Контакт

Свет

Откриено во каква состојба е Кејт Мидлтон: сè уште прима терапија

Објавено пред

Принцезата Кејт, која во март откри дека страда од карцином, сега многу подобро го толерира лекот што го добива за време на постапката на превентивна хемотерапија, пренесува „Венити фер“.

dobivaj vesti na viber

„Тоа беше големо олеснување што го толерира лекот и дека таа навистина е многу подобро“, се вели во соопштението.

„Тоа беше, се разбира, многу предизвикувачко и загрижувачко време. Сите се собраа околу неа – Вилијам, нејзините родители и сестрата и братот“, велат изворите.

По наводното сознание дека принцезата на Велс била надвор со семејството во последните денови додека го продолжува третманот на превентивна хемотерапија, се појавија шпекулации и кога Кејт ќе им се врати на официјалните обврски.

Иако постојат индикации што укажуваат дека Кејт може да се врати наесен, палатата и кралските инсајдери потенцираат дека официјалниот датум на враќање сè уште не е планиран.

Регион

Земјотрес во Грција: „Ненадејно тресење, но не траеше долго“

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени е регистриран нешто пред 15:00 часот во Грција во областа Патра.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран на длабочина од 14 километри.

Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри североисточно од Патра.

„Ненадејно тресење, но не траеше долго“, „Го почувствувавме тресењето“, напишаа граѓани кои не беа далеку од епицентарот на земјотресот.

Прикажи повеќе...

Регион

Три лица заразени со легионела починаа во загрепската болница

Објавено пред

Три лица во загрепската болница „Ребро“ починаа денеска по заразата со легионела, неофицијално е потврдено за хрватски „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Вкупно шест лица се заразиле со легионерска болест, и тоа во болница. Сите преостанати инфицирани имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани.

КБЦ – Загреб претходно потврди дека легионела се појавила во болница и дека ја изолирале во водата. Од болницата рекоа и дека во 17 часот ќе одржат прес-конференција.

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје, кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментот во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“, изјави Миливој Новак, помошник-директор за квалитет.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин првпат во Северна Кореја по 24 години: „Ќе ви помогнеме против Америка“

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска е во посета на Северна Кореја првпат по 24 години, вети дека ќе ги продлабочи трговските и безбедносните врски со Пјонгјанг и ќе ја поддржи Северна Кореја против Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

САД и нивните азиски сојузници се обидуваат да откријат до кој степен Русија ќе го поддржи севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, чија земја е единствената што тестира нуклеарно оружје во 21 век.

Путин го пофали Пјонгјанг за отпорот на, како што го нарече, економскиот притисок, уцените и заканите на САД сугерирајќи дека Русија, постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации со право на вето, го менува својот пристап кон Северна Кореја.

Во написот објавен од севернокорејските државни медиуми, Путин го пофали „другарот“ Ким и вети дека „заеднички ќе се спротивстави на нелегитимните еднострани ограничувања“ и ќе ја развие трговијата и ќе ја зајакне безбедноста во Евроазија.

„Вашингтон, кој одбива да ги спроведе претходно постигнатите договори, постојано поставува нови, сè построги и очигледно неприфатливи барања“, рече Путин во написот објавен на насловната страница на севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“, официјалниот весник на владејачката партија.

„Русија секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува Демократската Народна Република Кореја и херојскиот корејски народ во нивното противење на подмолен, опасен и агресивен непријател“.

Путин истакна дека Советскиот Сојуз е првата земја што ја признала Северна Кореја, која ја основал дедото на Ким, Ким Ил Сунг, помалку од две години пред Корејската војна во 1950 година.

Севернокорејските државни медиуми објавија и написи во кои ја фалат Русија и ги поддржуваат нејзините воени операции во Украина нарекувајќи ги „света војна на сите руски граѓани“.

Државната посета на Путин доаѓа во време на обвинувањата на САД дека Северна Кореја ѝ доставила на Русија „десетици балистички ракети и над 11.000 парчиња муниција“ за употреба во Украина. Јужна Кореја, цврст сојузник на САД, исто така изрази слична загриженост.

Белата куќа вчера соопшти дека е вознемирена од зајакнувањето на врските меѓу Русија и Северна Кореја. Американскиот Стејт департмент соопшти дека е „апсолутно сигурно“ оти Путин ќе бара оружје за неговата војна во Украина.

Москва и Пјонгјанг негираа дека имало какви било трансфери на оружје, но ветија дека ќе ги зајакнат воените врски, вклучително и потенцијално одржување заеднички воени вежби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

(Видео) Мицкоски: До Собранието поднесени програмата и составот на новата влада, очекувам на дневен ред да бидат ставени викендов

„Штотуку во архивата на македонското Собрание ја поднесов предлог-програмата за работа на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар, а...

Македонија2 часа

„Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните“, велат од партијата Левица

„Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата, која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни...

Македонија3 часа

Од четврток активно портокалово ниво за опасност од високи температури во Македонија

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која...

Македонија4 часа

Почина Стојан Андов – првиот претседател на Собранието на независна Македонија

Првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов, почина на 89-годишна возраст. Андов е роден во...

Македонија4 часа

Колку ги чинеше граѓаните театарот за фабриката за електроавтомобили, прашуваат од партијата Левица

„Компанијата за производство на електрични возила од Ахен, Next.E.Go, банкротира и, дефинитивно, оди во стечај. Next.E.Go, или кај нас познати...

Топ6 часа

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во бездна длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет7 часа

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...

Македонија7 часа

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина...

Свет7 часа

Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден

Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден...

Свет7 часа

Путин пристигнува во посета на Северна Кореја, првпат по 24 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по...

Свет7 часа

Најмалку 17 лица загинаа во бегалскиот камп Нусејрат во Газа

Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува...

Свет7 часа

Тројца убиени во престрелка во Торонто, полицијата се сомнева дека меѓу нив е и убиецот

Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува дека напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски...

Топ19 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized20 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија21 час

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ23 часа

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија1 ден

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура1 ден

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...