Свет
Палестинските имами: Арапско-израелските мировни договори се велепредавство осудено од Алах
Палестинските власти им наложиле на муслиманските свештеници на целиот Западен Брег денеска да одржат проповед со предупредување против договорите потпишани меѓу Израел и ОАЕ и Бахреин неделава велејќи дека овие сојузи со Евреите се велепредавство и се осудени од самиот Алах, посочува текстот преведен од мониторинг-групата „Палестиниан медија воч“.
Министерството за верски прашања на Палестинската Самоуправа, кое секоја недела дистрибуира инструкции во кои се наведени идеите што треба да се проповедаат во сите џамии во Палестина, им наложи на имамите да го повикаат арапскиот и муслиманскиот свет да го соборат договорот за понижување и велепредавство од ОАЕ и Бахреин.
Т.н. аврамски спогодби, потпишани на церемонијата во Белата куќа во понеделникот, се за унапредување на културата на мирот меѓу трите аврамски религии и целото човештво.
Сепак, верниците во џамиите во Палестина беа потсетени дека нема ништо што ѝ штети на Палестина и на нејзините свети места повеќе од сојуз со Евреите да бидат поврзани со нив и да се потпрат на нив.
„Послушноста кон Евреите и влечењето по нив ќе ја одведе нацијата кон слабост, беззаконие, понижување и срам“, се вели во документот.
Овие изјави беа поткрепени со цитати од Куранот, вклучувајќи ја и Сурата 2: 120, во која се вели: „И никогаш Евреите и христијаните, додека не ја прифатиш верата нивна, нема да бидат задоволни со тебе“.
Верниците биле предупредани дека нормализацијата на односите со ционистичкиот ентитет е велепредавство против Палестина, Ерусалим, крвта на мачениците и страдањата на затворениците, потсетувајќи ги на палестинските терористи живи и мртви.
Палестинското раководство жестоко ги критикува и двата договора како убод во грбот. Претседателот на Палестинската Самоуправа, Махмуд Абас, ги опиша ОАЕ со зборовите „предавник на татковината и нашата кауза“ и рече дека нивната одлука за нормализирање на врските со Израел е отровен бодеж.
Палестинците сè повеќе се изолираат од другите арапски нации. Во низата понижувања Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) побара извинување од Абас и од Палестинската Самоуправа за употребата на „неодговорен јазик на поттикнување и закани“, а Арапската лига поништи резолуција со која се осудува ОАЕ во врска со договорот со Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“
Свет
Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни.
Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери.
Според него, разговорите ќе ги опфатат сите релевантни прашања, вклучително и деталите за документите што ќе ги разговара со американскиот претседател. Зеленски рече дека ќе се разговара и за „чувствителни прашања“.
Укринформ претходно објави дека Зеленски разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц за подготовките за претстојната средба со Трамп. Тој исто така рече дека мисли дека неговиот состанок со Трамп ќе биде пред камери и медиуми.
„Мислам дека нашиот состанок ќе биде пред камери и медиуми. Не знам дали на почетокот или на крајот, но тоа ќе биде јавен состанок“, рече украинскиот претседател.

