Свет
Орбан: Европа нема улога во решавањето на војната во Украина
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија нема никакво значење и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп греши во врска со рускиот претседател Владимир Путин.
Извори наведуваат дека италијанската премиерка Џорџа Мелони се обидела да посредува меѓу унгарскиот премиер и другите европски лидери на состанокот со Орбан во врска со ветото на Унгарија за клучните одлуки на ЕУ за Украина, објави „Анса“.
Пред состанокот со Мелони, Орбан изјави дека Европа нема улога во решавањето на војната и дека иднината на европската економија е сериозно загрозена.
За време на престојот во Рим, Орбан се сретна и со папата Лав во Ватикан, а планирана е и средба со лидерот на Лигата и италијански министер за транспорт, Матео Салвини.
Според соопштението од кабинетот на премиерката Мелони, средбата се одржала во срдечна и неформална атмосфера, а Мелони го повторила ставот на Италија дека се залага за итен прекин на огнот во Украина и почеток на дипломатски преговори.
Како што објави „Масаџоро“, италијанската премиерка му повторила на Орбан дека Италија нема да се повлече од европските рестриктивни мерки против руската економија, ниту ќе се дистанцира од забраната на САД за московска нафта.
Орбан исто така ги смета санкциите на САД за многу сериозни.
Тој најави дека ќе оди во Вашингтон во наредните денови за да го убеди Трамп да ги укине енергетските санкции, кои, како што рече, скапо ја чинат Унгарија, која е зависна од руските испораки на гас и нафта.
фото:принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кој е Али Ларијани, човекот што ја презема лидерската функција во Иран?
Иранскиот политички ветеран Али Ларијани во неделата соопшти дека ќе се воспостави привремено раководство откако во воздушен напад беше убиен врховниот водач ајатолах Али Хамнеи, пренесе Ројтерс. Ларијани минатата година повторно се издигна како една од највлијателните фигури во безбедносната структура на Иран.
Тој раководел со широк спектар прашања – од нуклеарните преговори и регионалните односи, до одговорот на властите на внатрешните немири. Во август беше именуван за секретар на Врховниот совет за национална безбедност, функција што ја извршувал и претходно.
Како близок соработник на Хамнеи, Ларијани учествувал во подготовките за индиректни нуклеарни разговори со САД во Оман, а во изминатите месеци повеќепати патувал и во Москва на средби со руското раководство. Тој зазема прагматичен тон за нуклеарното прашање, наведувајќи дека загриженоста на САД може да се реши, но истовремено истакнал дека иранската нуклеарна технологија „не може да се уништи“.
САД во јануари му воведоа санкции, обвинувајќи го дека имал водечка улога во задушувањето на антивладините протести. Американското Министерство за финансии соопшти дека Ларијани повикал на насилен одговор против демонстрантите, додека организациите за човекови права наведуваат дека во пресметките биле убиени илјадници лица.
Ларијани бил претседател на парламентот од 2008 до 2020 година и важи за влијателна фигура која одржува односи со различни фракции во системот. Роден е во 1958 година во Наџаф, во угледно клерикално семејство, а докторирал филозофија во Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Нереди во Багдад, демонтранти на улиците бесни поради смртта на Хамнеи
Демонстранти во Багдад се обиделе да упаднат во строго чуваната Зелена зона, каде што се наоѓа и американската амбасада, како реакција на убиството на иранскиот врховен водач, пренесува Си-Ен-Ен.
Судири избиле на Мостот 14 Јули, кој води кон Зелената зона. Според снимка до која дошол медиумот, се гледаат блесоци и чад, по што демонстрантите се повлекле.
🇮🇶🇺🇸🇮🇷 – IRAK / ETATS-UNIS / IRAN
🔸Affrontements violents dans la Green Zone à Bagdad en Irak avec des manifestants anti-US. https://t.co/xJwR8wkYMQ pic.twitter.com/qgDiLal9ml
— NEXUS (@nexus_osint) March 1, 2026
Истовремено, протести се одржале и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што граѓаните марширале и скандирале.
Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Владата соопшти дека заедничкиот американско-израелски напад врз Иран бил „очигледен чин на агресија и дело вредно за осуда што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.

