Свет
Офанзивата на сириската влада може да резултира со 700 илјади раселени лица
Очекуваната офанзива на сириската влада насочена кон бунтовниците во провинцијата Идлиб може да предизвика раселување на повеќе од 700 000 луѓе, што е многу повеќе отколку што беа раселени во последните борби во југозападниот дел на Сирија, објавија денеска хуманитарните агенции.
Бројните битки во Сирија завршија со договор за повлекување на бунтовниците и нивните семејства во Идлиб, каде што, поради приливот на бегалци, бројот на жители се зголеми двојно, на 2,5 милиони.
Обединетите нации објавија дека провинцијата станала „депонија“ за евакуирани Сиријци. Група хуманитарни агенции, предводени од Светската здравствена организација (СЗО) во своите извештаи наведуваат дека хуманитарните работници се подготвуваат за битката за Идлиб.
ОН во неколку наврати предупреди за опасноста од напад на Идлиб. Сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервју за руските медиуми минатиот месец рече дека покраината е приоритет за неговите сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

