Свет
Палестинците: Израелските тенкови пукаа врз цивили и убија најмалку 51 лице
Израелски тенкови вчера пукаа врз толпа луѓе кои се обидуваа да соберат хуманитарна помош од камион во Појасот Газа, при што, според медицинскиот персонал, загинале најмалку 51 лице.
Видеото споделено на социјалните мрежи покажува десетина осакатени тела на улица во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Израелската армија призна дека пукала во областа и соопшти дека го истражува инцидентот.
Очевидци изјавија за „Ројтерс“ дека израелските тенкови испалиле најмалку две гранати врз илјадници луѓе собрани на главниот источен пат во Кан Јунис надевајќи се дека ќе добијат храна од камионите со хуманитарна помош што ја минуваат таа рута.
„Одеднаш ни дозволија да се движиме напред, а потоа почнаа да паѓаат гранати, тенкови“, изјави Ала, сведок, за „Ројтерс“ во болницата „Насер“, каде што ранетите лежеа на подот и во ходниците поради недостиг на простор.
„Никој не ги гледа овие луѓе со милост. Луѓето умираат, тие се растргнати, само за да добијат храна за своите деца. Видете ги овие луѓе, сите тие се ранети обидувајќи се да добијат брашно за да ги нахранат своите деца“, додаде.
Медицинскиот персонал соопшти дека најмалку 51 лице загинале, а 200 се ранети, од кои најмалку 20 се во критична состојба.
Израелската армија (ИДФ) во соопштение наведе дека се обидува да ја минимизира штетата што е можно повеќе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

