Свет
Орбан во пресрет на европските избори: Ќе маршираме до Брисел и ќе го окупираме, потребни се промени во ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска, во пресрет на европските избори во јуни, дека е подготвен да маршира до Брисел и да го окупира центарот на Европската Унија со цел „да ја одбрани унгарската слобода и суверенитет“.
Орбан, кој е на власт 14 години, се надева дека неговата партија Фидес ќе профитира од подемот на екстремната десница во Европа. Неговата земја се подготвува да го преземе ротирачкото претседателство со Европската Унија во втората половина на годината.
Говорејќи на митингот по повод унгарскиот национален празник во чест на Унгарската револуција од 1848 година против Хабсбуршката монархија, Орбан рече дека европските избори се шанса да се застане во одбрана на Унгарија.
„Ако сакаме да ги браниме унгарската слобода и суверенитет, немаме друг избор, освен да го окупираме Брисел“, рече Орбан пред 1.000 поддржувачи.
„Ние ќе маршираме до Брисел и самите ќе донесеме промени во Европската Унија“, рече тој.
Орбан долго време беше во несогласување со другите членки на ЕУ за голем број прашања, вклучително и неговото противење на испраќање оружје во Киев и одржување на економските односи со Москва, чии сили ја нападнаа Украина во февруари 2022 година.
Унгарскиот премиер ја обвинува ЕУ дека со своите потези им нанесува штета на земјоделците, на средната класа и дека ги уништува компаниите, „а згора на тоа ја води Европа во војна“.
„Нема да прифатиме дека Брисел ги напушти Европејците, згора на тоа, се сврте против нив“, рече Орбан.
Неговата партија е во преговори со евроскептичната групација во Европскиот парламент, Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР), по напуштањето на Европската народна партија (ЕПП).
Партијата Браќата на Италија, предводена од премиерката Џорџа Мелони, е дел од ЕЦР. Орбан на крајот на годината изјави дека ќе донесе одлука, на која група Фидес ќе се приклучи во ЕП по изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вети олеснување на прописите во САД за поседување оружје што ги воведе Бајден
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп вети во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Ројтерс. „Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп.
„Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.Националната асоцијација за пушки (НРА) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.