Европа
Отстранета една од последните пречки за излез на Велика Британија од ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска изјави дека ќе им препорача на лидерите на земјите-членки на ЕУ да го потврдат договорот за брегзит за кој Брисел преговараше со Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.
„Ќе препорачам во недела да го усвоиме исходот од преговорите за брегзит. Никој нема причина да биде среќен. Но, барем во овој критичен момент Унијата од 27 земји членки го положи тестот на единство и солидарност“, рече Туск.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез и одлуката на Шпанија, која од Брисел доби доволно гаранции во однос на Гибралтар, со цел да го повлече ветото на договорот за брегзит, порача дека солидарноста и дијалогот се европскиот начин на наоѓање на решенија.
Санчез порача дека секоја идна одлука што ќе се однесува на Гибралтар ќе биде направена заедно со Шпанија.
„Постигнавме договор околу Гибралтар“, рече Санчез.
Шпанија постигнаа договор со Европската унија по прашањето на Гибралтар, отворајќи го патот за одржување на утрешниот самит на ЕУ во Брисел, на кој треба да се потврди договорот за брегзит со британската премиерка, Тереза Меј, изјави претходно неименуван дипломатски извор, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Инаку, Гибралтар е прекуморска територија на Велика Британија која се наоѓа на југот од Пиринејскиот полуостров, но на која право полага и Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин