Свет
Отповиканиот јужнокорејски претседател денеска требаше да биде сослушан за предавство, не дојде

Отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сеок Јеол не се појави на сослушување под обвинение за предавство, пишува Блумберг. Неговите адвокати ја оправдаа неговата постапка со нецелосно формирање тим за одбрана.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сеок Јеол, разрешен од претседателската функција откако беше отповикан, не се појави на сослушување од истражниот тим поради обвиненијата за предавство. Како што пренесува Блумберг, поранешниот претседател требало да биде сослушан од комисија составена од претставници на Министерството за одбрана, полицијата и Антикорупциската истражна служба.
Јун Сеок Јеол мора да ги објасни сите околности за прогласувањето на воената состојба, за што парламентот оцени дека е обид да се потисне политичката конкуренција и на крајот гласаше за негово разрешување. Се очекува претседателот наскоро да даде изјава за истрагата што се води против него.
Ова е втор пат тој да не се појави на распит
Јун, исто така, не одговори на поканата за испрашување во посебна истрага на обвинителството во неделата, објави новинската агенција Јонхап.
Уставниот суд на Јужна Кореја започна сослушувања за отповикување на претседателот откако тој воведе воена состојба на 3 декември. Судот има рок од 180 дена да донесе одлука, а претседателот во моментов е суспендиран од функцијата. Иако е суспендиран, Јун останува на должност. Доколку биде сменет од функцијата, ќе бидат распишани предвремени избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.