Свет
Орбан: Најголемото враќање во политичката историја на САД
Унгарскиот претседател Виктор Орбан му честиташе на Доналд Трамп.
The biggest comeback in US political history! Congratulations to President @realDonaldTrump on his enormous win. A much needed victory for the World!
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) November 6, 2024
„Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата огромна победа. Многу потребна победа за светот“, напиша тој на Икс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гренел за победата на Трамп: Америка и светот се спасени, мирот ќе дојде наскоро
Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, денеска, откако републиканскиот кандидат Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори, изјави дека „Америка и светот се спасени“ и дека мирот наскоро ќе дојде.
Во објава на мрежата Х, тој рече дека наскоро ќе дојде мир во светот.
„Америка и светот се спасени. Ја победивме левицата. Мирот ќе дојде наскоро“, рече Гренел, кој имаше високи позиции за време на првиот мандат на Трамп.
Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47-ми американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.
Свет
Кремљ: Путин не планира да му честита на Трамп, САД е непријателска земја
Кремљ ја призна „јасната победа на Доналд Трамп“, но вели дека не знае за какви било планови на рускиот претседател Владимир Путин да му честита. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека САД остануваат „непријателска земја“.
Песков рече дека Москва внимателно ги следи настаните и ги анализира изјавите на американските политичари за Русија, додавајќи дека односите меѓу двете земји се на историски ниско ниво.
Трамп претходно застана на страната на Путин за мешање во изборите, ја кратеше помошта за Украина и континуирано го критикуваше НАТО. Сепак, тој ја осуди руската инвазија на Украина и инсистираше на тоа дека има добри односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Свет
Републиканците ја освоија контролата врз Сенатот, постигнаа успех во Претставничкиот дом
Републиканците ја освоија контролата врз американскиот Сенат со победи во Западна Вирџинија и Охајо, со што се осигура дека партијата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе контролира најмалку еден дом на Конгресот следната година.
Тие, исто така, постигнаа придобивки во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, помагајќи му на Трамп да го исполни своето ветување за намалување на даноците и ограничување на имиграцијата.
Конечните резултати најверојатно нема да бидат познати со денови, но досегашните резултати ги уверија републиканците во Сенатот дека можат да му помогнат на Трамп да назначи конзервативни судии и друг владин персонал.