Свет
Палестинците задоволни, Израел ја критикува мировната конференција во Париз
Палестинската самоуправа изрази задоволство од заклучоците донесени на неделната блискоисточна мировна конференција во Париз, кои изразуваат поддршка за решението со две држави, додека Израел повторно жестоко критикуваше.
Блискоисточната мировна конференција во француската престолнина се одржа во неделата без присуство на Палестинците и на Израелците, а присуствуваа претставници на 70 земји и организации. Во завршната изјава учесниците на конференцијата во Париз бараат од Израелците и од Палестинците да ги докажат своите заложби за решението со две држави, да се воздржат од еднострани акции кои би го загрозиле резултатот од преговорите, особено за границите, за судбината на Ерусалим и за бегалците.
Вториот човек на Палестинската ослободителна организација (PLО) којашто владее во палестинската енклава Западен брег (на реката Јордан), Саеб Ерекат, изјави дека конференцијата создала елан за отфрлање на израелската окупација и населувањето на териториите кои меѓународната заедница ги смета за окупирани палестинска од Израел во војната од 1967 година.
„Тоа е порака за Израел да ги прифати меѓународните закони и да ја прекине воената окупација на Палестина, за да се отвори пат за мир и стабилност во регионот… Време е да се престане да се постапува со Израел како со земја којашто е над законите и дека се прогласи за одговорна за системското кршење на меѓународните конвенции и правата на нашиот народ, истана Ерекат.
Палестинската ослободителна организација (PLО), инаку, е меѓународно признаена како единствен претставник на Палестинците.
Ерекат, исто така, ја повика Франција веднаш да ја признае Палестина во границите од 1967 година со источен Ерусалим како главен град и бара од другите учесници на конференцијата да ја признаат Палестина, како што го признале Израел.
Израел остро се спротиставува на секој мултилатерален пристап на ова прашање и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро го критикуваше и пред конференцијата и оцени дека станува збор за палестинска измама под покровителство на Франција, за дополнително да бидат заземени антиизраелски ставови.
Израел тврди дека споменатата меѓународна конференција и неодамнешната резолуција на Советот за безбедност на ОН, за што ја обвини администрацијата на американскиот претседател на заминување Барак Обама, „за оддалечување од мирот, бидејќи ги поттикнуваат Палестинците на одбивање на директни преговори со Израел“, соопшти министерството за надворешни работи во Ерусалим.
Се додава дека доколку земјите кои беа застапени во Париз навистина сакаат напредување на мировниот процес, би требало да извршат врз палестинскиот челник Махмуд Абас да ги прифати повикот на премиерот Бенјамин Нетанјаху на директни преговори.
„Конференцијата во Париз беше вештачки обид на лица надвор од Блискиот исток да им диктираат решенија на луѓето на Блискиот исток кои мора да живеат со нивните последици“, се заклучува во изјавата на израелското министерство за надворешни работи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

