Свет
Осуденик од затвор планирал терористички напад
Австриецот со албанско потекло, Лоренц К., по две години, повторно планирал терористички напади, но овој пат од затвор. Тој пред две години во Виена бил осуден на девет години затвор за поттикнување Германец да изврши терористички напад на божикниот пазар во Лудвигшафен, кој исто така планирал и самостојни напади во име на Исламската држава.
Лоренц, кој наполни 21 година, имал забранет пристап до мобилен телефон со интернет. Од почетокот на ноември минатата година, според сознанијата на Службата за заштита на уставноста и борба против тероризам (БВТ), под псевдонимот Калид Интиками, имал профил на „Инстаграм“, каде што контактирал со поддржувачи на Исламската држава.
Преку „Инстаграм“, но и на други канали, тој вршел и пропаганда за Исламската држава. Според БВТ, тој се обидел преку социјалните мрежи да поттикне еден Германецот да изврши терористички напад во Германија или Австрија нудејќи му упатства за правење експлозиви.
Државното обвинителство во Грац почна истрага, но не сака да го коментира овој случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

