Контакт

Европа

Орбан, Салвини и полскиот премиер создаваат нов политички сојуз, не сакаат мигранти

Објавено пред

Премиерите на Унгарија и Полска в четврток ќе се сретнат со лидерот на италијанската десничарска Лига и ќе разговараат за новиот европски политички сојуз, објави унгарската новинска агенција МТИ.

dobivaj vesti na viber

Разговорите меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан, лидерот на италијанската Лига, Матео Салвини, и полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, ќе се одржат во Будимпешта. Тие ќе разговараат за формирање нов сојуз, кој ги вклучува Лигата, владејачката партија на Орбан, Фидес, и владејачката партија на Полска, Закон и правда (ПиС), рече шефот за комуникации на Орбан, наведува МТИ.

Фидес ја напушти Европската народна партија (ЕПП), главниот паневропски блок на десницата, претходно во март, откога беше суспендирана пред две години поради нејзината политика критикувана како авторитарна.

Орбан рече дека разговарал со истомисленици за формирање нов политички сојуз и дека Фидес преговара со конзервативните политички сили во потрага по нов клуб во Европскиот парламент.

Тој рече дека целта е да се создаде политички дом за Фидес и слични сили во Европа, кои не сакаат да бидат домаќини на мигранти и кои сакаат да ги заштитат традиционалните семејства. Орбан очекува избори во 2022 година, а опозицијата првпат се обедини против него.

Европа

(Видео) Украинците објавија снимка: „Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари“

Објавено пред

Украинските сили успешно лоцираа и уништија еден од најнапредните руски противвоздушни ракетни системи, „Бук-М3“, чија вредност се проценува на 45 милиони долари. Веста беше објавена синоќа од копнените сили на украинската армија, пишува „Киев индепендент“.

dobivaj vesti na viber

Според военото соопштение, прецизниот удар бил извршен на неодредена локација од страна на украинската бригада „Црна шума“. Бригадата исто така сподели видео од операцијата, но „Киев индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен погон е „несоодветна“.

dobivaj vesti na viber

„Треба да ја завршите војната во Украина. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа е она што треба да го правите, а не да тестирате ракети“, им рече Трамп на новинарите на авионот „Ер Форс Уан“.

Што објави Путин вчера?
Рускиот претседател Путин вчера објави дека Русија успешно ја тестирала својата крстосувачка ракета со нуклеарен погон „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди дека може да го избегне секој одбранбен систем, и дека ќе започне со распоредување на оружјето. Американците ја нарекуваат ракетата „летачки Чернобил“.

Рускиот генерал Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили, му рекол на Путин дека ракетата прелетала 14.000 км и била во воздух околу 15 часа, кога беше тестирана на 21 октомври.

Русија тврди дека ракетата 9M730 Буревестник – наречена SSC-X-9 Skyfall од НАТО – е „непобедлива“ за сегашната и идната противракетна одбрана, со речиси неограничен дострел и непредвидлива патека на летот.

„Тоа е уникатно оружје што никој друг во светот го нема“, рече Путин, облечен во камуфлажна униформа, на состанокот на командниот пункт со генералите што ја надгледуваат војната во Украина, во соопштение објавено од Кремљ во неделата.

Путин рече дека некои руски експерти еднаш му кажале дека такво оружје веројатно никогаш нема да биде можно, но сега, рече тој, неговото „клучно тестирање“ е завршено.

Герасимов рече дека ракетата е на нуклеарен погон и дека овој тест е различен затоа што летала на толку голема далечина, иако нејзиниот дострел е во суштина неограничен. Тој рече дека може да ја победи секоја ракетна одбрана.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Објавено пред

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да продолжи да се спротивставува на руската инвазија уште неколку години. Туск ја сподели оваа информација во интервју за „Сандеј тајмс“, според „Украинска правда“.

dobivaj vesti na viber

Подготвеност за повеќегодишна борба
Туск пренесе директна порака од украинскиот претседател, нагласувајќи ја неговата решителност. „Не се сомневам дека Украина ќе преживее како независна држава. Сега главното прашање е колку жртви ќе видиме. Претседателот Зеленски ми рече во четврток дека се надева дека војната нема да трае десет години, но дека Украина е подготвена да се бори уште две или три години“, рече Туск.

Долгорочни последици и ситуацијата во Русија
Според него, Киев сè уште е загрижен за долгорочното влијание на војната врз населението и економијата доколку конфликтот продолжи. Полскиот премиер се осврна и на ситуацијата во Русија, нагласувајќи дека војната ѝ штети и на руската економија. Сепак, тој предупреди дека внатрешната дестабилизација во Русија не мора нужно да ја заврши војната, туку може да го направи претседателот Владимир Путин уште поагресивен.

„Русите се во навистина сериозни економски проблеми. Дали тоа значи дека можеме да кажеме дека победуваме? Воопшто не. Тие имаат една голема предност пред Западот, а особено пред Европа: тие се подготвени да се борат…“, додаде Туск.

Важноста на европското единство
Ова не е прв пат Туск да ја нагласува важноста на поддршката на Киев. Тој претходно изјави дека никој не треба да врши притисок врз претседателот Зеленски да направи територијални отстапки во војната со Русија и постојано ја нагласува важноста на европската солидарност со Украина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски од Пробиштип повика на масовна излезност во вториот круг

Во првиот круг коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои 33 градоначалници. Двајца во меѓу време, помеѓу првиот и вториот круг,...

Македонија11 часа

Уапсени двајца полицaјци осомничени за разбојништвото на златарницата во Гостивар, се трага и по други лица

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против две лица поради сомнение дека како соизвршители...

Македонија12 часа

Приведени две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“

Приведени се две лица од раководството на Комунална хигиена, соопштија од Основното јавно обвинителство. Како што додаваат од таму, лицата...

Македонија14 часа

Локацијата на ГОБ „8 Септември“ на Мицкоски му изгледа како одлична за нов клинички центар: Има три булевари, гасна поврзаност, но да оставиме експертите да кажат

Премиерот Христијан Мицкоски чека да завршат локалните избори за да распише повик за финансиски институции што ќе понудат кредити за...

Македонија14 часа

Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД

Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црната листа на САД,...

Топ15 часа

Кривична против полицаец: пукал со пиштолот во просторија во СВР Струмица откога потпишал решение за отстранување од работното место

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија17 часа

(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“

Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на...

Топ17 часа

(Фото) 30-дневен притвор за скопјанецот што со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити

Вчера во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 25-годишниот Б.А. од Скопје. Тој се сомничи дека...

Топ18 часа

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот што пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа19 часа

(Видео) Путин се пофали со летачкиот „чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Македонија20 часа

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа20 часа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа21 час

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информира за ситуацијата во текот на целата ноќ....

Топ1 ден

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија2 дена

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет2 дена

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет2 дена

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...