Свет
Папата: Испишавме нова страница во историјата на христијанството и исламот

Папата Франциск вели дека неговата овонеделна посета на Обединетите Арапски Емирати испишала нова страница во историјата на дијалогот меѓу христијанството и исламот и во промовирање на светскот мир заснован на братство.
„Во време како што е нашето, во кое постои големо искушение да се види конфликт меѓу христијанската и исламската цивилизација, па дури религиите да се гледаат како извор на конфликт, сакавме да испратиме уште еден јасен и решителен сигнал дека средба и разбирање се можни“, им рече папата на верниците во Ватикан зборувајќи за првата посета на еден папа на Арапскиот Полуостров, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Додека престојуваше во Абу Даби, папата потпиша документ со големиот имам на египетската џамија Ал Азхар, Ахмед ел Тајеб, со кој се осудува верски мотивираното и секое друго насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Кит снимен во близина на Дубровник

Во близина на Дубровник, поточно кај островот Локрум е снимен кит. Тој го привлече вниманието на капачите кои беа на плажата, објавија хрватските медиуми.
Додека некои на плажата коментираа дека нема да се приближуваат до морето некое време, на социјалните мрежи некои луѓе видоа можност за профит и нов бизнис.
„Од денес, набљудувањето китови од брегот е 250 долари“, гласеше коментар што насмеа многумина. „Ќе поставам сепаре за 300 евра“, одговори еден корисник.
Се верува дека сликата е од перкаст кит, второто најголемо животно во светот, веднаш по синиот кит. Расте до 26 метри и може да тежи до 70 тони. Препознатлив е по своето издолжено, тенко тело и интересната асиметрична боја: едната страна му е бела, другата темна. Исто така, тој е еден од најбрзите китови, способен да плива со брзина до 40 километри на час.
Овој вид обично живее во длабоките мориња и океани низ целиот свет, а ретко и случајно влегува во Јадранското Море.
Свет
„Јас сум жив и подготвен сум да го жртвувам својот живот“: иранските медиуми објавија дека советникот на Хамнеи го преживеал израелскиот напад

Иранските државни медиуми објавија дека Али Шамкани, врвен советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, сепак е жив. Тие велат дека Шамкани се опоравува во болница од повредите здобиени во израелскиот напад.
Неколку новински агенции, вклучувајќи ги и новинските агенции Фарс и Мехр, објавија соопштение кое му се припишува на Шамкани. „Жив сум и подготвен да го жртвувам својот живот“, наводно рекол Шамкани.
„Денот на победата е близу. Името на Иран ќе свети силно во аналите на историјата како што отсекогаш блескало, а насмевките на мачениците ќе ја одразуваат нашата иднина“, додал тој.
Иранските медиуми минатата недела објавија дека Шамкани е убиен во првиот бран израелски воздушни напади. Сепак, се чини дека веднаш бил однесен во болница и дека лекарите успеале да му го спасат животот.
Шамкани беше највисок функционер за национална безбедност на Иран во изминатата деценија и го претставуваше Иран во разговорите за зближување со Саудиска Арабија, посредувани од Кина.
Свет
Иран: Нема да преговараме додека Израел напаѓа

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Техеран нема да води никакви разговори со САД сè додека продолжува израелската агресија против Иран.
„САД се партнер во злосторството на Израел против Иран. Нема простор за преговори со нас сè додека не престанат израелските напади“, изјави Аракчи за иранската државна телевизија, објави „Ројтерс“.