија во областа Харков, каде за неколку дена окупираа десетици квадратни километри.

Украина упорно бара од западните сојузници да испратат системи за противвоздушна одбрана, особено Патриоти, кои се особено ефикасни во пресретнувањето на балистички ракети. Ги имаат неколку европски земји.

„Главната причина за загубите на Украина денес е недостатокот на противвоздушна одбрана, а ние имаме системи. Ако треба да формулираме само една желба, тоа би била испорака на системи за противвоздушна одбрана што е можно побрзо“, изјави данската премиерка Мете Фредериксен.

„Сите ние мора да ја почувствуваме итноста на ситуацијата“, додаде таа.

Нордиските земји и Германија се меѓу главните поддржувачи на Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, а Берлин е вториот најголем донатор, според институтот Кил. Олаф Шолц се сретна со колеги од Данска, Норвешка, Финска и Шведска.

„Тие разговараа за прашањата на безбедносната политика како што се хибридните закани, цивилната подготвеност и новите технологии“, објави шведската влада.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае...

Македонија6 часа

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

ЈП Паркови и зеленило преку писмено соопштение се огласи во врска со прашањето дали имаат склучено договор со Владата за...

Топ6 часа

Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало

Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на...

Економија9 часа

Од полноќ намалување на цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе oдлука со...

Македонија10 часа

Давкова официјално ќе го применува уставното име, а во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување, велат од нејзиниот кабинет

Во своите јавни настапи македонската претседателка има право да го употребува името Македонија како чин на лично право на самоопределување...

Македонија10 часа

Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано

Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не...

Свет12 часа

Украина: Непријателот постигнува тактички успеси

Украинската армијa призна дека руските сили напредуваат во нивната офанзива во североисточниот дел на регионот Харков. Руските сили се обидуваат...

Македонија14 часа

Бугарскиот претседател и премиерот: Не прифаќаме изјави од Северна Македонија што се во спротивност со меѓународните договори

Бугарија не прифаќа изјави и однесувања што се во спротивност со договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година,...

Македонија14 часа

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби, како и...

Македонија14 часа

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која се заколна...

Свет15 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет15 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет15 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет15 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет15 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет16 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија1 ден

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија1 ден

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија1 ден

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ1 ден

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...