Свет
Орбан: Без санкции, Европа би можела да си ја врати силата и би можела да ја избегне заканувачката рецесија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека треба да се укинат санкциите против Русија воведени од Европската Унија.
Орбан, вообичаено остар критичар на санкциите на ЕУ против Москва, го претстави својот став на затворениот состанок на своите сопартијци во средата, објави провладиниот весник „Маѓар немзет“.
Премиерот посочи дека санкциите на ЕУ ги зголемија цените на бензинот и инфлацијата, а доколку се укинат тие мерки, цената на бензинот веднаш ќе се намали 50 отсто, а ќе се заузда и инфлацијата.
„Без санкции, Европа би можела да си ја врати силата и би можела да ја избегне заканувачката рецесија“, рече Орбан повторувајќи го својот претходен став дека санкциите ѝ штетат на Европа повеќе отколку на Русија.
Тој во јули изјави дека ЕУ „си пука во белите дробови“ со непромислени економски санкции против Русија, кои, доколку не се повлечат, ризикуваат да ја уништат европската економија.
На својата фејсбук-страница Орбан од партискиот состанок порача дека санкциите од Брисел ја турнале Европа во енергетска криза, пренесе „Аваз.ба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.