Свет
Орбан: Следната недела очекуваме поголем бегалски бран од Украина
Премиерот Виктор Орбан во видеообраќање на „Фејсбук“ истакна дека Унгарија очекува поголем бран бегалци од Украина.
Посетувајќи го граничниот премин во близина на унгарската граница со Романија и Украина, Орбан рече дека следната недела таму ќе бидат формирани повеќе гранични служби за справување со зголемениот број бегалци.
Орбан не кажа зошто очекува уште бегалци следната недела.
Бројот на украински бегалци што пристигнаа во Унгарија значително се намали во текот на изминатата недела, според „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Израелски медиуми: Хамас им даде „торби со подароци“ на ослободените жени
Членовите на Хамас им дадоа „торби со подароци“ на заложниците кои беа ослободени вчера, се гледа во видеото објавено од палестинската милитантна група, пренесоа израелските медиуми.
Во торбите што ги добиле трите жени ослободени од заробеништво имало нивни фотографии во заробеништво на Хамас и „сертификат“, пренесе „Тајмс оф Израел“.
На видеото се гледаат поранешните заложници Роми Гонен, Емили Дамари и Дорон Штајнбречер како држат „торби со подароци“ додека им биле предадени на израелските војници.
Hamas made a propaganda film about the release of the three women they kidnapped over a year ago. They gave them ‘gift bags’ with certificates inside. Like they were on a student exchange from Hell. This is one of the SICKEST things I’ve ever seen. Monsters. pic.twitter.com/iuqlmi8D0c
— Heidi Bachram 🎗️ (@HeidiBachram) January 19, 2025
Хамас претходно објави пропагандно видео на кое се гледа нивното ослободување од заробеништво во Појасот Газа.
На видеото се гледа како Хамас ги носи заложниците на собирно место на централниот плоштад во градот Газа, придружуван од десетици вооружени мажи, каде што се собраа стотици Палестинци, пеејќи и скандирајќи.
Трите жени потоа беа предадени на Црвениот крст, а на видеото се гледа како претставник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст го потпишува документот даден од оперативците на Хамас, пред да бидат предадени заложниците.
Како дел од договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, чија примена започна вчера, во Израел беа вратени Роми Гонен (24), Емили Дамари (28) и Дорон Штајнбрехер (31).
Свет
Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во деновите откако ќе положи заклетва, за да се закаже директна средба во следните месеци со цел да се стави крај на војната во Украина, известува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.
Изворите рекоа дека претставници на тимот за национална безбедност на Трамп почнале да работат на закажување телефонски разговор меѓу Трамп и Путин пред неколку недели.
Телевизиската мрежа наведува дека не е познато дали веќе е одреден датумот за телефонски разговор.
Трамп не разговара директно со Путин речиси три години.
За време на предизборната кампања, Трамп вети дека ќе стави крај на конфликтот во Украина во рок од еден ден по полагањето заклетва.
Тој денеска напладне по локално време официјално ќе ја преземе претседателската функција.
Свет
Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута
Наскоро и официјално повторно прва дама на САД, Меланија Трамп лансираше сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пишува Би-би-си.
Соопштението дојде еден ден откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Trump. И двете валути бележат раст, но и драстични подеми и падови.
The Official Melania Meme is live!
You can buy $MELANIA now. https://t.co/8FXvlMBhVf
FUAfBo2jgks6gB4Z4LfZkqSZgzNucisEHqnNebaRxM1P pic.twitter.com/t2vYiahRn6
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) January 19, 2025
„Сега можете да купите $MELANIA“, објави Меланија вчера на „Икс“.
Веб-страницата Official Melania Meme наведува дека $Melania може да се следи на блокчејнот Solana. Исто така се наведува дека $Trump и $Melania не се наменети како можност за инвестирање и не се сметаат за хартии од вредност. Според податоците од веб-страницата CoinMarketCap, $Trump моментално има вкупна пазарна вредност од околу 8,7 милијарди долари, додека $Melania вреди околу 1,3 милијарди долари.