Свет
Падна владата на Себастијан Курц

Австрискиот парламент изгласа недоверба на преодната влада на канцеларот Себастијан Курц, кој стана канцелар со најкус мандат. Курц влезе во историските анали како канцелар што бил најкратко на функцијата, со тоа што денеска му е 525. ден на местото шеф на владата, пократко дури и од Кристијан Керн, кој моментно држи рекорд со 580 дена.
Исто така, и новиот министер во преодната влада ќе биде запаметен како министер со најкусо време поминато на власт во повоената историја на Австрија.
Министрите Екарт Рац, Валтер Пелтнер, Јохан Луиф и Валери Хакле со денешниот ден биле на функција пет дена. Тие го надминаа поранешниот министер за правда Михаел Кригер, кој на чело на својот ресор помина 25 дена.
Се очекува дека претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, да го замоли актуелниот кабинет да остане на должност неколку дена додека не му даде мандатот на некој друг за формирање нова влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Укинат притворот за петмина осомничени за смртта на 16 лица на железничката станица во Нови Сад

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на петмина осомничени во истрагата за фаталното уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 16 лица, објави судот.
Судот донесе одлука со која делумно ги прифати жалбите на адвокатите на обвинетите во кривичната постапка во врска со трагедијата во Нови Сад, која предизвика бран повеќемесечни протести и обвинувања за корупција и лошо извршување на работите за неодамнешната реконструкција на станицата.
Меѓу првично уапсените, судот веќе претходно го укина притворот на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ, а со нова измена на одлуката, уште петмина обвинети беа ослободени од притвор, против кои ќе се примени електронски надзор и тримесечна забрана за напуштање на станот, како и забрана за користење на телефон, интернет и прием на други лица во станот.
Кон крајот на минатата година, беше поднесено обвинение против 13 лица, но судот го врати на понатамошна истрага.
Меѓу обвинетите се поранешната вд директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димовски, како и поранешниот генерален директор на Српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан.
Тие се обвинети за кривични дела против јавната безбедност и предизвикување јавна опасност. Во обвинението се товарат и неколку инженери, проектанти и лица одговорни за изградба, контрола и надзор.
Свет
Израел укинува некои ограничувања во земјата: „Порака за победа над Иран“

Израелската влада ги одобри препораките на војската за ублажување на домашните ограничувања, што министерот за одбрана Израел Кац ги опиша како „порака за победа“ над Иран. По состанокот со претставници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Командата за цивилна одбрана, Кац објави дека ограничувањата ќе почнат да се укинуваат почнувајќи од вечерва.
„Со зголемените воени операции против Иран за елиминирање на заканите, ќе ја отвориме економијата повторно, постепено ќе ги укинеме ограничувањата за населението и ќе го вратиме Израел на патот на нормално функционирање и безбедност“, рече Кац. Тој додаде дека одлуката за повторно отворање на економијата е „порака за победа над иранскиот непријател“.
„Тие доаѓаат да предизвикаат штета и да го запрат животот, додека ние ги напаѓаме, го заштитуваме нашето население и во исто време постепено ја отвораме економијата и погодените области, сè во согласност со безбедносните проценки“, рече тој.
Одлуката на Кац доаѓа откако Иран испали околу 30 ракети кон Израел во понеделник вечерта. Овие помали напади ги натераа некои воени аналитичари да заклучат дека израелските напади врз иранските места за лансирање балистички ракети и складишта ја ослабнаа способноста на Иран да изведе посериозен контранапад.
Институтот за проучување на војната, американски тинк-тенк со седиште во Вашингтон, вчера објави дека Израел „веројатно ги намалил капацитетите на Иран за извршување балистички напади“.
Свет
(Видео) Иранците се фалат дека го собориле дронот „Хермес“

Иранската државна телевизија емитуваше снимка на која наводно се гледа соборен израелски дрон „Хермес“ во централната иранска покраина Исфахан.
Iran appears to have finally managed to down its first aircraft with the Israel Air Force, a “Hermes 900” Long-Endurance Tactical Drone, which they claim to have downed last night over the Isfahan Province of Central Iran. Footage from Iranian state-run media appears to confirm… pic.twitter.com/rAgF7tHo6G
— OSINTdefender (@sentdefender) June 18, 2025
Во видеото, новинар стои пред тешко оштетениот дрон. Си-ен-ен не можеше независно да ја потврди снимката.
Израелските одбранбени сили соопштија дека кон беспилотно летало на израелските воздухопловни сили била испукана ракета земја-воздух и дека потоа дронот „паднал во Иран“.