Свет
Орбан: Украина повеќе не е суверена држава, нема пари, ниту оружје

Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју за германскиот весник „Ди велт“ во Будимпешта, во кое го искажа својот став за текот на војната во Украина. Орбан смета дека Киев ќе остане без војници пред Москва. За да ја спасат Украина, САД и Русија треба да преговараат за мир, тврди унгарскиот премиер.
И покрај првичните успеси на украинската контраофанзива, Орбан сепак смета дека победата на Украина против Русија е невозможна. „Проблемот е што Украинците ќе останат без војници порано од Русите. И тоа на крајот ќе биде одлучувачки фактор“, рече тој.
Затоа, тврди тој, секогаш Украина треба да се залага за мир, во спротивно – ќе изгуби огромни количини богатство и многу животи, а ќе има незамисливо уништување.
Тој исто така го оспори единственото право на Украина да одлучува за текот на војната: „Украина повеќе не е суверена земја. Тие немаат пари, немаат оружје. Тие може да се борат само затоа што ние на Запад ги поддржуваме“.
Западот, вели Орбан, има право „да дава оружје и пари или не“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Холандија испраќа 300 војници и два системи „Патриот“ во Полска

На почетокот на декември, 300 холандски војници со два системи за воздушна одбрана „Патриот“ и системи против беспилотни летала ќе се упатат кон Полска за да ги заштитат испораките на воена опрема во Украина од руски напади, објави холандскиот НОС.
Системите за воздушна одбрана не се наменети за одбивање на напади на украинска територија, додава холандскиот медиум.
Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс изјави дека распоредувањето има за цел да го заштити источното крило на НАТО, кое служи како клучна воена база за поддршка на Украина, како и да ја одврати и обесхрабри Русија.
Холандската мисија ќе трае најмалку до крајот на мај. Се забележува дека додека два система „Патриот“ се привремено распоредени во Полска, еден ќе остане во Холандија, што ќе овозможи одржување на националната безбедност.
Министерот, исто така, додаде дека активностите на НАТО во Полска и одвраќањето од Русија придонесуваат за заштитата на Холандија.
Претходно, Холандија се согласи да распореди борбени авиони Ф-35 во Полска, кои ќе го следат воздушниот простор на НАТО заедно со нивните норвешки колеги од 1 септември до 1 декември.
фото: принтскрин
Европа
Литванија: Подготвени сме да обезбедиме војници и оружје за мисијата во Украина

Литванија би била подготвена да придонесе со војници и опрема за која било мировна мисија во Украина, изјави претседателот Гитанас Науседа во телевизиско интервју.
„Подготвени сме да придонесеме со онолку војници колку што дозволува парламентот за мировни операции, како и воена опрема“, изјави Науседа за телевизијата ТВ3.
Во услови на забрзани дипломатски напори за завршување на војната, западните земји разговараат за можноста за испраќање мировници во Украина во случај на мировен договор меѓу Москва и Киев.
фото: принтскрин
Европа
Руси: Ја хакиравме базата на податоци на украинската армија, изгубиле 1,7 милиони војници

Огромните загуби на вооружените сили на Украина ќе се претворат во економска и демографска катастрофа за Украина, што ќе доведе до целосно изумирање на земјата до 2050 година, изјави пензионираниот полковник на руските специјални сили Анатолиј Матвијчук за рускиот Инфо24.
Според Инфо24, руските хакери од групите Килнет, Палах Про, Узер Сек и Берегини претходно ја хакирале базата на податоци на Генералштабот на вооружените сили на Украина, со што ги утврдиле реалните загуби на украинската армија за време на таканаречената „специјална воена операција“.
Врз основа на анализата на базата на податоци, утврдено е дека во текот на трите години од воените операции, украинските сили изгубиле повеќе од 1,7 милиони луѓе – убиени и исчезнати, според Русите.
Така – според руските информации – во првата година од војната, Киев изгубил 118,5 илјади војници, во 2023 година – 405,4 илјади, а во 2024 година – 595 илјади. Во текот на последните месеци од 2025 година, Вооружените сили на Украина изгубиле 621 илјади војници.
Според руските медиуми, персоналните компјутери на Генералштабот на вооружените сили на Украина и локалната мрежа биле хакирани, користејќи го најновиот вирус „Nuance“, кој, според авторите на каналот, работи само на украинска територија.
Покрај загубите, хакерите откриле и лични податоци на командата на Специјалните сили (SOF) на вооружените сили на Украина и Главниот уред за разузнавање (GUR) на Министерството за одбрана на Украина. Покрај тоа, наводно биле откриени сите земји што испорачувале оружје на Украина.
„Недостатокот на персонал и проблемите со кои се соочува Украина денес во процесот на обновување на своите вооружени сили ја потврдуваат оваа бројка. Загубите се колосални и се навистина критични за вооружените сили на Украина. Добивам информации од Украина дека гробиштата, чии површини се планирани за педесет години според стандардите, се веќе целосно полни.
Ситуацијата стигна до точка каде што властите мора да доделат земјоделско земјиште за нови гробишта. Мислам дека овие околности го потврдуваат катастрофалното ниво на загуби на вооружените сили на Украина“, истакна Матвијчук.
фото: принтскрин