Европа
Орбан бесен по одлуката на Европскиот суд да ја казни Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денешната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија во износ од 200 милиони евра и дополнителни милион евра дневно поради миграциската политика е нечуена и неприфатлива.
Орбан во објава на платформа „Икс“ тврди дека Унгарија е казнета поради, како што наведе, бранењето на границите на ЕУ.
„Илегалните мигранти се чини дека им се поважни на бриселските бирократи отколку европските граѓани“, рече Орбан.
Унгарија ќе мора да плати глоба од 200 милиони евра поради непримена на промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил, објави денеска највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата.
Судот наведе дека Унгарија, која претходно одби да ја спроведе судската одлука од 2020 година, исто така ќе мора да плаќа казна од 1 милион евра дневно додека целосно не ги спроведе предвидените мерки, објави „Ројтерс“.
Судот на ЕУ посочува дека Унгарија не презела мерки за почитување на пресудата од 2020 година во врска со правата на барателите за меѓународна заштита да останат во Унгарија во очекување на конечната одлука по нивната жалба против одбивањето на нивната апликација, како и протерувањето државјани од трети земји, кои илегално престојуваат во таа земја.
Унгарската влада претходно тврдеше дека пресудата од 2020 година е спорна бидејќи веќе ги затвори таканаречените транзитни зони и ги заостри правилата со кои се забрануваат идните барања за азил.
Европската комисија (ЕК) поднесе втора жалба против Унгарија до судот на ЕУ на почетокот на 2022 година, во која се наведува дека Унгарија не ги презела сите неопходни мерки за да се усогласи со пресудата од 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Објавена е листата на сè што е украдено во неверојатниот грабеж во Лувр: спасена e круната на царицата Евгенија

Музејот Лувр во Париз вчера утрото беше местото на еден од најспектакуларните и најдрските грабежи во неговата историја. За само седум минути, околу 9:30 часот наутро, група неидентификувани крадци провалија во галеријата Аполо, простор познат по изложбата на кралски накит, и украдоа осум непроценливи историски накити.
🇫🇷 #France Louvre Robbery in 7 Minutes — Criminals Acted Like in "Ocean's Eleven"
Unknown perpetrators pulled off a daring robbery at the Louvre, entering the Apollo Gallery using a cherry picker through a building under construction. The entire heist took just 7 minutes.… pic.twitter.com/TCYAGN8sxu— Military Conflicts (@Alex_RobertsJ) October 19, 2025
Според официјалното соопштение од француското Министерство за култура, целта биле две високобезбедносни витрини во кои се чува накит од колекциите на француските кралици и царици.
„Осум парчиња накит беа исчезнати, вклучувајќи тијари и ѓердани од кралските колекции“, соопшти министерството. Деветтиот предмет, круната на царицата Евгенија, која Лувр ја опишува како „симбол на сјајот на Второто Царство“, сепак беше зачуван. Круната подоцна беше пронајдена во близина на познатиот музеј, заедно со нејзината кутија. Таа беше оштетена во грабежот.
Според информациите објавени од париската обвинителка Лаура Бекуо, крадците пристигнале со сопствена опрема, вклучувајќи мобилен кран, или платформа, што ја користеле за да се искачат до прозорците на галеријата. Тие сами ја влечеле платформата, само неколку минути пред провалата, а потоа ја напуштиле додека бегале.
Француското Министерство за култура потврди дека се украдени осум предмети, додека адвокатот Бекуау откри детален список на скапоценостите на BFMTV.
Што е украдено
Пленот, кој историчарите го нарекуваат „непроценливо парче од француската историја“, вклучува скапоцености од неколку кралски колекции:
Од колекцијата на Мари-Луиз, сопруга на Наполеон Бонапарта: ѓердан и пар обетки со смарагди.
Од колекцијата на кралиците Мари-Амели и Хортенза: тиара, ѓердан и пар обетки од сет со сафири.
Од колекцијата на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III: два броша (од кои едниот е реликвијар), декоративен јазол за корсет и тиара.
Според извори блиски до истрагата, крадците се обиделе да ја земат и круната на сопругата на Наполеон III, царицата Евгенија, но ја оставиле во брзањето. Круната, висока 13 сантиметри и широка 15 сантиметри, содржи дури 1.354 дијаманти, 1.136 розети и 56 смарагди. Ја изработил познатиот париски јувелир Александар-Габриел Лемоние за Светскиот саем во 1855 година.
фотo: принтскрин
Европа
(Видео) Се појави снимка од ограбувачите на Лувр

Вчера утрото, околу 9:30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот Лувр во Париз, во галеријата Аполо. Нападот траел само неколку минути; крадците влегле однадвор користејќи механизирана платформа што ја користеле за пристап до горниот прозорец, а потоа скршиле две високобезбедносни витрини.
Се појавија снимки од разбојниците
Според истражни извори и изјавите на јавната обвинителка Лаура Бекуау, специјализирана група од четворица чии лица биле делумно скриени е одговорна за грабежот; сторителите избегале со моќни скутери. Истрагата е во тек, се прегледуваат сите достапни камери за надзор, се испитуваат трагите од платформата, а полицијата бара и можни помагачи или клиенти.
The Louvre robbery was carried out by a group of four criminals, two of whom disguised themselves as workers and wore yellow vests, according to Le Parisien.
According to the newspaper, two of the nine stolen pieces of jewelry have already been recovered. pic.twitter.com/DxEMURt0O5
— lone wolf (@MApodogan) October 19, 2025
Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија снимки од сторителите од камера за надзор во Лувр. Снимката покажува како еден од разбојниците крши стаклена витрина што содржи накит.
Самиот грабеж траел околу четири минути, изјави министерката за култура Рашида Дати за TF1, а го извршиле професионалци.
фото: принтскрин
Европа
Грабеж во Лувр, најпознатиот музеј во светот е затворен

Француската министерка за култура Рашида Дати потврди дека се случил грабеж во музејот Лувр во Париз – еден од најпознатите музеи во светот.
Таа објави на социјалните мрежи:
– Нема повредени. Јас сум на лице место со музејските екипи и полицијата. Истрагата е во тек, рече таа.
Un braquage a eu lieu ce matin à l’ouverture du @MuseeLouvre. Pas de blessés à déplorer. Je suis sur place aux cotés des équipes du musée et de la police. Constatations en cours.
— Rachida Dati ن (@datirachida) October 19, 2025
Инцидентот се случил наутро, по отворањето на музејот. Сè уште не е објавено што точно е украдено, а Лувр е затворен за јавноста цел ден поради „вонредни причини“. Според достапните информации од официјални извори, нема пријавени повредени.
Полицијата и надлежните служби ги истражуваат околностите на грабежот и работат на утврдување на сите детали, а безбедносните мерки се зголемени.
Оваа вест привлече големо внимание на јавноста, бидејќи станува збор за една од клучните културни институции во светот.
фото: принтскрин